Женички, идни мамички и мамички здраво. Конечно по 11 год. се префрлувам на темава по претходна борба за бебе. Во моментов сме 24 +2 и бебушо си се развива со 4 5 денови плус, но прашањето ми е дали некоја од вас се има соочено со калцификати на постелка. Кога бевме на контрола матичната (со несигурност) ми посочи дека гледала некои точкички како калцификати, а исто ме праша и дали примам клексани (од почеток па до сега немам прекинато бидејќи сум со мутации - хетерозигот) и после тоа ништо не ми рече, малку ме загрижи па затоа прашувам и тука мисчења ваши. На 20 одиме и на приватно па ќе видиме и таму што ќе кажат. ме загрижуваат калцификативе
Нели сме од 36та во девети? Кога последен пат јадеше пред да проверуваш? Не треба ни да ти помине премногу време од последен оброк. Пример јас секогаш јадам накај 10 навечер и сабајле си е во нормални граници.
Некој начин да се стимулира омекнување на грло постои ли хаха? Пешачам, ми исклучија и магнезиум, грло нема абер за промени.
да, ми беше покачен и не ми се симнуваше после вториот час, па ми рекоа да внимавам и да видиме на наредна контрола која беше денес
оброк имав последно во 16, потоа каснав малку сончоглед, кашкавал, краставица, вода, тоа беше се'до денес до 9 часот, не знам значи отфрлив газирано, благо ептен малку, вода на сила пијам премногу... се разочарав ептен
Дечки, веќе трет ден лежам, 25+4 недела сум, близначка бременост. Бебињата фала Богу се добри, но докторката на последниот преглед виде скратен цервикс 1.8/1.9 цм, не смеело да падне под 1.5. И реков за церклаж, ми вика засега нема потреба. Ми рече мирување, ми даде утрогестан насабајле и навечер плус магнезиумот што си го пиев. По две недели на контрола. Е, сега, ќе шизнам овие две недели. Дали се соочила некоја со слично искуство, и дали има шанси да се подобри ситуацијата по мирувањето? На што да се сведе мирувањево? Јас сега само за да тоалет станувам, и ептен кога е мм на работа да си поземам нешто од кујна за јадење (не да готвам, туку нешто леб со нешто и си јадам во кревет). А вака лесно се чувствувам, досега ни стомак ми тежеше ни ништо...
Подобро оди на 2 мислење и стави серклаж одма, со близначка бременост ризикот ти е голем, како расне мешето притиска, за час може да се скрати и искомплицира.
Јас до вчера се борев со болно грло: Пијам пантенол https://viafarm.mk/pantenol-грло Ракија и црн пипер на грло преку ноќ Растопен шеќер со млеко и малку путер како чај шмукам витамин ц (не го пијам директ) не знам што помогна најмногу
@Freckles. Јас веќе незнам ни кога сме во 9 месец ни кога се рачуна 36 недела Пред некој ден имаше дебата баш за неделиве и на крај сите различно си ги рачунаме Ама еве ако е од 36 недела 9 месец јас во четврток сум полни 36
Во ремедика ми рекоа, ако бебето само одлучи да излага, тоа си знае дека е спремно. Но за царски договорен никако пред 38 недела. Исто во поглед на неделите, ми рекоа најдобро со полна 36 да е, иако и јас со влез во 36 си сметам дека сум 9 месец. (тука сме ние, мене 12.08 ми е термин )
Докторов у Систина исто ми потенцираше царски по 38ма полна недела, освен нели нормално ако дојде до пукање водењак или сл. што е знак дека почнува породувањето пред 38ма. И ми потенцираше исто така дека 36+6 е исто така превремено родено бебе, а термински е од 37+0. Иако 9ти месец си почнува од 36та недела, сепак 36+6 е пред термински родено.
Јас реков тоа од полна 37ма, а тоа е утре Али царски ќе сум па се мислам ич да не експериментирам да не почнам да се отварам утре