Се става на рака, папочето покриено со пелена. Бебето со лице накај дланката. Папочето да не е мокро воопшто.
Членката имаше пишано дека веќе има направено приска, сметам дека ако имала индикации докторот ќе и кажел уште одма дека е за нифти. А вака изгледа колку и да не е така, како да се работи за нешто друго. Не сум против нифти тестовите, да имав индикации и препорака од доктор и јас ќе правев. Многу лош однос од докторот и јас бев сега за истото, па докторот не ми спомна за други пациентки и нивни лични искуства, ми кажа лично за мене што и како и остави јас да си одлучам.
За првото во Ремедика ми покажуваа како да го бањам низ проточна вода, држејќи го во раце но дома немаше шанси така да го бањам. Ми беше страв. Првите 2 пати го бришев само со мокри тупфери. После тоа му падна папочето и продолжив со класично бањање во корито со адаптер.
Се бања, папочето и да се намокри малку не е страшно, ќе го истапкаш со пешкир. Најважното е да е проточна вода, да не лежи во водата.
50ки. Јас во ваикики сум наоѓала само. Пишува за 0-1месец. Тие се 50ки. Ќере се роди 2800 и тоа во 40+5 недела
Женски дали некоја од вас денес беше за конзилијарно на ГАК? Не знам што се случи ама прегледот не беше повеќе од 10 секунди, минатиот пат кога бев не беше така. На крај на извештајот видов дека пишува дека цервиксот е со должина од 24мм, а не видов докторот да мери цервикс. Сега сум ептен во паника, претходно не ми мереле цервикс ама си викам ако приметеле нешто веројатно ќе ми кажеле. Ептен сум исплашена, што да правам? Понеделник сум на втор скрининг. Дали до тогаш да чекам за второ мислење или одма утре да одам некаде?
Денес бев и јас, 10 секунди преглед и не стигнав да прашам ништо, ми пишува дека сум се жалела на болки во абдомен
А имаат пишано должина на цервикс кај тебе? Ништо ни јас не стигнав да прашам, уште не бев облечена, а докторот повика друга пациентка и почна да ја прегледува.
И јас денес бев на контрола, 35та исто ама цтг ми рече на 25ти да одам не ми правеше , само ехо ме виде