Јеј уште една потврда Во грч сум цела, лоша историја. Овој пат мора да биде, многу позитивни мисли и верба имам
Ова баш личи на него. Одвратно. Смислено сценарио. Како сакаш ти, сма убаво би било да ти кажел не се замарај со приска. Ама како што знам си има лабораторија таму, па ради тоа сите на приски а после ајде и нифти. Срамота
Како што ти кажаа ако ти си помирна повтори во иста лабораторија за два дена треба да е дуплирано. Иако имаш одлична вредност. Јас со мојата не повторував зошто и докторот рече дека е добра вредноста.
Здраво девојки конечно и јас тука после 2 ипол години дешавки... денес бев на матичен и си ја видовме точката рано е 5+1 сум али докторката малку ме исплаши дека било ниско дека сум морала да одмарам .. некој со вакво искуство да сподели пошто сум преплашена а знам дека треба да сум смирена и опуштена. Фала ви од напред .. ако не е за тука прашањево ќе го избришам
Најпрво честитки Мој совет е да бидеш смирена, да си го слушаш телото и да слушаш докторски совети. Ако нешто се сомневаш ќе одиш на второ па и на трето мислење. Сега е рано, одмарај и на следен преглед и срценце ќе слушнеш, со лесно
Јас ставам павловичева со АД капки внатре и масло од кантарион измешано се тоа заедно. Многу помага исто и за градите, затоа што брадавиците ми се многу осетливи, ако немам ставено и одма ме болат.
Цела бременост ја помина во страв со серклаж. Јас да сум последно нешто би ме интересирала свадбата па чиа и да е. Чедото ми е најмило.
Имам земено упат и за задутре, докторот ми рече да проверам а и јас ќе сум помирна. Имам малку кафено на бришење, па да бидеме сигурни дека е се ок.
Јас ја разбирам Јора,смачено и е више исто како и на мене,цела бременост секој ден го броиме и тоа не е лесно.Јас имам свадба во комшии следната недела па мерак ми е да одам а камо ли на сестра.И ова не се трпи ако верувате.
Колку ми олесни кога се породив, можам да замислам вас. Сите сме со вас и ние броиме за повеќе Лесно е да кажеш издржи, ајде се за бебе ама не е така. И психички е тешко.
Стравот секој ден го јадам, кога ке си легнам вечер си викам добро е уште еден ден помина,а дома како во куќен притвор се осеќам, а да излезам некаде страв ми е,и тоа а, само нека се родат и живи и здрави,мислам дека и јас ке се родам уште еднаш.
Јас колку што разбрав Јора сака побрзо да се породи, за да оди на свадба, да не е баш тогаш во болница. Затоа реков попрво би одела трудна па и 39 недела да сум, од пресно породена по неколку дена.
А зошто не ти кажал дека има и примери со нифти тест, па на крај лошо завршувало. Гаранција ли е нифти тестот дека ќе родиш право и здраво дете. До пред неколку години никој не правеше, не ни имаше во Мк па еден куп здрави и прави деца се родија. Значи стварно се претерува, должен е да каже дека е подобро, современо и се тоа по ред, ама да ти кажува примери и да те споредува срамота. Тоа акое доктор, јас научник сум.