Ве има повеќе што раѓавте природно, па да објасни некој како изгледаат породилни болки, контракции. Кај боли и како боли?
Цел ден иам како густ секрет. Прбо сабајлево. приметив поголемо парче али белузлаво, па не ми идеше ма ум дека е чепот, али сеа еве пак си продолжи... Што може да биде?
Првите болки се како менструални. Па појаки менструални. Многу јаки не осетив зашто брзо добив епидурал. После тие јаките фактички не ги осеќав само почнаа како напони/нагони за тоалет. Практично сами доаѓаат да туркаш без да можеш да контролираш. И потоа најважно е да соработуваш со докторот, акушерката и сите таму кога доаѓа моментот, они те водат. Мене ми беше преубаво искуство, безболно. 5 такви ќе родам
Не знам што е, ме фати и кичма и јајници. Боли стално. Ќе се бањам и средам, па ако не поминат, ќе одам.
А мора и кичма да боли? Или само стомак. Јас никако да разграничам кој се лажни а како изгледаат вистинските. Имав болки претходнава недела очигледно лажните биле ама и тогаш се мислев сега овие какви се
Па те боли цел тој предел, нема да утнеш вистински болки Ама може така да почнат, како лажните и не се смируваат туку стануваат поинтензивни
Цервиксот е добар, поради тоа што се две напишал така, да се провери и процени на наредната контрола. Со лесно
Јас те разбирам затоа што во бременоста станав ептен пицајзла и трчам се да е чисто и средено. Маж ми беше така индиферентен се додека јас еден ден не престанав од ич ништо да правам муабет со него и чекав да ме примети дека го игнорирам. Не се расправав само станав ладна према него бидејќи добро си го познавам и он не е човек што се кара, а го погодува кога не сме блиски и не си посветуваме многу внимание пред спиење. Човекот еден ден (после 3-4 дена игнорирање) ми рече може ли да поразговараме гледам дека некаде грешам и јас му кажав што се ми пречи и како може да ми помогне за да го одржуваме домот среден, а јас да имам повеќе време за себе без да гледам како е нечисто и да се нервирам или да трчам цел ден и навечер да работам кога ќе средам се. Ова кај мене помогна, да пробаш со убаво некако да го фатиш бидејќи си создаваш стрес плус, а него ќе го фати инает. Секако сме ние во право, ама за жал машкиот мозок фукционира поинаку и се со нив мора тактички да се прави за да послушаат и да не те чувствува како демек аждаја си. Јас и генерално до последните месеци не му давав никаква активност поголема, освен тоалетот, но пример некои постапки сакав да ги промени за да ми олесни во процесот на одржување на домот. Се надевам помогнав
Исто и јас немав јаки болки само во кичмата после неколку часа имав и менструални болки,цтг мирно а јас бев 6 прсти отворена. И се породив за неколку часа.
Како менструални болки во долниот дел на стомак само јас имав контракции и у горен дел на нозе тие ми беа многу поболни у смисла на иритирачки ми идеше да се избодам хахахахаха а во стомакот не беа страшни не ги ни приметував , штом стигнеш до 10cm само ти доаѓа да даваш нап како што пиша членката погоре тоа е прелесно и не е болно
Ама јас имам закажан царски. Какво природно породување сега. Се средив, се избањав, пеглам коса сега. Малку се смирија болките, ама осеќам пак почнуваат. Еден час разлика. Петранка иде изгледа