Ајде ќе пробам да се испружам малку па да видам дали ќе се повлече. Ме фати малку паника, со првото немав воопшто отоци и чудно ми падна дека само едната
Ние знам тука сме со неделите, минатиот викенд јас бев иста како тебе со тапа болка во препони и почести стврднувања на стомак. Неделава бев на две контроли, се е во ред. Цервикс е со супер должина со оглед на цела моја историја, плацента и бебе во ред, поставеност на бебе исто. Ми кажаа нормално било повремено да осеќам некои тапи болки во овие недели. За стврднувањата прашував уште од минатиот пат, ми кажаа да комбинирам магнезиум и но спа. На оваа контрола дека кажав дека почесто ги осеќам на периоди, докторот ми кажа дека може плус една доза утрогестан да ставам во тие моменти. Ова чисто ти кажувам дека не си сама така што се осеќаш во тие недели, што и како да примаш во вакви моменти ќе си се консултираш со гинекологот секако Еве го кај е понеделник, ако во меѓувреме ти е ептен шубе контактирај доктор за консултација сепак
Јас излегов да си купувам, влегов во еден бутик во чаршија во Бт, си решив да си купувам исто вака како тебе и од болница дефинитивно да си ги земам по кратки зошто се купивме а тие фамозни алишта за земање од болница уште не се купени. И влегов таму и така му викам дај бодиња на кратки за новороденчиња и поголемки со долги. И еден онака стилизиван постар маж, како на Версаче советник и уредник на главно модно списание во Њујорк ми вика прва ти е а. Да викам. Слушај девојко. Јас со оваа работа работам 20 години. Тука поминале мајки и мајки и мајки, ти само мислиш дека знаеш што треба да носат, ама всушност гарант си збунета. И строг онаков малце страшен. И вади вади алишта на таа масата и таман да допрам да видам нешто ми трга од рака. Седи сега јас ќе ти објаснувам за се, не се сите ко за тебе. Божем јас ќе ги носам. И ме праша а пол? Машко и женско. Абе зооооошто девојко не кажуваш баш тоа.. И ново наново ги собра претходните извади други купови. И фрла позади него де на другата маса, де на другата. Ова за батко, ова за дадата, јас а одам да допрам нешто, само ќе ме изгледаше под очи и се тргав, ама интересно ми беше и си седев. И тоа долго време му седев таму Конечно ајде ги среди тие што биле за мене, одам јас да разгледувам, ама не му дава душата да не коментира за секое едно боди. Викам ова не, не ми е убаво. Добро ти кажуваш, ама ај да го ставиме на страна а.. И најдов две интересни боди слични и ги држам и ми зеде онака на сила и вика аааа мајка ај не заебавај не сме ние теткици сега па ќе ги облекуваме исто, па и различен пар. Едното беше плаво другото розево ама ајде хахх. И само нови нови алишта не знам од кај ги извади. И само оние мене што ми беа грди ми ги даваше, некои црвени бубамари преовладуваа, некои недефинирани животинчиња облечени во алишта од некои други животинчиња. Не грди ми се сега што да правам. И во себе си викам човекот колкава страст покажа, колку се израстури, срам ми е да излезам сега без ни едно да купам. И фатив едно онака ок машко комплетче некое мало и викам ај ова ќе го земам помина еден куп време морам да одам па ќе се вратам раат да земам уште. А раат повеќе од ова сега што дремев... И искрено ни се намурти, ни се налути, ми го зеде тоа од рака ми вели ајде не ги дели кога ќе дојдеш ќе си земеш за двете и не мора сега, имам јас алишта до 10 години. Фала на љубезноста, фала ти тебе, не тебе, се изнаљубивме на врата и така задоволно си излегов од кај него, па после влегов во друго бутиче, за нецели 5 мин се врткав се кошкав меѓу еден куп луѓе, зедов нешто колку да не си одам без ништо и заминав. И пак ги немам алиштата за болница. И цела куќа пост небитен ти изнапишав хахха.
