Фала ви мешки. Вака не ми беше прва бременост, скоро и да немав никаква тешкотија. Затоа и како незнајка се чудам шо е ок. Сега ми е поразлично и малку потешко. Не знаев дека може да имаш тегоби а да не повратиш. Прееска од диња се подув, ми се згади. Секоја шо опишавте како ви е, исто и мене значи истите состојби потполно. Туку, ај да ја дотупам сега. Дали тоа е знак дека бебето си е ок, дека си се развива, си чука во меше, со оглед дека штом имам вакви реакции, имам и хормони, и бременоста си е тука. Знаете на шо мислам, ме фаќа шизо момент
Зависи која била причината за спонтаните дали правеше после спонтаните испитувања зошто се случуле и јас имав спонтани ама правев испитувања и сега примам метилфолат од 1000, б12 од 1000 и клексан од самиот почеток до крај ке го примам а ддиметите ми се супер и времињата се е добро , најбитно дали се знае причината за спонтаните вака тука не можеме да кажеме дали треба да примиш или не
Какво излегување чеда божји ... Како шлепер натоварен да ме мавнал бев, не знаев кај се наоѓам, раната ме болеше, главата ме болеше, за градите да не зборувам (ставав ќебе во уста за да не ги искршам забите од болка кога ќе повлечеше бебе) а требаше да дојам секој саат ... На крај памет не ми паѓаше да излезам во таква состојба. Али кој си може .... Го фор ит
Све е нормално веќе 9 месец мислам дека се што ни се случува е нормално И нешто што памтам од прва бременост што слушнав од доктори: во бременоста нормално е се да биде ненормално
Хемостаза направи? Д димерите сами по себе ништо не значат, многу се важни времињата. А бидејќи спомна два спонтани, имаш испитано мутации за тромбофилија?
И јас 2 кг бев ослабена, и ме караше докторот. Добро е тоа што бебе напредува, ама од тогаш си јадам почесто по намалце и мн овошје зеленчук Иначе за излегување првото мие зимско бебе до 40дена излегов неколку пати на тераса кога ќе имаше сонце.. А сега сакала или не морам да излезам со поголемиот. Двор е па немам галје
Јас сеуште намалувам на килажа - 4.5кг вкупно од стартната момемтално. А јадам на два-три часа. Е сега под јадење подразбирам и парче овошје. За икањето моето го осеќам 2-3 пати дневно, доле на бешика и кај стомачето што му е. Штом почне ритмичко пулсирање знам дека си ика. А и на ехо во петок кога бев ми го покажа докторката како си вежба дишење
I jas ko tebe sum ista, bez lift vo zgrada, samo so maz mi sum bezbedna, strav mi e sama, mi paga pritisok i seker i se onesvestuvam... Sega on na pat nadvor od Mk i jas si dremam sama, ne setam
Не сум излегла сеуште иако во вторникот си дојдовме скоро е. Фала богу добро сум си се движам нормално, раната малку ме здоболува. Се осеќам како да не сум раѓала. Сега за сега не планирам да излегувам, имам голем двор нема постојано внатре да бидам затворена. За шетање има време кога да се шета.
Е да, со дворче е друго, немаш потреба толку брзо да шеташ по улици, секако и топло е ама во стан не се издржува затворен.
Девојчиња да прашам некоја пред крај да не и се поправила крвта ни со тотхема што следно и имаат дадено? Сабајлево правев крвна слика и за еден месец само 0.9 ми е покачен хемоглобинот односно 10.5 ми е. После сум кај матичниот ама некако ме јаде јанза пошто и овој малку како да не се замара
Дека ситно броиме затоа ми е, инаку кога бев поназад со неделите со ништо не се замарав. Сега ми е страв дека не знам какви се менструалните болки, никогаш не сум ги имала. Па да не знам дека ете почнуваат болките да не немам време да се истуширам и средам ипак имам за возење до Ремедика не ми е блиску. Ич не сум размислувала за излегувањето. Тоа не се планира зависи и јас колку ќе бидам истрауматизирана од пораѓајот. А се некако си мислам ќе ми треба време да се вратам у колосек
За жал никој до сега не ми спомнал за мутации и немам испитано. Матичната инсистира да примам клексан. Дали мислите дека е во ред да ги примам и покрај непокачените димери ?
Мислам дека е најубаво трансфузиолог да ги види резултатите. Кај мене димерите се во ред, ама времињата се скратени. Исто имам направено и испитување за мутации, и знам дека од старт на бременост мора да примам клексани. Трансфузиолог ги виде резултатите и ми препиша по два клексани на ден и аспирин секој втор ден. И секој месец одам на контрола. Ако можеш најубаво е трансфузиолог да те советува.
Испитај комплет ддимери и времиња на транзфузиологија и генетски мутации и иди со резултати кај трансзфузиолог..
Мутации сега неможело да испитам. А за комлет ддимери и времиња ќе испитам. Ви благодарам многу на советите ❤️
@Erika.greeneyes не се секирај нема да можеш да ги утнеш. Башка не сме филм па по коли да се пораѓаме. Ако си од Скопје, а мислам дека си како и да е ќе стигнеш. Ќе вклучи маж 4 жмигавци и немаш гајле И не се секирај нема да бидеш истрауматизирана од пораѓајот. И прво и второ и трето да раѓаш е страв, исчекување, што, како ама ќе биде се добро. Да било толку голема траума немало да раѓа никој повеќе од 1 дете
Јас секако излегував низ двор, на балкон,ама за шетање не бев спремна на почеток. Не можев 5 дена на газ да седнам, јадев стоејќи, или лежев или стоев. Сега за второво си правам филм може нема да ме сечат долу Нека излезе прво ако ништо повеќе обавезно низ двор ќе ја шетам
Ако можеш да испиташ мутации би било совршено бидејќи ако имаш мутирани гени можно е да треба да примаш метил фолат од 1000мцг, метил б12 од 1000мцг, клексан и аспирин. Ама сето ова го даваат врз основа на резултати за генетски мутации и терапијата ја одредува трансфузиолог. Мој совет е да консултираш трансфузиолог. Јас сум 5ти месец, никогаш д димерите не ми биле покачени ама бидејќи сум со мутации од старт сум со целата терапија што ти ја пишав погоре. И уште нешто, ако примаш клексани нека не ти препишува матичен туку специјалист или гинеколог или трансфузиолог, во спротивно нема да можеш да ги рефундираш парите, а клексаните не се ефтини.