Јас денес бев на преглед за последните брисеви кај замената на матичната зошто е на одмор и замената ми рече од понеделник да почнеш со цтг кај ќе се пораѓаш.. Е сега докторот за пораѓај ми е на одмор до крај на јули, се јавив во Систина и ми рекоа дека сите цтг од 36 недела натака се наплатувале освен како ќе кажел докторот, не ми беше јасно тука зошто по групава читав дека не се наплатуваа…а мене на телефон ми викаа дека тие породилните пакети им биле од моментот на хоспитализација… Е сега незнам дали да одам на државно негде за цтг ако не додека да се врати докторот од одмор дали на гак или чаир? дали би ме примиле незнам…
@pineapple93 и јас се мислев исто, јас Плодност ќе се пораѓам, а матичниот моментално немал ЦТГ. Ми рече сакаш на приватно, сакаш на државно, ама не знам како би не примиле штом не се пораѓаме таму. Со упат веројатно? Ми рече и ако сакам доплер да ми прави еднаш неделно наместо цтг, ама не знам, не ми е исто.
@kristina.k незнам да ти кажам, ептен лош период некако сите на одмори, мене и матичната ми е на одмор и докторот шо сакам да ме породи… денес бев кај замената на матичната она има цтг ми рече од понеделник дојди ако сакаш тука на два дена ќе ти правам јас -500ден едно цтг викам ај прво да се чујам со болницата кај шо ќе се пораѓам, таму па -1000 ден…. А бе сѐ е печатница за пари, се изнервирав на државно ќе си идам ако ме примат без упат, нема кој па ни да ми даде да плачам ли да се смеам ли
Значи у систина после 36та не се наплаќа. Ќе им вртам ќе се карам ќе видат што е луда хормонална жена.
Цтг кај матичен 500 ден. Озбилно ова? Матичниов мој знае дека Ремедика ќе се пораѓам, ама тој ми е многу блиску нема ни 5мин пешки, па пак кај него одам за цтг и не ми наплаќа ништо.
Јас минатата недела бев на цтг во систина не ми наплатија ништо. Во петок сум пак па ќе видам. Мене докторот што планирам да ме пораѓа ми рече дека тие не се наплаќаат што ти остава можност на крај на друго место да се породиш. Баш ме зачуди неговиот муабет. Е сега тие на шалтер изгледа се посебна држава. Јас кога прашував за плаќање со дајнерс картица брендирана на систина дали следува попуст и мене ми рекоа на пакетите нема попуст. Се јавив во дајнерс од таму ми викаат специјално за пораѓај ги вадат овие картици заради попустот, ама они таму така си кажувале. Така да мој совет, ако имаш доктор што те води таму пиши му смс и прашај го дали се наплаќаат или не и со тоа после оди им.
Фалаа ти, ќе си одам државно еднаш, два пати дури се вратат од одмор па ќе си комуницирам после со докторите таму. Инаку да, бев кај замената на матичната Вероника Кокомарова…. Или како и да беше…женава вика спуштено ти е бебето во карлица со главчето од понеделник на цтг кај мене доколку е потребно на два дена да го пратиме бебето, 500 денари цтг а јас 35+3 сум и воопшто не се осеќам како нешто да ми се дешава ќе си идам чаир или гак да ми направат едно цтг да слушнам чисто и друго мислење, ќе замолам без упат да ме примаат доколку може, се отепав пари давање шо по Систина шо по матичниве државно-приватни доктори шо секој пат од ракав куцаат фискални…
имаше понуда во систина во март 200 евра капар и као масажа брсплстна предавања, јас не отидов на масажата с предавањата секако ги има на систина нема везе мене ми беше полесно да дадам ми дојде како една рата мала да сум дала, го видов ова на сајтот кај нив. И тогаш ми рекоа после 36та цтг не се плаќа
Како сте мечиња? Прашање до вас што сте околу 36 недела. Како се осеќате? До сега немав некои поголеми маки. Ама последниве недели посебно последниве денови некогаш имам болки во стомаков од тие лажните. Ама и не можам веќе убаво да дишам како здив да не можам да земам. И кога ништо не ме боли седам, ама стомаков чудно се движи не како бранови туку целиот како да се тресе внатре, а вака на око не се познава тогаш. Скроз непријатно чувство, језиво. На моменти и болно.
Мене денес ме мава некоја нервоза ми иде да се фрлам од 10 спрат. Ова ко мажоретка ми е во стомак. Неможам да замислам колку ќе ми фали тоа движење, ама само тоа и ништо друго од бременоста. Тешко ми е движењето, после 20 метри одење мислам готово ќе се породам од што стега притиска. Ме фаќа сафра веќе
https://www.babycenter.com/pregnanc...jolts-to-the-pelvis-during-pregnancy_40007660 Си имам вакви болки. Ужасна е, ме парализира. Утре 36+1 и прво цтг кај матичната
Истово го осеќам секогаш кога ќе одам малку подолго, немав појма што е мислев да прашувам во петок. Фала ти
50 ка, ама зависи од каде. Европски број и 56 ќе е таман. Ај мајки кои имате родено, 62 многу ли ќе е големо? Се заљубив, ама само 60 ка има. Преубав е Да го ставам во машина за сушење, ќе се собере ли малку?
Мислам да. Кај мене малото беше како глувче, 46 носеше на 2.500гр, и тие и беа големки. Другите на 3830, 3570, 50ки таман им беа. Барем месец со 50ките беа, пред на 56 да се префрлиме.
Леле јас претежно 56 ки купив. Немам 50 ки, и за вадење зедов 56 од Окаиди, таму помали се броевите. Сега ова сакав, ама нема 50 ка. Ни 56 ка нема.
Хммм есен да не дојде додека и дојде таман за носење големината на бебуш…набљудувај деновиве дали другите величини ќе бидат достапни. Кај мене корпите со wish парчиња кај хм, Зара, манго полни се. Чекав првен да се достапни, сега си викам ај барем и втор скрининг да помине, после ќе си викам ај да се преселиме да не биде плус алишта да шетам од куќа во куќа. Едвај се воздржувам.