Иди за да бидеш сигурна. Јас не знам за вакви болки како изгледаат. Имав болки ама константно си траеја без прекини.
Ајде значи може да бидеш и отворена а цтг мирно, уште оваа информација ми фалеше. И сега сум цела збунка
Женски денес сабајле бев на преглед имав и болки во бешика ме ставиа на цтг и мирно е и на ехо се беше таман, ама инекцијата за зреење морав да ја ставам. Е сега тоа што си имав мака со бешиката е друго едвај сум задремала сега, и станав и повратив од вечерата и уште ми е тежина. Дане имал некој слично искуство после инекцијава или нема врска таа сега. Паники 100 ка 30+3
Се смирија малку, само кичмата ме боли уште. Да се прави болките, не би требало да се смират туку и поболни се.
Леле се согласувам да претрпи ревизија името, не за друго, замисли прекрасна девојка утре, а Петранка… Искрено поради брат ми што има мн лошо машко име и знам колку се нервира цел живот секогаш одбивам да се воздржам за имиња кои може утре да му направат комплекс на детето. Не ме разбирај погрешно, не е злонамерен коментарот.
Петровден е денес, затоа ваљда така пиша. Не дека озбилно Петранка ќе биде. Да е околу Божиќ, Божана итн…
Јуле уште ти остана. Вчера станав, втор ден, боли ама прошетав 5 6 пати во текот на денот. Што да праам, уште подосадно е лежејќи. И грб и кичма и стомак боли. Со апостолки заминав. Ко ме видоа им се стемни. Немав ни торбица спремна. Тогаш трчаше маж да купува.
Периодот кога станував за работа е најактивен. Мава и со лакти и со колена. Нема везе што сум на одмор, си научил дека тогаш се станува. Look at this alarm clock I made.
Мами добро утро. Дали пиете сода за киселини? Јас пијам по два три пати пола лажички во денот.... Дури сега читам дека може да е опасно иако многу луѓе рекоа дека не е ....ништо друго не ми помага...
Јас бев таква. Па поминав прлично добро на бокс, сега болки имаше секако ама се издржаа. Различно е кај сите.
Пробај пиј само Пролом вода.. јас со неа се спасив од киселини. Јас сум повеќе од 2 недели 3цм отворена, денеска сум на контрола може да сум и повеќе.. А ни болки ни бутур
Јас луѓе мислам дека тек сега се освестив дека сум трудна како што го гледам бебчо да расте. Првите три месеци толку не бев свесна дека сум трудна ,бев ужас. Пушев цигари, не пазев на ништо. Среќа како бебчо расте станувам свесна ,баталив цигари и сега пробувам да елиминирам се што може да е штетно, прашувам за најмала ситница ,за секој продукт,за секој мој чекор ....се плашам дека не е касно...иако беба е во ред ...