На кратко тоа сакав да кажам дека ное сме по посесивни по нив него што се они. Тоа се деца и се страшно прилагодливи, а ние како родители и кога ќе се омажат/оженат пак ќе ни фалат како ние што им фалиме на нашите
Абе ја без маж ми можам,ке се снајдам еден месец ако сака нека оди,ниту сум љубоморна ниту некад сум била,да се нормални околности не би се лутела,и јас сум била сама со син ми сама на одмор,ама он беше на работа во странство и не е баш исто,ама без син ми ке се мрднам,он ке го изнесе 2-3 саати јас го мислам,па да не е гладен,па дали е облечен,а на одмор да е без мене ке го премислам,посебно околу јадењето,па и недај боже да настине или да изгори,малечок е,и мн е приврзан за мене. И последна работа е што јас немам нормална бременост,и ме повредува фактот што тоа не се зема во обзир,јас бројам денови да го додржам во стомак ова бебе они на одмор мислат.Јас ке ги пуштам,ке издржам да ги чекам, ама мислам дека нема никад да му простам ако се дрзне стварно да отиде.Јас да е обратно не би мрднала никаде,зашто ова е се само не нормална ситуација.
Да. Еве син ми без мене не може да заспие, повеќе од 4-5 часа да е со други ме бара, ама тие часови додека е без мене е со други што го обожаваат. Го анимираат и среќен е. Тоа ми е најбитно. Ако останат дома ке има ли гаранција дека ке седи подолго во стомак? Ке ти поминат ли болките? Не. Од себични причини сакаш да останат дома. Треба да си среќна за ова дете што го имаш дека ке отиде на одмор. Зошто мислиш дека маж ти не умее да го гледа? Ако отидат детето ке има спомени убави и ке има здравствен бенефит. Ако останат нема. А твојата бременост ке остане иста.
Мислам дека @macalavica не сака маж и' да ја остави сама дома ради тоа што тој и' пружа сигурност. Не дека ќе и ги намали болките, ама знае дека ќе е до неа и ќе и' е достапен за не дај Боже и среде ноќ.
Оф што убаво би ми дошло да земе маж дете и да одат на одмор 5 дена без мене. За мене сигурно ќе биде одмор, за мм и не знам баш. Не знам зошто имаме тенденција да се самоказнуваме со тоа што толку се врзуваме за децата. Ако ги оставиме 5 дена некаде не значи дека не ги сакаме. Оваа година пропуштив шанса да го пуштам мали со моите на море, зошто никогаш не е оставен да преспие сам без мене или татко му (со исклучок пред 3 години кога отседи 2 недели во Охрид, ама тогаш уште беше мал да го сфати концептот за време). Не дека со моите ќе прави проблем, ама сепак не беше време за тест на далечина. Затоа си ветив дека ќе повежбаме тука локално, за догодина да е спремен. И да друг нема да го гледа како што јас сум наумила, ама се сфатив дека моите очекувања се преголеми и се помирив дека сепак и другите му мислат добро колку и јас.
Син ми е приврзан многу за мене, и плус е голем нејадач,го бркам и го молам да јаде,го ранам, а маж ми е полабав,демек ако е гладен ке јаде ако не не мора,коски и кожа бидна како тргна у градинка бидејки и таму не јаде ништо. Кога син ми не би бил тука би била под огромен стрес и би била многу тажна а тоа сигурно ке се одрази и на бременоста така да не држи тоа дека е исто.И трето им предложив да оди мајка ми со нив барем да сум мирна околу јадењето ама не сакат ни мајка ми а ни маж ми,демек да седела мајка ми дома да ми помага.Јас дома ке се снајдам сама не ми е проблем,ама мислам дека се многу денови и дека и син ми ке тагува таму.Он без мене е бубачка,сегде се прилагодува,ама после ми вика морам да сум добар мамо зашто те нема тебе.Јас лани кога бев во болница он седеше дома сам со татко му и ништо не му зафали ама после со месеци плачеше во сон,или ке се разбуди нагло и ме бараше,а јас многу тагував таму по него.Можеби сум посесивна, можеби грешам,незнам, јас не ги одврќам и сега ,дури и на син ми му зборам да оди дека ке му биде забавно,дека брзо ке се вратат,ама со вас споделувам како се чуствувам по тоа прашање,и на маж ми стварно мислам дека нема да му простам ако отиде,зошто јас не би отишла да сум на негово место.
