Срцки како сте денес? Почнува пак топол период за жал особено јас каде што живеам, попладне ептен жешко станува не се трпи.. Јас од денес 31+ сум и од синоќа кога мрда бебе осеќам болки доле ниско како да ќе излегува ептен ме плашат, нормално е ова? Да се пожалам, да ме утешите. Што убаво овие две недели немав така доле ниско болки сега што му текна не знам
@jelo добива повеќе на тежина и ќе ти изгледа како баш ниско да те чепка. @V.N. јас како останав на одмор не се лакирам, а и не можам да докачам. Само на големиот имам лак, она другото се тргна. Прв ден се будам со главоболка, дали преспав или од времето не знам.
Добро утро Што ќе се јаде денеска? Однесов дете во градинка, еве лигавам кафе на тераса додека не фатило сонцето. Јас ставам цело време гел лак, баш сега се канев да го вадам и читам вие тука таа тема сте на начнале. Доста ми е веќе, не издржувам на столче цел саат, а и обврска некако ми стана, не мерак. Добро се држам засега, не осеќам некој умор. Тежината ми доаѓа после 17h тогаш веќе сакам само да лежам до вечерта ама кај нас тогаш почнува забавата Убав ден.
Јас се лакирав со еден нежен прозирен со нежни светки, во Систина никој не ми спомна да тргнам лак и јас скроз заборавив па така отидов
Јас вчера бев цел ден со главоболка уште кога станав, времето се менува мислам тоа влијае. Кафе, лимон и кока кола и на крај се управив. @jelo јас пак имам повремени болкички така light доле десно кај препонот од синоќа. Ем лежам ем ме боли тоа ме чуди, зошто јас не се движам. ❤️
Девојки влегов во 25та, минатата недела бев на контрола.Бебчево беше карлично завртено, само долу во бешика мава , ниско како да го носам ми се чини и само како на едно место е , како да не се преместува.Нормално е?
Ако само нека си расти моето маженце и нека мрда, болките се издржуваат. Инаку нема врска јас и кога лежам такви болки осеќам кога мрда он, мислам дека сега веќе е свртен со главче надоле па затоа таква болка осеќам кога мрда а и кога ика пулсирањето го осеќам доле, едвај чекам вторник да одам на контрола да го видам За главоболката и јас кога станувам некој пат имам ама краткотрајна и одма мерам притисок ама дефинитивно од промена на времето ми е... и пред да бидам бремена бев така исто.
Исто е и моево наместено, бев на контрола пред некој ден, се е во ред. Првото ми беше наместено со главчето надоле и само газот го преместуваше лево и десно. Веќе се поголеми и нема многу каде да прават акробации, евентуално уште 1-2 пати да сменат позиција до крај. А може и ќе останат карлични, којзнае. Битно во ред е
Денес за ручек леќа омилено нешто ми е а и работам на подобрување на железото. Јадам повеќе леќа, мед со семе од коприва и ореви, какао пијам. Нокти правев гелни ама кога останав бремена ги извадив да ги одморам малку ноктиве а и матичната ми рече дека првите 3 месеци не е препорачливо да се прават нокти, да избегнувам и од тогаш не сум ги направила ниту пак лакирала. Здравје после септември
Јас па икање незнам дали сум приметила Лошо е тоа? Сега и малку подуспана ми е буцката од флостеронот
Не знам може така е наместена па не ја осеќаш, сега планирав на преглед да ја прашам матичната оти дечково мој по два три пати во денот го осеќам дека ика по неколку минути и се уплашив да не е нешто лошо да не е вознемирен или слично, читав нешто на интернет дека кога икале вежбале дишење појма немам колку е така еве другиве членки ако знаат нека кажат. Не се секирај, беше на преглед се е во ред
Кога почнуваат да голтаат од плодовата вода. Првото често ми икаше особено откако ќе јадев нешто. Се осеќа пулсирање на одредено место во стомакот. Ова се уште го немам приметено, 27ма сум.
Јас од синоќа дијареа имам Јадев Аргета ама мислам не е од тоа. Сум фатила некој стомачен сигурно Уште тоа ми фали. Некна на преглед ме мерат и 2 кг дум ослсбела . Бебе напредува барем. И со синко во 9 ти ослабев. Феномен, сите се поправат јас слабеам. Уште ова ми фалеше.
Подобро криминалец, бар ќе ве издржува сите. Jaс па деновиве ем не можам секс да имам, ем пак порничи гледам. Ама онака ко обичен филм да гледам си јадам пуканки и си гледам. Ако стане некој порно глумец кој ли ќе ми го гледа срамот До пред некоја недела по цел ден парламент гледав, и сега не знам што е полошо политичар или порно глумец