Хаха извини не прочитав дека се однесувало на тие со клексани, мислев општо прашуваш тие што сме таа недела како тебе
Се враќам од преглед, бебе е 2510 кг, глава и меше само една недела назад, сосема нормално. Напредува супер, постелка ок, се е во ред. Закажан царски во 38 полна. Значо 38 плус 2. И сега проблемот е што баш докторот мој оди на одмор, па ќе ме пораѓа друг. Ми вели без грижа, не се плаши сите работеме исто. Инаку, ги фалат сите доктори овде. Прашав за порано, една недела, не можело. Ми зедоа крв, ми закажаа кај анестезиолог и ако не ми пукне водењакот, ќе си чекам две недели. Докторот одреди дата, убава дата И тоа лавче ќе е.
Супер Јуле, ете за 2 недели, плус ќе качи бар 200 гр. Манекенка ќе родиш Купи си 50ки бодиња, другите ќе и се големки мислам, ова од искуство Твојава бременост многу брзо ми помина, ко вчера да пиша дека си бремена
Јас од денес почнувам 2х1 на ден ж, зашто ништо не ми помогна за анемијата. Одбрав навистина добри суплемемти, плус мед со семе од коприва, плус цедени сокови со 300 чуда внатре и џабееее... Дабетер крвната слика после месец дена... Од денес 2 Тотхеми во наредни 10 дена, зашто сум веќе при крај.
И мене ми летна оваа бременост, стасав за пораѓај. Зедов 56 мислам, или 52 беше, не ми текнува, 62 купуваат моиве, а јас си знам дека бебе ќе биде како брат и. Не сум во Мк.
Јас имав 56ки земено, мојата пливаше во нив. Ама тогаш не знаев дека има и помали. Па во ваикики пратив маж штом стигнавме дома, да земе 50ки, не можев да ја гледам, само алишта, бебе никаде немаше,дури и чорапчиња малечки едвааај најдов.
Да, но има разлика меѓу турски и европски броеви, да знаеш. Ова особено внимавајте во Мк. Ваикики има поголеми броеви, Брези исто. ХМ, Зара се со еден до два броја помали. Окаиди се со еден број помали од нив пак. За вадење зедов 56 мислам од Окаиди.