Мене затоа не ми се пазари по малите маалски продавнички, ќе ти изнавадат се и сешто и на крај ме фаќа незгодно и од срам ќе земам нешто ради реда. Па и една фаца што прават продавачките ако не земеш ништо. Затоа по моловите ми е мерак да купувам, никој не ми стои на глава едно по едно си разгледувам си барам бројчиња
@AugusTina! Како го опиша, морам да го најдам ме изнасмеа, ептен посветен на работата мажот И јас немам за излегување уште, морам овие дена дури е поладно да прошетам, да побарам нешто
Фала ти женска ме опушти. Баш за но спа ќе прашам одамна ги немам пиено дека по потреба ми ги дадоа после вториот скрининг и сега незнам дали смее уште да се зимат, ама може значи, ќе ја прашам и Котларова Понеделник баш. Знам дека тежи сега беба повеќе ама оди опрај го мозокот, многу ми се собрани еден куп стравови и лошо ептен. Иначе еден утрогестан ставам навечер, а насабајле пиам. А магнезиум писм 3 х 250 мг се мислам дека е доволно. ❤️
Ја гледаат плацентата, не се секирај. Како дамки, сенки е... И кажуваат ако не е во ред. Пробај исхрана да подобриш, и да не ти се јаде со сила, и јас претходно у 16 по ручек доручкував па сега до 11 јадам, мораш, земај витамини, зеленчук многу овошје, клексани рече примаш, чести контроли и консултации со гинеколози, мери притисок и тоа, друго не ми текнува...
Види Зара, имаат попуст уште и скоро од сите има за новороденче... Има и неутрални бои ако несакаш розево/плаво. Јас бев пред некое време си изнакупив... За бебиња има па и не толку ама за деца над 2-3 год кој имате обавезно ѕирнете, има многу убави работи...
Знам, иста сум. Цела бременост сум во грч. А доктори ми кажуваат дека веќе треба да се опуштам, ама некако не идело лесно тоа
Кај мене стомачната мерка секогаш е добра, односно баш пропорционално е тој заостанат раст од две недели, баш рече докторот дека тоа е добро и многу важно таа мерка фополнително да не изостанува.
Ви пишував за цуцли и шишенца пред неколку дена, ме фати мерак . Изначитав се и сешто и се одлучив за Филипс Авент, купив шишенце едно малечко 120 мл стаклено, сега дилемата ми е кога ке го превртам наполнето со вода тече по некоја капка, мислам прочитав не треба да тече воопшто.. Ова искусните веќе мајки да ми дадат совет. Исто и за цуце од истата марка сакам да земам philips avent soothie- сега гледам има некои интересни со држачи, слонче, жирафа, дали кај нас ги има некаде или обични само без држач?
Нормално е да капе така Филипс Авентот, по некој капка споро. И моето капеше така. Инаку за цуцли супер е медицинската од Авент. За цуцли со прикачени мечиња, зајчиња не ти препорачувам од безбедносен аспект. Цуцлата при спиење има функција за превенција од SIDS, но ако има закачено нешто со тежина на неа не е безбедно.
Моето последните недели го водеа како SGA, и моето каснеше со стомачето две недели барем според Димчев, после бев и кај Котлатова таа па си го измери нормално, ама ми дадоа и двајцата клексани превентивно…јас имав и друг проблем имав намалена плодова вода од 21ва недела и секоја недела бев кај различен доктор, никој не ми рече дека е SGA се дури на болница кај што се пораѓав не ми го спомнаа овој термин а после ми го пишеше и во отпусното писмо…Почнав на цтг од 32ра недела, исто како тебе имав многу рано калцификати на постелка, цела ми беше со дупки, иако протоците беа супер, д димерите супер, времињата малку намалени, јадев нормално а бебето малку качуваше…и само чекавме да помине една недела па друга недела па трета да накачи килажа, ама не одеше нешто сјајно, последно го мереа 2600 во 37+2, а се роди 2800 во 37+6…покриена си со клексани, гледај појачај исхрана, јас јадев нормално па пак не растеше, железото ми пукаше ама хемохлобинот цела бременост ми беше 110 макс и така терав до крај…биди силна и издржи уште малку, се ќе биде во ред, тоа мое глувче сега има 12.5 кг и година и пол и ела сопри го…се ќе биде во ред
Има ако ја стават како што треба, мене со првото ми ставаше специјализант анестезија и докторката баш му рече, да си ставил како треба а не ви вриштат родилките бетер него на пораѓај!....така знам дека ако добро стават нема да боли!