охоо па бааги порано ти закажале. Мене ми одредија прво уште неколку термини за цтг па дури следен преглед ќе ми дадат термин зс царски.
Таман е, полна 38 плус 2 ќе сум. Сега имам преглед и кај анестезиолог. Тебе кога ти е терминот, која недела си сега?
Мене секогаш вагинално ама ваљда дека јас сум со историја на конизација и абдоминален серклаж па за посигурно. Секој преглед ми го гледаат, фала му на господ па тоа не мрда ама се утепав од одмарање тоа е. А сигурно за другите е абдоминално што немаат проблем ❤️
Фала ти мила, па и јас тоа викам не сум сретнала до сега од неа нешто ама ај си викам, изгледа од притисок ми е се собрано не спиена два дена ич со бешиката, сега желудникот го оправам :/ А иначе јас денес втората треба а бебка и кај мене е активна од вчера, ќе видеме од утре после втората како ќе биде. ❤️
Во врска со лажните контракции, со првото дете ги имав памтам, и не беа нешто болни туку буквално ми се грчеше долниот дел од стомакот, и по некое време само од себе престануваше. Сега сум 37+6 и од кога сум влезена во 9ти месец многу често имам лажни контракции. Со тоа што сега не личат на лажни туку на вистински Тапа менструална болка во долниот дел од стомакот, грч и болка во кичма..... најчесто навечер и околу саат-два ми трае. Бев баш вчера на цтг, мирно беше цтг, ме провери дури и вагинално со рака докторката и тоа беше ок, кажа затворено има време уживај и тек за една недела ме викна..... Дали некој со втора бременост имал поизразени лажни контракции, и дали тоа значи дека вистинските кога ќе дојдат ќе бидат и тие поболни и поизразени? Од секогаш си замислував дека со второ треба да е полесно ....
Еве јас во втора бременост ги имам од 16та недела, прво мислев дека бебето го осеќам Сега во почеток на трето тромесечие поретко ги имам, а во врска со прашањето мислам дека нема правило. Сфатив дека две бремености кај иста жена можат да бидат небо и земја различни, кај мене се е различно.
Nema mesto za panika, od samata bremenost ti e, i mene mi beshe taka so maliot. Se smeni za 2 nedeli od 19 padna na 7. Posle nedela se porodiv
Бремена сум 6та недела, правев брз корона тест позитивен. Температура 37, блага грозница, болка во грло и глава и тахикардија. Искуство со рана бременост и корона?
Јас прележав пред еден месец . Не се секирај ,не ја ни осетив. Еден ден тт 37 малку растеле нос и толку.
Јас ставив кокошка да испечам, ме фати стрв од вчера за крцкава, солена кожичка Па ќе си исецкам тенки компирчиња да си спржам помфритче И ваква ќе бидам за некое време
Јас тортиљи со пилешко месо имам на денешното мени и сеа @Jana06 кога спомна помфритче може и тоа у комбинација и секако салата.
Мене стомакот некако ми е слаба точка и ми е језиво да го пипкам а не да го депилирам... И пред бременост а сега уште повеќе, папок да не спомнувам, страв ми е да го гледам а кај и да е ке ми се испакне... Инаку ако можеш не е никако проблем да го депилираш.