Тебе дојдов да те проверам Живо и здраво нека е И @shz видов се породила. Живи и здрави да сте. Уживајте сега во најубавиот мирис на свет. Живи и здрави ако има уште беблаци. @macalavica Јас те разбирам. Имаш право да си себична и да не те боли патка за тоа. Сега е момент да сте заедно. Да го пречекате бебе заедно, шанси за одмори секогаш ќе има. Маж ми исто требаше да лета за Белград во Мај, уште откако излезе кај ќе се одржува фајнал фор не бев ни трудна тогаш, се договори со друштво, ама сепак на крај не замина. За 3-4 дена се работеше, ќе преживеев и без него, ама и нему не му беше сеедно да ме остави во 8ми месец, во разни болки и плус со тодлер кој си бара доста внимание. Нека си биде покрај тебе овие денови. Многу било, малку останало, ќе шетате допрва сите четворица заедно.
@Eli23 Честитки мама, да сте живи и здрави! Ајде одмарај сега, па после пиши ни како беше првото гушкање
Денеска на точно 7 дена конечно станувам без помош. Фала ти на прашање. Сеуште се движам со болки, ама ми рекоа нормално е за мојата ситуација, матката буквално ми е крпена и плус и стариот рез поминат наново. Е сега прв пат во живот имам вакви ужасни главоболки, ама и тоа ќе помине. Бебе е супер. Убаво напредува и тоа моментално ми е најбитно. Млеко имам многу без никакви дополнителни стимулации, само со бебе на цицка. Ма да и тоа си го зема данокот, брадавиците ми се партали. Ама нек расте бебле се друго се преживува. Ви посакувам лесни пораѓаи и напредни беблаци на сите.