Кај нас бабите и општо постаритеможе и на ова да ти речат "Што знаат докторите денес, слушај ме ти мене, во наше време..." Страшно е во кое време се застанати постарите тука на Балканот.
Кај нас бабите секогаш ќе најдат што да речат, така да терајте си како мислете дека е убаво за вас и бебето. На бабите и да сакаш да погодиш пак не можеш. Секогаш ќе најдат влакно во јајцето.
Страшно, мене мајка ми ќе дојде да ми "помага" месец дена. Повеќе стрес имам од нејзиниот престој отколку од пораѓајот што ме чека. На крај пак се ќе биде врз грбот на маж ми, што ќе треба да се грижи за мене и за бебето, плус да оди на работа и плус да се расправа со неа наваму натаму.
Времињата кога се скратени од хемостаза ли се добива тој резултат? Со прва бременост немав вакви испитувања па сега се ми е непознато.
Не се плаши јас со син ми од 6 ти месец ја имав таа мака. Буквално со клоци ме маваше, кога легнував да спијам плачев од болка кога ме клоцкаше. Со другарка ми исти месец бевме таа се чудеше што немаше такви удари. До бебенцата е, очекувај дека ќе имаш ептен живо бебенце кога ќе се роди. Инаку се породив во 9 ти месец со провокација. Упорно клоцкаше ама не му се излегуваше.
Кај мене бебе мава, на моменти ме осакатува. Некогаш на нерв кога ќе притисне, или грб ќе се укочи или нешто друго. Претпоставувам е нормално. Еве баш сабајлево, уште малце низ папок ќе излезе, како реконструкција на куќа да прави. Ми е језиво и мене некогаш, ама па се радувам дека е се поголемо и расте. Дури мислам ќе ми фалат ударите, макар и од тие што осакатуваат.
И моето е многу мирно еве влегувам во 6 месец ама не сум осетула такви силни удари само нежни и тоа многу ретко бев на контрола се е добро ама ме загрижува што е многу мирно
Да не измачуван членка тука какво искуство има со Љупчо крајно непрофесионално за да биде толку фален а и односот со пациенти да не зборувам. Моментално и ти ја оцрнуваш Александра како и јас Љупчо а и тоа не е забрането како што знам ако сум слушнала нешто имам право да го пишам а и кажам каде сакам
Јас од 15+1 осетив како нежно скокоткање, како рипче да ми плива ама многу нежно. Сега сум 20+3 и некако не застанува ептен го осеќам, дури и се познава како топче кога ќе се намести на една страна во стомакот.