Рано ми е, 36 плус 3 сум. Индикации, спуштен стомак еве 3 недела. Исто Дани, нагон за голема нужда. Се надевам лажни болки се, барем уште малку да поседи, влечки да си купам Остана уште влечки
Мамички ја да се пријавам дека завршив вечерен час по јога на јутуб. Вредна бев . Јогава е врв. Пред да останам бремена многу вежбВ и сега почнав пак. Вежбам сама на јутуб некако позгодно ми е. Некоја трудница да вежбала сама на видеа?
А да ме упатиш подобро точно со кој инструктор се видеата? Не е ризик сама за неискусни, дека во бременост? Имам пробано 2-3 пати јога пред да останам бремена, ама сега многу сакам а немам време да одам негде зашто во мојот град нема, треба да патувам. Па да ме упатиш подобро и да те дружам а?
Искрено јас пред да забременам вежбав сама ама активно секој ден едно добри 7 месеци. Сега најдов една иако има повеке пренатални на јутуб ...незнам стварно дали е ризик сама мада вежбиве се лесни не е нешто комплицирано ...еве нека кажат и други
Маре, синко одбра име веќе, а да беше машко, можеше да се испочитува денот. Ако се роди де. Влечки немам, кај ќе раѓам сега
Фала ти многу среќно и со лесно и на тебе со бебенце уште си пијам магнезиум и јас, уште имам грчеви од време на време, ама се тапи и се поретко ги чувствувам
Затоа уште сум дома, искрено не знам како да разликувам. Ќе почекам уште малку, ако не се смират болките, ќе одам. Иако незгодно ми е малку, секоја недела сум во болница.
Јас мислам лажни ти се... Зашто. знам и јас на неколку пати се спремив да идам накак болница и ќе се потсмират. Пред тебе сум некој ден само... Кај планираш да се пораѓаш?
А некоја што немала менструални болки пред бременост, ниту пак лажни контракции, да сподели искуство? Ќе поминеме ли и за пораѓај лесно или баш напротив, зашто не сме навикнати на болки ќе си умреме на бокс? Јас па кога ќе клекнам се осеќам ко 8 прста да сум отворена
Јас во првата бременост бев буквално без никакви тегоби и болки... Дирекно на царски бев во 38+4, така да не осетив ни болки у кичма ни менструални болки... За разлика од сега што 10 пати мислев дека започнува породувањето