Сите се пораѓаат, ние ќе си дремеме. Заспав едно време па ме фати мисла да не му се случи на бебето нешто додека спијам и еве ме, дежурна.
Јас сега скоро на цтг бев ама успано е џабе јадев благо и пиев кока кола. Само во вц ми се оди многу едвај цтг го издржав.
@Eli23 @shz еве не и нас дежурни со вас Не ве оставаме сами никако Ако ништо друго барем за друштво се наоѓа се по некој
Првиот ден од одморот со тандерстормс и дождови. Си викам а да појдам ја до кај мајка по пат, да истераме еден доручек, некој саат да утепаме, што ќе праиме цел ден затворени дома у стан у Грчка. Секако ни е успат. На мисла сум голема Ако ме нема коа ќе родат лепотициве тргнете некоја мекица и за мене Држте се женски!
Имав договорено царски во Чаир, но ништо од тоа ( да не навлегувам во темата) сеа останува да си чекам термин. Прегледи правам таму во последните 3месеци. Е, сеа моето прашање е, дека сум од друг град се надевам ќе ме примаат кога ќе ме фатат болки и отидам таму во било кое време?
Мешиња, докторка на Гак, повозрасна, не многу висока, црна коса со рамења, широчка градба но не дебелка, намрштена, дали ја знаете која е? Ај можда ќе фатам врски. Иначе ме гледаа пак вагинално, ракавица до лакт, грло скроз сакрамелизирано, цервикс 2 см сеа, значи бебе иде нагоре, 1 прст отворена. Ми рекоа 6 часа да не јадам и пијам, нз дали за царски или за провокација.
Сите бабини деветини укажуваа на тоа дека ќе е женско на крај машко. Единствено во што верувам дека има врска и е научно докажано е датата на зачнување, дали било пред или после овулација. Женските сперматозоиди се побавни но повеќе траат, па ако сексот бул два дена пред овулација поголеми се шансите за женско. Машките сперматозоиди се побрзи, па ако сексот бил на ден на овулација или одма после овулација поголеми се шансите за машко.Но и тоа не е 100% сигурно, природа е тоа. Ова првото непланирано ми беше ама за второ има сите финти и враџби да ги направам за да биде женско.
По ова што го кажуваш мене ми личи на царски ко да те спремаат. Обично за анестезија не даваат ни вода ни јадење Со лесно мајка само, се ќе биде добро
Мене сега ми пуштија провокација болки на 10мин ми доаѓаат. Претходно имав минимални болки, овие се посилни.
Очи отварам и право во труднички да видам @Eli23 и @shz дали се породиле Ели штом ти рекле да не јадеш ,мислам за царски те спремаат Ајде ќе се олесниш наскоро @shz штом почнале болки, ќе биде за брзо