Син ми се роди 2300, алиштата претежно беа 56, 62 па нагоре сите му беа преголеми. Ги изнаноси долго време Во вајкики баш гледав алишта за беблаци до 2500гр Се надевам второто барем 3кг ќе биди и ќе фатам малце мевце ахаха како и да е нека се здрави и живи ќе пораснат
И јас купувам од 56 нагоре. Првиот месец ќе бидат лабави зошто пелената е поголема од бебето па се тешам дека ќе има што да пополни А од синсај читав нешто поголеми/помали од стандардните биле па некои викаат се собирале, некои не. Јас што имам маички нешто земено на ќерка ми се погодија и бројче и меки и пријатни. Дали се исти и бебешките?
За вадење сакав, молитва овде не знам дали ќе имам, треба да се распрашам. Црквата врска немам како работи, дали секој ден. А и тоа значеше дека морам дома да седем 40 дена така?
Така некако. Ама трае долго. Како тресење, како пулс кога ти чука ама доле во стомак го осеќам. Не знам чудно чувство и непријатно ми е.
Гледам за големина се дебатира, јас 50ки зимам од c&a многу убави, а и не се скапи. Тука имат и достава видете и во мк може да има. Исто ако имате некој близок во Швајцарија, има една продавница Migros outlet се вика, таму често има 50ки памучни на 1/4на од по 7-8 франака комплети пример боди со шпикозни, пратете да ви земат, многу се квалитетни ама треба да се начекат ги нема постојано
Девојки има ли некоја листа список со основни ствари да сподели за припрема што се ни треба за почеток…..освен алишта пелени козметики нешто плус да споделите, се мислам заборавам нешто
Бабицата ми кажа 50ки само едно две да земам, и тие ги добив од пријатели скоро нови дека немале потреба од нив. Летно време е, и да му облечам кратки 56ка нема нема ни да се забележува, за долги е друга песна. Јас купув еден куп 56ки. Имам и неколку убави комплети што ги добив на поклон, но некакви турски фирми не пишува бројка. Ги споредив, одговараат на 56. Така да мислам 2 3 бодиња 50ки ми се доволно, ако е мало бебето дури сум во болница ќе претрча некој ќе купи. Подобро така отколку за џабе да купувам.
Ај уште ова денес да напишам што е тоа кога стомакот од еднаш ќе ти се здрви цел па за неколку секунди ќе ти се опушти?
Бодињата се топ, ама од шпикозните не сум задоволна. Многу неудобен и нефлексибилен материјал, таков не се тегне воопшто. Башка моево дека големо бебе 56ките му се кнап. На испис падна на 3800 од 4150. Првото ми е 3200 родено исто со 56ки почнав. Многу е битна и конструкцијата на бебето. И двете ми се долги во градба и на првото 56ките брзо и се скусија. Ако сте високи или еден од вас е висок, можно е бебето да е долго без разлика на кг, земете го во предвид и тој факт.
Ако е како пулс тогаш осеќаш бебето кај што ика. Ама не трај долго тоа.. Кај мене се случува и 2 пати денот да ика ама не сум приметила колку време трај пулсирањето така ( се гледа и со око на стомакот )
Колку ке ги носи многу зависи и колку брзо ке качува. Просек е 800-1000 месечно, некое ке качи 600 некое 1600 што не е исто. Моево ем крупно ем качи скоро 2 кг првиот месец. 56ки носеше три недели. Некои бебиња ги носат 2 месеци. Затоа не купувајте премногу, 5-7 парчиња од 56 и уште толку 62. Па ке видите со кое темпо ке расте. Некои бљуцкаат повеќе некои не. И тоа игра улога.
Нее. Подруго е икањето. Ова не можам и не знам како да го опишам баш. Инаку би го прашала матичниот. Како цел стомак да ти се тресе. Покрети на бебето се најверојатно.
И моето мрда некогаш така. Ко панично да мрда, набрзина. Вечерва јас имам болки во кичма и напред. Рано ми е аман нека не ме фаќа појако. Бев надвор дури играше малиот фудбал, измрзнав на клупа, плус свиткана, може од тоа е.