Бев на контрола во Четврток,бебе поназад за една недела е,29+2 бев а одговара на 28,ддимери во ред,клексани примам,стомачето му е помало доста.Ми спомна може да е од анемичност,хб ми е 100.Ми даде некои капсули сидерал форте,поскапи се околу 1000 ден се 20 ама демек биле многу ефикасни,ги почнав од вчера,желудник не ме болеше како од тотхемата.Се надевам дека е до тоа,ама немам мир.И длабо јадам дали може оф тоа бебе подлабо да расне,повеќе сум на овошје и салата,месо не јадам,риба ич,јајца ретко,млеко скоро ич,леб исто,ми сметаат и немам баш апетит.
Не знам искрено веќе што да мислам на оваа тема, моето од 28ма некаде почна да изостанува за две недели и таа разлика ја има уште сеа сум 38+. Се пробавме, клексани, железо, протеинска храна… и ништо, бебчето пропорционално си е помало за 2 недели, протоци екстра, значи коментарите после секоја контрола на три различни доктори им се, не знаеме нешто се има случено околу 28ма недела, вака ехото и се што можеме да видеме за бебето е супер. Кај мене исто спомнаа дека може да е причинител и притисокот кој не го нимосетов дека ми е 160-180 некаде, значи сум го носела некој период и ми дадоа терапија, па посумјаа дека може такво нешто ми се има случено и тогаш. Битно е да си расте да не се зголемува заостанувањето. Ќе биде се во ред.
Јас само да кажам за сидералот, минатата бременост ги пиев, ич не ми помогнаа. Може од почеток до кај 7ми месец ги пиев. И џабе, ниско железото, слаба крвта ми беше. После од 7ми до 9ти пиев Ферсан форте, одма ми се опраи крвта.
Сега читав дека тоа го водат како SGA, обично настанува околу 28 недела каде бебињата почнуваат да каснат соазвој,посебно во стомачето заради лоша плацента.Сега си го враќам филмот од лани,јас се породив во 29 недела а бебе одговараше на 27, стомачето му беше доста помало, ми рекоа дека плацентата ми била катастрофа целата како стара и скината, тоа ми го рече докторката што ме породи,па сега се секирам дали е можно истото пак да ми се случи, квалитетот на плацента неможатда го видат на ехо,протоци имам уредни,ама што ако таа не чини.Многу се плашам, а веќе незнам што да направам и каде да одам,кај сто доктори бев, ке полудам веќе
Жени 30 недела сум, синоќа осетив тапа болка во десниот препон доле ниско десно, 85/90 % од денот јас одмарам, можно ли е од растење, ептен се загрижив ме држеше така скоро два саати и после сум заспала. Сега денес како згазена сум, тешка се осеќам многу и нозете како да не ме држат и препоните. Пон сум на контрола ама ќе збудалам до тогаш, плус и од последната контрола што ми рекоа големо дека е има ризик за предвремено. Почнаа тие стврднувања да ги приметувам на стомак по две секунди и ги нема после, безболни ама чести се штознам.
Со синко така на крај измерија, докторот ми рече протеинска храна и урми се сеќавам , свежи, само внимавај со урмите. Имаш ли проверено хемостаза, дали примаш клексани? Не мора да значи дека е тоа што си мислиш
@Eli23 царски не даваат да јадеш знам. Еве ти кажале. Инаку кај мене во првото, знам покрај кичмата, друга индикација беше највероватно ова, докторот кажа никако не можеше да се отвориш повеќе од 2 см, и секако мораше царски. Ме читавте дека и кај мене каснеше и со 3 недели дури бебка, еве сега само една недела е назад, а цела бременост е така, ваљда подоцна е зачната. И си напредна. А јас овие две недели речиси и не јадев од стрес. Плус цела бременост сум со ниско железо, под терапии за железо, витамин д, калиум. И целијакија која значи намалена апсорпција. Така да, едноставно не е до вас и вашата исхрана, генетски е. Ама знам колку е нервозно.
Моето беше со помало стомаче за 9 дена, а сега си е во ред. Зголемив на протеини многу, значи месо или јајца секој оброк, со секоја ужина со овошје земај и јаткасти плодови, јади леќа повеќе, грчки јогурт со овесни снегулки и трици...
Ај и јас да си ги кажам маките па може ќе ми ги разрешите дилемите. Ми отече десната нога, долу кај глуждот случајно приметив дека едната папуча ме стега. Измерив притисок нормален е, не сум многу поправена, деновиве нешто посебно не јадев солено, од што друго би можело да биде? Инаку сум 32 недела
Истото ми се случува и мене, само едната нога ми отекува повеќе, од повеќе седење/стоење а кога ќе легнам да одморам ми се повлекува.