Ама претерано многу мрда, цело време без прекин, не престанува, цел стомак ми се криви, ме боли, и паника ме фати, да не ми пукне матката. Син ми вака мрдаше една ден пред да се породам, цела ноќ ми шеташе стомак, следната ден ми пукна водењак, ама тогаш беше време, сега не е.
И моево ме руши веќе. Како да копа внатре. Некогаш изгледа си мисли дека со залет ќе успее да излезе преку стомак. Најболно ми е кога ќе легнам на страна и тоа турка буквално точно папоков кај што ми е топчето и како боли луѓее... мислам ќе пукне... После и ниско кога мрда бодежи осеќам во вагина. Ептен претера. А некој период од денот го нема си спие сигурно и на маж му викам ќути да не го разбудиш бебето ќе ме боксира. Мм ми вика еее уште од сега у стомак те команди.
@macalavica консултирај се со докторот да не ти е мисла. И кај мене е исто, те разбирам, само што е многу високо кај мене немам долу болки, плус подолго време е вака. Мене ми е најтешко што ми прави проблем со дишењето. Ако си во можност оди за да се смириш, ќе го мислиш цело време инаку, макар што мислам дека се си е во ред.
Мене па ми е криво оти е мирно Колку време флостеронот делуваат ? Цело време вака ќе биди? Мрда колку да кажи дека е тука ептен млитаво. А шубо ме вадеше од шасија
Не читај на гугл, само од памет ке те извади. Најцрни сценарија ми излегуваат кога пребарувам. Одкако престанав да читам на нет сум рат. Си одам на прегледи и како велат докторите така. Ако нешто се исплашам и мислам дека не е во ред одам кај матичен или евентуално тука ке пишам. Така да утре отиди си кај докторот што те води и најубаво ке ти каже што е.
И кај мене денес е поуспана, незнам колку време и јас не прашав само ми рекоа ке се намалат движења и толку. Грдичко е ептен :/
Мене како ме лупа у препон ја стварно мислам ќе излезе, нека доаѓа 36та зошто ќе полудам ,а и веќе хормоните ми лудуваат. Ме фаќа паника дека не сум спремна, па после дека многу пари требаат, па ќе се успаничсм дека претерувам - а сакаш се најубаво и така ете. А он бесен турбо па после мирен па мислам зашто е мирен и никако не си. Опушти се тоа си го викам на себе и тебе ти ги викам ❤️
Ако е ко првото до крај ќе е горе баш на @Bebulleee и кажував сега, на 2 дена до термин докторката што ме пораѓаше го бараше со ехото долу, а тоа со главчето над папок качено тогаш бев со екстремна тахикардија, над 150 пулсот Се надевам нема да е до толку и ова, потешко е сега во лето, ама ќе се издржи.
Мене првото од дамна ми беше ама памтам дека од време на време само како бранови ми правеше и тоа навечер. Неможам да се сетам дали била нешто поактивна дента кога ми пукна водењакот, ама па со неа бев цел ден во движење и она послабо преташе вајда повеќе спиеше. Затоа со ова на патолошка да бев повеќе ќе се движев и тоа не е застанато. Мислам дека во 3 ноќеска ко ќе отворам очи се превртува во мене. Пишав прееска од што ме тегнеше вчера испукав над папок. @GoldenFrida викаш 36 недела на сигурно сме? Јас сум денес толку, од утре почнувам 37 да ја полнам и си викам ај барем уште 10 дена да издржиме со црвчево па после како даде Господ така
Го видов ама помислив мирно цтг, барем кај мене немаше реакција од докторот на вакво цтг ама како рекла докторката, така. Не паничете за мрдањето на бебето, секој доктор ќе ви рече нормално е. Само ако е мирно повеќе од 2 дена велат да се оди на контрола, а вака нема потреба од паники. Еве јас се фалев дека е премирно бебе уште во стомак, денеска изедов кришка нутела и се уште не може да се смири. Галете мешиња и уживајте.
Не знам ама јас сум родена помала у 35та и тоа 1992ра, еве ме жива и здрава на мама памет и имаат извадено и мама така вика се после 36та е океј и и верувам. Ќе биде добро, 21век сме, какви филмови си правев 30та до 33та среќна сум што сум до тука, инаку и јас сум мнооогу активна мислам се движам ептен, можеби и поради тоа - утре сум на прво цтг па ќе видиме како ќе биде
Јас сакам до термин да го носам. Чекај рано му е треба уште нешто да докупам и за мене и за неа. Ранецот за болница не ми е спремен хехе
Треба покрај д димери да направиш и хемостаза, за да се види дали си за клексан или не. Самите д димери не значат ништо.