Мешиња кога ќе ви падне нешто на под се наведнувате да го земете и како или си правите кост бенефит анализа колку стварно ви го треба тоа? Стварно имам чувство дека го прецвикувам бебушко при наведнување...
Кога читам за јадењево и тука и во темана за мени, се ми се пријадува. Утрово го оставив мали во градинка и на враќање купив паштета (не памтам кога последен пат сум јадела), ајвар, саламче и триста други глупости. После влегов во силбо и купив тазе печени пекарски кифли. Кига стигнав дома не знаев што да јадам. Сепак се одлучив кифлите со хумус, домат и саламчето да ги каснам. Да го избалансирам оброкот . Паштетата и ајварот останаа за друг ден. За ручек мајка донесе гулаш, па спремив и едно пире. Ама искрено зелка салатата со масло од семка од тиква, балсамико ми направи многу повеќе ќејф од ручекот. Додуша за среќа откако сум бремена организмот повеќе ми бара овошје/зеленчук. А маслото од семка од тиква ми е откритие. Ама само за зелка салата, за другите малсиново поубаво ми легнува. Спомнавте модар патлиџан - ми се пријаде домашно малиџано со павлака, оревче. А и тоа буритото што го спомнавте ми потекоа лиги. Уште да можев да јадам. Каснувам и после 10тиот залак веќе ми е тешко и после пола саат пак сум гладна. Еве сега пак ми се јаде. Ќе станам сега сончоглед ќе земам да грицкам.
Јас се ведам одма ама заборавам дека сум бремена и кога треба да се исправам малку тешко оди и тогаш ми текнува Да ве прашам што точно е плацента превиа? Денес на прегледот ми потврдија дека плацентата ми е ниско и на предна страна и ако така остане ќе мора царски. Некој искуство со ова? И дали оваа појава се вика плацента превиа или јас ги збркав поимите
Зависи колку ми треба и дали има некој во близина Ако сум сама а стварно ми треба е тогаш правам гимнастики зошто сум огрооомна во стомак
Јас со терминов шашма сум, веќе и сама не знам кога ми е термин Терминот со тебе ми беше според доцна овулација и мерки, сега 2 дена порано ми го рачуна матичниот по мерки а по циклус една недела порано. Цела сум збунка хаха
А мене 3 пати ми се смени ама си го рачунам според менструација како што ми излезе 7 Август. Минатиот преглед 3 Август ми беше, сега одам 8 Август. Тоа е ваљда како напредува бебето. Јас сега си сметам 36+2 дека сум како што ми беше последна менструација.
Јас не рачунам по циклус зошто ептен и по тестот кога правев, првиот ми беше негативен на ден доцнење после и по скроз првиот преглед кај матичниот поназад ми беше 9 дена, а сега рачуна термин најкасно 7 дена после циклус. Така да 1 недела напред, назад не менува многу. По циклус 37+4, по овулација 36+4 сум. Јас вториов си го рачунам зошто ептен цело време е поназад толку.
Ако плацентата е ниско и го допира цервискот, тогаш е плацента превиа. Која недела си? Со тоа што плацентата може да мигрира и да не биде веќе превиа, ама тоа околу втор триместар отприлика или почеток на трет. Ако си во поодмината бременост, тоа е тоа. Најдобар избор е царски во овој случај.
И моево ми ја здроби бешиката, карлично е и таман за скокање наместено Ехее Најчесто по детево се наведнувам, едно 100 пати на ден. Спојлер @fana Запржувам пилешко месо претходно сварено и исцепкано на конци скоро, малку кромидче, пиперка и патлиџан да се направи како сос. Во тортиља додека е врела ставам рендан чедар да се стопи,па месото, па црвена зелка, кисели краставички и на крај јогурт дресинг (еден во стаклено шише), мислам дека тоа беше, а и зависи што имам дома.
Па нели ти закажаа царски за 38 недела,мене ми рекоа дека ако истерам до крај во 37 ке ми го извадат серклажот а во 38 ке ми закажат царски рез.
Јас денеска го поминав првиот скрининг. Др. Христијан Трпчевски го правеше др. Таше него му препушти. И сум задоволна најважно се е добро сите мерки на бебето се добри не ми кажуваа детално само неколку пати кажа дека се е добро да не се грижеме. Го видовме и на 4д ехо. Не испрати да правиме приска така и беше напишано на минатиот извештај. Резултатот е следниот: age risk 1:919 biochemical T21 risk 1:5516 combined trisomy 21 risk <1:10 000 trisomy 13/18 + NT < 1:10 000 Одам со резултатите сега др Таше беше внатре и кога почна да зборува срцето ми застана. Иако се е добро тој почна да раскажува неубави случки за пациентки што не сакале да направат нифти тест а приска тестот бил добар и раѓале деца со аномалии. Па дури некоја пациентка го тужела бидејќи не и кажал за тој тест и родила бебе со даунов. Вика јас ти кажувам а твое е дали ќе го направиш. Да така е ама тој ми направи таков црн филм в глава што јас нема да спијам мирно дури не го направам. Знам дека се ќе биде добро не мислам негативно мерките се добри ама однесувањето 0. Требаше да каже да не правам приска туку одма нифти да ми предложеше. За вас ова океј однесување е Се разочарав од нив а бев толку среќна си го видов бебуш одблиску се криеше со рачињата
Здраво на сите. Не сум сигурна кај треба да го поставам прашањето, но трудници се тука па мислам ќе добијам најточен одговор. По календар ми покажува бременост 4+3, денес правев BHCG само што добив резултат 686. Дали вредноста е добра за неделата?
Тој човек е толку арогантен, нападен, груб, што допирна точка со докторска етика нема. Така и мене ми лапнаа за приска 4 и пол илјади, за после една докторка да ми се јави и да ми рече "види приската е во ред, ама мааалку може да е ризик, најдобро да си направиш нифти" Секако дека направив нифти, ама шо барав тие пари за приска да ги давам. Прво ќе ти ги земат, па после ќе ти наддаваат плус грижи. Ич да не правите приски, непотребно дадени пари. И сега со корона како им дојде, на секое тест пцр прават а 1000ка е. Јас велам ама имам сертификат за прележаност, немало врска требало пак тест. Требало, за пари да лапаат.
Кај мене сега гледам 4 недела била 626 bhgc. Е сега ако сакаш да видиш дали добро се развива за 24 часа треба да се дуплира што значи задутре во иста лабараторија да си направиш уште еднаш bhgc
Ne ne, cetvrtok ke mi e izvat serklazot i jas sakam spontano da se porodam samo doktorot sakase da vidit so histeroskopia sto mi naltaile da procenit dali moze ili ne spontano
Ти благодарам на одговорот. Проверив на нет, дава некои други бројки, се загрижив. Ке правам задутре повторо за да бидам сигурна дека е ок.