Со лесно мила. Го гледав списокот со термини, што сме правеле во ноември бе мешиња па август да е така исполнет?
Ми се јаде и благо, особено еурокрем во палачинка или вафла. Само и онака не сум многу по благото, па брзо се заситувам. Инаку апетитов едвај шо го имам ми работи на основа на мирис. Нешто ако ми мириса убавко, ми се пријадува, ако не го искористам моментот, заминала желбата ко воз Нејќам мирис на манџишта иу иу, ко во менза. И пивце земам по некоја голтка
Ајде, ја на одмор, вие мекици ќе спремате. Спакувана, само книги ми останаа да земам, сега и нив ќе ги земам, пошто сончање ќе нема, на сонце не смеам, мора да се занимавам. Како летечки се спакував, за 2ч. После голготата во МТВ стигнав и торта на комшиката да и направам, и да направам сендвичи, да спакувам, да средам се, е генералката остана, тоа не стигнавме пошто ни дојде баба на детално појаснување што кај се наоѓа за кога нема да сме тука. Еве сега маж чисти купатило, јас куцкам па да се бањаме сите со ред и куферишка. Женски убави, со лесно и без нервози, ќе се породите за некое време и ќе се олесните, дождов за арно бил. Гушкам!
Која недела си? А бе пивце не е страшно голтка две, ваљда. Дан ме искараат сега шо ширам вакви алко информации
Сосема нормално. Ги имав до 12та недела. Гинекологот ми кажа дека се е нормално, додека болките не се многу јаки проследени со крварење. Ми се подсмирија еден период и еве од 17та недела сум со некое чудно чувство во стомакот. Сега сум 19та. На прегледот се беше ок. Сега ја чекам 22ра недела за скрининг.