Женички, матичната ме прати директ на Гак, тука ме задржа. 35+, сега веќе скроз пукнат водењак, бил високо пукнат, немам јаки болки, цервикс 5мм, фанелинг и отворена прст и пол. Ми отворија историја на патолошкa, лежам и чекам.
Ели те мислев Ќе биде добро. Ќе те прашам ко глупава. Има бебуш доволно плодова вода? Леле јас да бев на твое место немаше ни на крај памет да ми текне дека е водењакот пукнат
Ти брзаш пред мене. Ајде штом си таму, не се плаши, ќе бидеш во ред. Тебе ли ти беше спуштен стомакот плус?
Помислив на тоа да не е високо пукнат па полека да истекува... Ајде без гајле, 35та недела си, плодот си е доволно голем. Ќе те држат уште некој ден и ќе те породат. Со лесно!!!
Фала мешиња. Искрено ко ме гледаа мислам имаше вода, ама тече, така да незнам сеа. Ќе ме следеле како напредувам, прво природно дали се отварам, па провокации, па на крај царски.
Мене искрено ми олекна кога видов бебе дека е 2500 кг. Утре влегувам во 9, 36 недела ја почнувам. Меше спуштено скроз, јас не знам дали ќе дочекам термин, ама искрено веќе сум во некоја безбедна зона и штом стасав до овде, сега слободно може да се пораѓам. Крвна слика направена, разговор со анезтезиологот може и еден час пред царски. Две недели буквално бев под стрес и се нервирав за бебе, се спремав, и еве испадна добро. Тоа е мами, штом истеравме до 36, нема место за паника. @Eli23 ич да не се паничеш, стварно, бебе има супер тежина плус. И другите кои влегуваме во 9 ти. Маж си го изеде овие 2 недели, ме истрпи нервозна. Паниката е лоша работа. Ајде наскоро сите ќе се гушкаме со бебушките.
Цел ден го гледам стомакот 34+ сум значи ми изгледа ко спуштен не знам дали е или се трипам, страшни болови кога се движам ко да ме клоца меѓу нозе, да е живо и здраво. Мора да мислиме позитивно кога сакаат тогаш наше е да ги сакаме и чуваме ❤️
Мене ми е многу убава за спиење,позади на половина си го ја подглавувам ,напред меѓу нозе ја ставам и подмешето,се местам на лево и така спијам,сега почнав плус тенка перница плус да ставам под главата дека ми се сплеска.само додека беше понадуена ми беше поудобна,се мислам да ја пикнам цела во машина за перење па за сушење ама страв ми е да не ја расипам,дали некој има перено цела перница така? Обичните перници ги перам од Дормео и ги сушам во машина,гајле немаат.