Потполно те разбирам, јас не сум во таква ситуација со ризична бременост но додека сум бремена не можам да замислам да сум без мм, никаде не го пуштам надвор од градот на подолго без мене. Не сум љубоморна туку едноставно во ваква ситуација не сакам да сум без него, а да имаме уште едно дете е дури тогаш не би можела раат да спијам ни без мм ни без детето. Налет се тоа па и хормони се во прашање плус на се тоа и стрес дали за детето дали за бебе во стомак.
Јас многу убаво те разбирам. Знам точно што ти лежи на срце. Пробуваме да ти објасниме каква е другата страна. И да ти олесниме барем малку.
@macalavica па кажи му отворено, не сакам да одите и готово. Да знае дека ми прави толкав стрес и мене и на детето маж ми никогаш не би заминал. Може е себично ама ти помина толку тежок период, и тој ама факт е дека за жената е потешко, и можете да прескокнете една година и наредно лето сите заедно на одмор.
Не гледам себичност од нејзина страна. Во најранливата фаза во животот се наоѓа. И јас не би дала маж ми да оди на одмор, додека јас сум дома. Уште да ми спомне за одмор без мене, не мора ни да се враќа. Цел товар ние го носиме, најмалце што можат да направат е да бидат покрај нас. Ќе се оди на одмор, кога цело семејство ќе биде спремно да оди. Напротив, себично би било некој дома да мора да седи, друг да ужива.
Не знам што ми скокнавте,јас за себе си кажав,за никој друг, за моето дете кажав дека можеби така ќе се почувствува,ниту цитирав некого ниту се обратив некому. И да - колку е едниот толку е другиот родител. Ама мора да признаеме дека не е баш исто,еве со мене е по цели денови додека сопругот е на работа, и да сака не може тоа време да го поминуваат заедно за жал,затоа и не не доживува исто.. во ситација за утеха ме бара мене итн итн... Отидов офф топик Погоре видов @macalavica ,мислата која ќе ја имаш додека се сами таму не ти треба сега,подобро дома да ти е детето и раат истерај го следниот период отколку да си под стрес како они таму си поминуваат.. па бенефитот е голем па што дека, има време и за море и за се, кога ќе се комлетирате раат ќе уживате, вака нема да знаеш дали воопшто ќе биде уживање за некого од вас. Маж ти сам ќе се измалтрерира со мало дете, тебе ќе те премисли, ти ќе си под штрек ем за себе ем за нив ...
Тоа е работата ако му кажам нема шанси да мрдне, он не е толку лош,јас што и да му кажам ке направи,ама и не сакам така,сакам сам да е свесен зарем толку ли не ме познава,се треба да им се нацрта Ако му кажам нема да одат и така само ке ме гризе совест плус.
Добра ви вечер на сите милички, да се пријавам јас дека денес бев на преглед кај матичната сепак морам и кај неа да се појавам, ме погледна и она потврди дека бебето е помало и дека е покасно зачнето рече добро е, во матката е има жолчна кеса и има се што треба да има според големината на плодот ама срцева акција не успеа да види рече рано е но јас сепак се плашам, има ли место за паника? Инаку според циклус сум 6 недели и 3 дена а она како и Маџункова исто ми кажа дека е помало.
Кај Маџункова сум за две недели пак на преглед исто и јас не сакам да се паничам бидејки и на двете мислењата се совпаѓаат, а инаку не и кажав на матичната дека одам на приватно бидејки ме интересираше што ќе ми каже она сама ама јас читав по интернет дека некои веке успеваат да видат срцева акција уште при крај на 5та недела и затоа малце се плашам.
Кажи му. Ни јас не знам да читам луѓе што им треба. Отворено кажи, можеби не е свесен колку ти е потребен.
А јас пак се нервирам за стари работи без врска една пријателка лани се мереше на мојата вага и не знае да застане ми ја тресна 100 пати лево и десно и тогаш ништо не изреагирав ама денес после толку време ми текна од нигде никаде и му кажувам на мм вукамм ллеле сега се нервирам за вагата хахахах тој само ми се смее и вика удариле те хормоните нешто.. а јас ке пукнам од нервоза
Јас бев 5 недела и 5 дена имаше само жолто тело друго ништо а според циклус требаше да сум 6 недела и 2 дена ми закажаа преглед за 2 недели кога отидов веќе имаше срцева реакција до 12 недела некаде ме водеа како помало сега веке си стасав точно според циклусот така да сигурно е се во ред јас сум со инв и кога бев на бев на првиот преглед бев преплашена но докторот ми кажа дека тоа често се случува и дека не ништо страшно