Се враќам од преглед кај докторот што ќе ме пораѓа. Не знам дали е до ехото но е огромна разликата на мерење со таа кај матичниот. Бебе е понапредно за цели 2 недели 36+3 сум по циклус а тоа е 38+2, пред една недела матичната го измери 2700 а сега е 3300 Сеуште е рано за пораѓај, се пикнал горе никако да слезе, цервиксот е 36мм и само еден прст сум отворена а грлото не е ни омекнато. Ако одиме до крај мама ќе роди буцко Стручноста на Таше е врв, пред една година двајца доктори ме гледаа и не можеа да препознаат дали е спонтан или вонматерична, кога дојде Таше само што го стави ехото веднаш ја примети вонматеричната. Не знам каков е односот со пациентите но стручноста му е врв, затоа има доктори што се префини, јас сум кај Владко и можам да кажам само најпофални зборови, еве баш од кај него идам и од ни една ординација не излегувам со таква позитива како од кај него. Кога требаше да ја правам приската Владко ми рече да си ја направам на државно или кај матичен да не си давам пари без потреба, така и направив. Топла препорака за него имам.
Јас за почеток купив околу 10,11 бодиња,шпикозни по долги,комплети горен и долен дел, шпикозни по кратки или ромпери(како и да се викаат), фустанче, чорапчиња,стегачи,лигавчиња,капчиња,ракавици (овие сите обично одат со комплетите). Патичиња. 3 бањарки ,10тетри, ќебенциња тенки 3 и дебели 2... Друго не ми текнува.
Мешиња, протеравме дали летна, дали зимска гардероба за изнесување... Ама 2500 тежина ќе биде за 50ка или за 56ка?
Ќерка ми на испис имаше 2750 тие од кутиите што се за излегување од болница и беа големки. Не знам шо бројче се ама изгледа 56 се.
Ако има индикации, повозрасна пациентка над 35, фамилијарна анамнеза за некој синдром обавезно се прави Нифти тест или некој друг од генетските тестови: Панорама, Верифи и друго кои се со точност од 99,99%.
Јас па ич 50ки не најдов. Сега ги гледав се алиштава ми се 56/62. Имам само едни шпикозни ептен минијатурни на нив нема ни број ни ништо може тие да се 50ка или па и помали ако има таков број
Купи си боди на прерамки јас имам 4 од 50 број, 4 на кратки ракавчиња 4 шпихозни на кратки а со долги ми се 56 и имам 2. После купив 4 тетра пелени и 3 фланелни, малку се подебелко. 2 бањарчиња, 2 тенки ќебенца летни и една вреќичка без ракави. Ова е мојата шопинг листа!
50 душо. Ангажирај се што имаш од фамилија слободно да бара. Јас во декември едвај едно најдов 50ка А надежна нели, сите ми беа 56ки. Родив глушец, се губеше во 56ките
Се бања класично бебето пред да му испадне папочната, или се мие со влажни блазници/крпи. На интернет пишува второто, па да ве прашам вас што веќе имате претходно бебиши.