Да ти кажам уба идеја. Ама другпат здравје. Да ми се поправи mood-ов зш ни оган ни вода сум, нит вино нит киселина хахахха, самата не се поднесувам. А најмногу се нервирам со хранава, толку не ми се погодува што не знам дали до бременоста или до мене е до психа. Се прашувам а мори стварно ли ти е мачно или се преправаш, ама не и не. Мачно ми е дека само ждригам имам гасови и немам салам апетит, а црева свират. @macalavica шо да речам утешително освен издржи да помине и малце и маж олабај го, немој да се караш. Напрај си чај од камилица, диши длабоко, ќе помине. И земај протеини, многу се битни за раст на бебе. Јајце, пилешко, јаткасти, пудинг протеински.
Не. И мажот (треба да) е засекогаш. Без него немаше да постојат децата, а бременоста не смее да биде причина за пореметување на односот со мажот.
Баш сега го прашував маж ми дали сум поарна од претходно. На почетокот уште боксерска вреќа да беше. После плачев зошто го третирам лошо. Ми рече не знае дали сум поарна, ама мозокот си го пуштил на пасење, па не ме ни слуша. Секој со своето.
Абе мојот не дека е до толку лош,и мојата глава не е бистра сега,мн работи ми се собраа,доста и сум нормална,затоа си викам дека е период,ама и тој еве ке дадам глуп пример да објаснам,како крава што дава многу млеко и на крај ке ја клоцне кофата,и тој исто,помага,чисти,чува дете, ама кога ке ме изнервира џабе се,и цело време ме лути.Ете размислува за одмор да го носи син ми,не сум против,не сум љубоморна,ама криво ми е, ме вреѓа помислата дека е во состојба да ме остави сама,јас никогаш не би отишла.Дали не разбираат маживе, не ми е јасно.Три дена трча кај татко му,не му било добро на 70 год ,а тој пие алкохол,па го носел на болница грбот го болел уште ковид да ми донесе,само ги развезува,а мене што не ми е добро секој ден на 34год кој ми е крив,ама јас си трпам.и на крај јас лоша сум.
@macalavica убаво е ако може детето да го однеси на одмор. Јас навистина те разбирам колку ти е тешко, ама седејќи до тебе со детето наместо да го однеси на одмор, тебе апсолутно нема никако да ти помогне. Едноставно се наоѓаш во таква ситуација што секоја тежина и болка мора да ја носиш сама. Велиш дека помага, чисти, готви и чува дете, да можеше пола бременост да ја носи ќе ја носеше ама ете не е физиолошко-биолошки возможно. За татко му имаш право да се лутиш, пиењето алкохол е избор кој штети, а тој избрал да пие па каква му глава, таква му капа, сори нот сори. Не, мажите не нѐ разбираат затоа што не може ни да претпостават каква состојба е бременоста затоа што никогаш нема да искусат такво нешто, но тоа не значи дека не сочуствуваат. Но за жал (не само во твојата ситуација) тие нема како да ни помогнат. Може да ти помогне за да ти направи ручек, но ако тебе те боли половината, колковите, препоните тие секако ќе те болат, нели? Во меѓувреме најди некоја серија на интернет што ќе те расположи или некоја книга за да ги одтргнеш мислите.Лежи си и не земај ја при срце секоја постапка на маж ти. Во последно тромесечие си ќе летне времето дур трепнеш
Ооо на одмор он со дете, а ја сама дома е нешто најдобро Ама те сфаќам, хормониве ни се шуби дуби. Бурно реагирам за нешто и после пола саат се смеам и сама на себе се чудам. Али маживе не знаат веќе, гарантирам.
@Eli23 претпоставувам дека веќе те однеле на царски можеби и те породиле. Се надевам дека сте добри. Пиши ни кога ќе можеш верувам дека тука многу те мислат
Јас не би можела да ги пуштам сами на одмор, ќе скренам од мисла Ем детето може ќе ме бара и ќе се чувствува одвоено/отфрлено некако штознам
Јас ги терав да одат некој ден на одмор и покрај тоа што ќерка ми беше сама со школо. Ама мојов мислеше дека е некој трик, дека го местам и не се нафати
Е добро де со татко ќе биде детето. Зарем не е добро некогаш да поминат време и они заедно па и ние да здивнеме? После цацко ни е крив ко ни се лепенки и никаде неможеме да мрднеме. Еве реков ќерка ми прв пат беше сама годинава и тоа во Грција. Јас умрев од грижи за она ко се врати да ми рече абе ми текнуваше на плажа некогаш да ти се јавам, ама заборавав
Па моето е мало дете за разлика од твоето. И јас не реков дека не треба да помине време ниту дека ми пречи ако е лепенка, туку дека цело време ќе ги мислам они таму а јас километри далеку тука, башка мојот сопруг не е баш умешен во смирување ако син ми тагува по мене или по дома, баш е таков крут и строг итн...
Епа друго е тоа што твојот маж не е умешен, а инаку не може да се осеќа отфрлено детето ако е со родител, колку што е мајката родител толку е и таткото.
Оффд бе Ели, ајде гледај на светлата страна на работите значи не е ризично, ама ќе си поседиш под надзор. Е сеа со јадењево и пиењево може ќе те истенчат уште пред да те породат ама па после секси мама
Ти дала @fana најпрекрасен совет. Како што читав ти го носиш син ти во градинка. Значи сама можеш да функционираш. Една недела сама можеш да се снајдеш за јадење, да чистиш не мораш. Или викни некој да ти помогне. Време кое дете ке го помине на море е непроценливо за здравје, физичко и психичко. Сигурно и син ти разбира дека треба да лежиш, па е тажен. На море ке се дружи со татко му и ке здивне. Браво за маж ти што сака да го води, ретки се тие мажи. И јас сум многу посесивна за син ми ама го пуштам кога сака да оди кај други. Од прв ден сме заедно 24/7. Оди сам и му е забавно со татко му, баби дедовци, тетка ми. Некогаш ми е досадно сама и го барам ај врати се ама детето поминува квалитетно време со други лица. Во врска со татко му не можеш да се лутиш. На ортопедија нема ковид пациенти. Плус покрај шеткање по продавници и одење на работа можеш ковид да фатиш. Татко му е и секое право има да помага.