И јас синоќа имав. И одма триста мисли во глава викам аман рано е нека поседи, и си легнав викам ќе спијам ако се вистинските ќе ме разбудат ама ете сум заспала. И сабајле кога станав ништо.
Којзнае што прават. Кај мене долго трае. Па читајќи на гугл дојдов до една статија дека може е тахикардија и дека може и во стомак да се осеќа забрзаното пулсирање. И баталив барање дијагнози пошто не можев да ја најдам вистинската што ми се случува аман секој ден нешто ново.
Затоа веќе не читам ништо. Од читање се и сешто се изреметив. Битно ми е да мрда, веќе сме во период кога 1 неделно па и почесто може да не следат на цтг Доста беа стресови, сега сум насочена само кон купување што ми фали и паничам дали ќе стигнам се што сакам да земам
И јас имам уште некоја ситница. Од основните. Другите што можат да се купат и откако ќе се роди, ќе ги купам тогаш. Уште 2,3 недели ни останаа не ми е верно.
Маж е висок, синко е висок, леле ама заборавив колку долг се роди Околу 3 кг значи таман им се 56 ки? Супер, знам ти користеш еу бројки. Затоа ми беше чудно што 56 ка на бебињата им се големи.
Важна е должината. Моите на 3.8кг и 3.5кг 50цм беа родени и толку им одговараше облека. Е бебуши ако се родени 52-54 цм треба веќе наредна. Ич не паметам првите алишта од која фирма кај нас беа
Ќе оставам да видам колку ќе се роди, па ќе купам ако има потреба. Сега нека се 56 ките, ако треба 50, ќе купам.
Ако треба со едно идење до град на брзаница ќе зедат. За неколку часа и купени и перени и пеглани ќе бидат. Супер си покриена и со 56за старт.
Туку, нормална ли е главоболка, некоја тапа одгоре. Арен е притисокот, ама како да ми се врти. Па и се препотив еднаш, нозете особено. Се мислам еден парацетамол да се напијам.
И јас да си се пожалам ама денес ми е најтешкиот ден од цела бременост. Глава ќе ми пукне од болка, очи ме печат, некое чувство како температура да имам, а немам. Болки во коските и мускулите во телото. Мислев ми фали сон ама цел поручек го преспав и пак е исто. Кој знае од што ми е. Или од сонце што ме фати ептен преска, во најчешкото бев на преглед, или па некој симптоми корона. Пред 2 месеци прележав, можно е па да ме има фатено? Сега ја прочитав @JuLleE, е исто ми е. Да пијам и јас еден парацетамол
Првото бебе се роди 52цм и 4.300гр и веднаш носеше 56. Е сега оваа е поситно бебе и не знам за излегување од болница дали да купувам 50 или 56?
Не знам, како изгубена сум, зашаматена плус. Чудно некако. 110 со 60 притисокот ми е. Сега мерев, ама ми се потат нозете само.
Мене еднаш вака ми се слоши. Додека чекав ред во микробиологија, главата почна одгоре да ме боли и наеднаш како се матно да ми беше ми се вртеше и мислев ќе се онесвестам, и целата наеднаш се препотив ако беше зима. Ми рекоа шеќерот сигурно ми паднал. Пробај касни нешто благо може до тоа е.
Да. Со 3 кила во просек се раѓаат 50 цм и 50ки им се кнап. 56ка може и малку да има луфта ама боље него кнап за да му е поудобно. Е зависи и од градбата на телото, мене двете ми се соленки. Ај првото 3 кила, ова 4+ е и танко е. Ја мислев мишелинка ќе биде а тоа само образи има, нема кај да се штипне па во должина му се ок ама во ширина има луфта. Земи си бодиња на C&A убави се. Шпикозни разгледај на h&m имаат убав лесен летен материјал, е едноставни се ама за по дома и за спиење супер комфоротни се.
Добро утро мешковци Вие што броите ситно дали лакирате нокти? Знам дека е пожелно на пораѓај да одиш без лак на нокти. Ај на раце ќе преживеам, ама на нозе некако нелакирано ми е ептен безвезе.
Не ги лакирам оти не можам. Лакирај се ако можиш ти, па пред пород ќе ги избришеш за секунда. Гел лак не ставам, ако мислеше за таков лак.
Ја ги лакирам со обичен лак , па кога ќе треба ќе се избрише Туку кога сме кај лак за нокти некој да препорача добар педикир низ Скопје ?