Да сигурно ми е од тоа, па чисто како искуство пишав и др членки што имаат мака да си појачаат на јајца доколку ги можат секоа вечер како мене
Луѓе... Од почеток се фарбам со истата фарба како и секогаш ,не гледав дали има амонијак или не....пола коса ми е бели влакна па морав. Е сега ја прашав матичната за вадење прамени и она рече може ама без амонијак...и ја одма помислив на минатите месеци кога се фарбав со амонијак фарби.....некој да се фарбал вака ? Можно е да сум напраила штета?
Јас се фарбам од 4ти месец наваму секој месец со професионална фарба(има амонијак). Не знам дали е штетно има многу поделени мислења околу тоа. Ма да логички, не би требало.
@Misskirova прамени да извадиш без да допира корен бланшот по логика е помалку штетно од коренот со фарба ко ќе се мачка. Носи маска само од испарувањето. Не е страшно што си се фарбала, многу трудници ја фарбаат косата. Јас се фарбам некогаш само надолу без корен, за сјајот, после пораѓај ќе правам прамени и јас, сега не можам толку саати да седам на фризер.
Веќе 2 дена многу нежно ми мрда бебето, едвај го осеќам, дури ми се случува да приметам дека стомакот ми мрда а не осеќам ништо. Еве баш сега си го гледам,приметувам движење низ стомак а не го осеќам.
Кога се поместува е така. Прави поблаги движења и само како бранчиња. Оние силните отсечни удари се поретки. Вчера ја прашав матичната за ова , ми рече со каква фарба сакам , со таква да се фарбам. Е сега јас сум 34та веќе, па може затоа.