Честитки нека е жива и здрава кукличката тебе брзо оправување па те чекаме во породилни и во под форумот бебе
Незнам златна. . Ја сум скоро цела бела и морам да се фарбам ,оние без амонијак не ме покриваат. Фризерката ми вика сум имала милион трудници сите се океј башка тие проценти во фарбите на амонијак биле многу мали за да штетат. Тоа е ,да можев може немаше да се фарбам ама немам избор..сигурно нема бела да одам
Како сте мешковци? Некоја нервоза и досада ме фаќа денес, од нигде никаде. Хормони. Па мора да има некоја жртва, на некого да се истурам. Кој ако не маж. Aма со овој мојов не можеш ни да се искараш, одма се повлекува во база.
И јас истата потполно. Многу сум нафурана не знам од каде. Некако внатрешно ме нервира нешто, морам да се издерам да ми попушти. И ко досадно ми е, ништо не ми се прави. Не знам што со себе.
Јас сум таква од прв ден на бременоста, отидов со нервите скроз,со маж ми само се карам,нормална комуникација немам, само со син ми имам трпение,којзнае дали ке си го вратиме семејството во нормала,вака не чини.Мн лесно се нервирам,избувнувам,па ми се плаче, и цело време се секирам за нешто,секој божји ден,се надевам дека кога ке се породам ке се вратам во нормала.
Во 12та недела заедно со првиот скрининг ќе ти речат да направиш. Јас не правев приска, правев нифти.
Ама ако ви смета се (а ви смета знам и мене ми смета), не е мажот крив. Немојте да се истурате врз мажите за се и сешто затоа што не е во ред. Бременоста трае 9 месеци и ќе заврши, мажот е за секогаш