Јас пред месец дена извадив гелот од рацете и од тогаш одмарам нокти. За на нозете нежен крем обичен лак колку да не шетам така, кој ќе го избришам за следна контрола за секој случај да не ме задржат зашто скоро 38ма ќе сум тогаш Ставам само нежен лак за после вадење да не изглеа грдо. Педикир сакав да идам, иако немав нешто потреба од класичен Педикир , па ме фати некоја језа како ке работи таа и на крај мајками ми напраи и топ сум си сеа
Имаше период не спиев по цели вечери, многу ми беше лошо. И ќе си пуштам парламент, одма заспивам. Мада деновиве ко што е ситуацијата, не е ни за пуштање парламет, ќе се породам пред време од нервоза.
Јас се навлеков на серијата два ипол мажи, кратки епизоди се, добар хумор, ме расположуваат. Или читам книги, ама во последно време не ми оди читањето никако да налетам на некоја книга што не се испушта од раце. Еве сега си лежам во дворот и читам смотана книга, уште еден саат имам додека торнадото од син ми не дојде од градинка.
Приметувам од едната града само имам колострум или како и да се вика, на пиџамите капки, а од другата ни еднаш до сега и не гледам како лушпи жолтички. Тоа значи имам некој проблем со другата или немора да значи? Прво бебенце ❤️
Ги читам овде по групи, прашуваат кога почнале да излегуваат од дома, по пораѓај. И имаше најмногу одговори веднаш. Односно кога мајката ќе може, зависно нели како е породена и како се чувствува. Исто било прозор да отвореш и надвор да си. И стварно се надвор, одма после болница. Ќе си се прошетат, ќе си идат на кафе. Ќе чекате вие 40 дена дома или не? Јас секако не, едвај чекам да ја возам количката, кој мерак ми е.
Нема да чекам само живеам на 3 спрат а лифт немам па незнам како ќе успеам колица и бебе да слегнам долу кога мм нема да е дома. Да прашам хепатит б испитувавте ли во бременост? Јас во петок ќе испитувм матичната ми даде упат.
Штом можам.. а се надевам дека се ќе биде во ред и ќе можаме уште следниот ден откако ќе се вратиме дома да шеткаме
Јас сама излегував уште веднаш, давам да цица и преку врата да излезам од дома, 7-10 дена по пораѓај, со царски бев и ме болеше раната. Со синко не излегував да шетам затоа што не можев да шетам шетам. Ама надвор беше постојано, во куќа со тераса и двор, на воздух. Преку ден беше пекол, навечер и наутро рано го изнесував. Не сум да се пика дете по гужви прашини молови ама на отворено во зеленило е многу битно.
Јас сум на 4 ти, и нема лифт, ама ќе си земам кенгур или марама за до кола, количката во кола ќе ми стои или во влез. Маж нека се снаоѓа за превоз, по цел ден е на работа, него нема да го чекам.
Не ми текнува точно ама одамна беше,и сеуште си ика неколку пати дневно. Во ноктиве како механичар сум. Не лакирам а и претходно не сум била некој љубител. Треба крвна слика деновиве да правам. А ништо ни јадев ни пиев за крвта овој пат баш пред пораѓај ми е страв резултатот каков ќе биде. Претходно барем јадев мед со коприва и пиев апчиња.
За првото дете немав клострум ни од едната града пред да се породам, па немав никакво проблем со доење. Ем со царски породена, ем веќе вториот ден си надојде млеко од двете подеднакво. За првото не чекав, веднаш штом се осетив спремна излеговме - неколку дена откако си дојдов од болница. За ова кутро ќе се роди Јануари, тешко мене и него Обавезно за пораѓај бараат, ама не само хепатит б туку хепатит б, ц и хив (инфективен скрининг)
Јас зависи како ќе бидам. Мене ми беше убаво дома 2,3 недели. Каква бев, раната долу ме болеше, имав хемороиди, уште за шетање бев Сега плус бебе во октомври ако се роди, додека се соземам, ќе залади Се на се зависи од тоа како ќе се чувствувам.
I jas sum na 4 kat bez lift. Uste od sega se plasam kako ke ja iznosam bremenosta, sto ako ne mozam da sleguvam i se kacuvam po skali. Treba da sedam vo zatvor. Uste od sega izbegavam sleguvanje kacuvanje mnogu, samo po ednas vo denot. Ne deka ne mozam, ama da ne se zamoruvam mnogu. Kako ja pominavte vie bremenosta sto ste na visoko?
Октомври најубаво ќе ви е за шетање. Ни претопло ни преладно. Нормално ти кога ќе се осетиш спремна. Се сеќавам со малиот уличари бевме цело време. Освен кога беше многу загадено, цело време бевме надвор. Ако не излегувавме мислам ќе побудалев. Вака он само што ќе излезевме од врата заспиваше, јас или вртев по маалово или ќе си фатев некоја убава клупа и уживав. Затоа си го сакам маалото, на која страна и да тргнеш има кај да движиш и да шеташ.
Со првата бременост ниеднаш не ми потече колострум, дури од кога се породив, и тоа после 2 дена од кога се породив. Сега со вторава бременост од 34та недела имам капки колострум, и тоа само од десната града. Да ти одговорам на прашањето, немаш проблем со другата града, не се секирај Може ќе ти се појави и од другата града до крајот на бременоста, а може и после породувањето. И двата случаи се нормални
Јас во 8 ми се преселив овде. Искрено многу е тешко за станови, инаку не би Зависен си од некого да ти качи пазар што се вели. Станот ни е поголем, покомотен, ама искрено да имам друг одма се селам. Бременоста ќе ја пројдеш, немаш мака со скалите, малку заморно е, ама не е штетно мислам. Со бебе и разни ствари е маката, затоа јас евњ почнувам да се организам полека.
Јас крај на 9ти намерно се качував по скали демек ќе почнел пораѓајот ама ништо, така да кај мене немаше проблем со тоа. Количката ми стоеше во ѓепек кога беше колата дома, а инаку бебето во кенгур и количката во раце ама имав лифт, проблемот беа неколку скали што имав од влезот да ги симнам. После пораѓај штом си дојдов при себе одма почнав да искачам. Немав некој избор зашто имаше полициски час, карантин ама пак го користев секој момент. 40 дена дома е лудило.