Јас па дека под десна града и си направив филмови тромб да не е дека д димерите ми беа 2100 а до денес се боцкав со клексани, што да кажам хипохондрик страшен се мислам од утре да почнам со јога за трудници, може ќе ми помогне со болкиве
Знам како ти е, нема мир за нас Тоа со јогата ти е одлична одлука, и јас многу сакам ама поради тоа што работам мислам многу ќе ми дојде Ќе издржиме што и да е, само на крај да биде се добро Туку да ве прашам, вторник сум на прво цтг и возбудена и исплашена сум. 28ма недела. Да ме упатите малку што да очекувам и како да читам таму на екранот, знам цртички има. Тапа сум, прва бременост, не ми се смејте
Честиткии на сите нови мами, да сте живи и здрави и вие и бебушите Стварно полека се испраќаме and I’m getting emotional @Anturium јас досега пет пати бев на цтг и уште не го разбирам, сестрата ми рече да не се ни замарам, они знаат и ќе кажат дали е добро или не Туку втора вечер по ред (само навечер) ме фаќа дијареа, а сабајле и вечерва имав и мачнини, првпат вака да ми се случува. Прочитав дека тоа било предвесник дека се ближи пораѓајот, дали е стварно така или да не се потресувам за џабе? Ви се има случено? 37+4 сум
Јас имав дијареа со денови од средина 35 та до почеток 37 ма, ми рекоа да намалам овошје и да зголемам протеин + пробиотик и јаглен, сега ми се среди ☺️ (37+3)
Има потреба толку рано ЦТГ или по протокол? Овде кај нас да не кажам пред пораѓај почнуваат со цтг. Тука сме со неделите затоа ме интересира
Јас како потечна столица имам од 33та недела. И истото се плашев, да не почнува породувањето... Ама еве 36+5 уште абер неам а столицата си е таква... Можно е од хормони да е, па доколку примаш и нешто плус како утрогестан и слично.
Не не тука е така. Во Швајцарија сум и на првиот преглед со бабицата имаш и цтг. Таму каде што си одбрала да се порагаш. Као подобро да се запознаеш со просторијата, за после да бидеш поопуштена
Девојки ај ве молам за помош и мислења. Имено, со мм у последно време Т.е откако сум трудна нонстоп се караме. Јас сакам се да е чисто и средено он многу не се замара. Многу се нервирам зашто е неспретен и еден куп работи дома искрши од невнимателност. Само се купува ново ,а она што го имаме не се пази и не се одржува, се изморив стварно . Кога ке му преречам, одма се брани со тоа дека он работи две работи и не е одморен и прибран . Од тоа што од он работи две работи и не е дома ,дома се е оставено на мене а јас некогаш сум толку уморна а и да не сум едноставно има работи што не можам сама да ги средувам ,високо ми е треба да се качам итн. На него му е нормално на пример јас да седам на стол а он да седи оптегнат на гарнитура, па и уште вика е што има врска. не може никако да свати дека климата пуштена на максимум ми смета и дека морам да се пазам да не настинампа се се расправаме за тоа.. Стварно многу работи иде на две места , неам збор ,ама овие работи мн ме нервираат . Се осекам како да сум сама . Он иде на две работи и толку. Само тоа му е битно.и Само тоа му е изговор. Незнам дали јас претерувам или он. Едноставно, барам малку повеке да се внимава на работите во куката . Не може ништо да не се цени и да се крши и да не ни е гајле.. На моменти мислам дека претерувам и дека сум кучка неподнослива а на моменти стварно сметам дека сум во право
Мешиња, може малку е глупо за ова да прашам, зш нели се подразбира, ама не знам како изгледаат дали се тоа тоа мачнини. Значи од утрово кога станав ми кркореше стомак и ми се јадеше као. Малку каснав, па како да се подув, ко да ми дојде премногу, ко на лошење. Прекинав. Сега она чувство ко за ждригање, ама не иде. А немам до толку нагон да повратам. Вака изгледа мачнина, од бременоста е или скраја некој друг проблем? Сеа ем гладна бев ем наеднаш се подув.
Ич не претеруваш, да го подбереш. Дај му да носи лубеница 24 сата ќе плаче како мало бебе! Само со убаво се тешаваат пвие работи, без стрес и нерворање раскажи му како се осеќаш. Со климата проблемот го имав јас, и настинав, и пиев антибиотици и му направив филм за последиците пола излажав пола точно кажав знаеш како се смени, сега ако треба и у подрум ќе спие. Вчера се каравме за одење на викендица патот е крш до таму 34та сум му велам не можам, се заинати ама пак му објаснив што може да се деси ако сега се породам и колку ќе кошта и се вразуми мислам дека не се свесни низ што минуваме. Само кажи му се што мислиш. И кажи му ги последиците - он и да сака да е сам заедно сте во ова, негово е детето.
Стварно не се свесни. Ми вика добро зашто се смени вака..викам човече носам дете ...живот у стомак ....се грижам за него и го пазам...е добро ми вика а за мене кој да се грижи . Ке полудев...алооо тоа е беспомошнп морам јас да го пазам а ти можеш и сам
Јас во прво тромесечие па и еден месец од второ бев вака, насабајле не толку ама кога ручав ем ми се јадеше ем не можев многу да јадам. Од кога ќе ручав особено месо кога јадев било какво имав таква мачнина и како подуеност, не повраќав ама ми беше многу мачно. Ми помагаше спрајт ама така голтка по голта. Не би требало да е друг проблем не се секирај, бременоста е таква