Слушнавме срцева акција По циклус 7+3, по мерки бебе 6+6 меѓутоа матичната вика не е за грижа и голем проблем.
Дали и вие се плашите да ставите слика од вас трудни? Може да предизвикам лоша среќа или да не си полнам главата со глупости.....
Ич да ме ти е гајле си имаш своја среќа трудна си и треба да уживаш максимално во тоа Јас чекав до 12та недела после кажав на блиските, па другарките ми правеа gender па објавив, па сега на одмор си се сликав со мешко -ич уживај си оти пвие се моменти на радост опушти се и јас се плашев ама најважна е твојата мисла прави како што ти си мислиш, а ако ти мислиш позитивно се ќе си биде супер ❤️
Така е..ама незнам зашто некако тешко се одлучив да ставам слика..ко да сум љубоморна ,ко никој да некам да ми го гледа мешко
А и друго...никад немаше да верувам дека толку ке ми смета кога луѓе ке ми го чепкаат стомакот...добро не им е незгодно?? Разбирам блиски ,домашни,другарки ама секој бре со кој што два реда муабет сум разменила....
Е тоа не го сакав ич. Кога почна да се осеќа ептен мрдањето, само една другарка ( ме праша дали може ) ми стави рака на стомак. На другите инстиктивно им се мрдав настрана некако, се тргав понаназад и слично.
Ве читам ама мене не ми ја есапат некако крвната слика барем така се осеќам. Колку ви е железото и хемоглобинот? Мене железото ми е ок 16,5, хемоглобинот 11.2 а долна граница е 11,5 и хематокеит ми е 31,7 а долна граница е 35,0. На своја рака си земам упати и си правам крвна слика секој месец ама пак ќе речам некако не ми ја есапат многу
@The_Doctor фала ти на брз одговор Веќе аман да ти кажам од се ми е преку глава и испитувања и консултации и различни мислења уф...едвај чекам да се породам
Ма онаа мојана кај што одев за се што е надвор од граници вика нормално е Следнава недела сум кај докторов во систина има да го бомбардирам ко 9 месец бремена кога треба се да ми е рамно
Не ти ја есапат зошто железото ти е супер. Лошо е кога и железото е под граница у исто време. Крвта било нормално да е малку намалена. Јас железо имам над граница, 34 ми е. Хемоглобинот малку намален. Кога прашав, со докторски зборови ми рекоа дека во бременост има физиолошка хемодилуција со задршка на вода во крвта и дека е очекувано. Битно е дека имам железо.
Јас па многу чуден сој сум. Сакам да ме допираат за стомак, дури јас сум таа што напнува, особено кога клоца. Добро, не секој од улица да се разбереме А за сликање, си се сликам сама, не објавувам на социјални мрежи. За спомен да имам кога сум била топка и да покажам на бебуш каква била мама кога била бремена.
Скроз те разбирам. Јас исто како и @GoldenFrida во првата бременост чекав доста долго, негде до 14та недела и повеќе може, па кажав на блиски. Знам како се осеќаш, исто ми е, така шо ако не ти се објавува слики, немој. И мене некој мини анкс ме мава. Железото ми е 21, хемоглобин 122, а тие ситнуриите од хемоглобинот мцхц жмц ми се ок, едино хематокритот ми е намален, ко и секогаш. Шо е хематокрит?
Мојата сага со пасошот не можеше да помине лесно. Ми јавија дека е готов пасошот нели и јас се упатив натака да си го земам, не одма рано рано ами кај 1 бев таму, Нема! Како бе нема? Дојди понеделник не е распореден. Како да дојдам понеделник идам на одмор утре? Не знам што да ти кажам, нема. Аман заман ве молам, трудна сум ( се трудам да не го користам секаде фактот дека сум трудна ама во ваква ситуација... ), утре треба да патувам, зар да уништам одмор на цела фамилија заради мојот пасош... не се замара госпожата. Можат вода да ми носат на љубезноста во мојата институција, не ги бива за ништо, не љубезни, не културни, без обзир, без човечност... Се јавив на една колешка, ајде активирав врски иако стварно не сакам така и за 10мин ми го дадоа. Битно искркав стрес. Ми вика човекот што се најде од мајка роден, вика какви врски ти се овие, пасошот по редовна постапка и рок ти е излезен, што си трошела муабет, што си правела обврски да враќаш сега. Замислете пасош сработен на 30ти, ми го даваат денес со молби колби. Срамота!