Ќе почне Мене пред недела и пол на преглед ми беше 3 дена поназад и иако знам дека не е ништо страшно, се уплашив и се фрлив на протеинска исхрана. Можеби ставило на килажа што толку го осеќам или едноставно си е активно. Понеделник ќе одам на втор скрининг па ќе видам до каде сме
Здраво женски, вака така влегов 38ма од денес. Ноќеска не склопив око, од 10 до 6 сабајле контракции со болки во интервал. Бев на цтг и преглед сабајлево дека немав појдено 8-9 дена, и буквално имам лажни контракции ама во интервали на 15минути… Ми рекоа се спремала матката ќе сум издржела уште една недела сигурно ако не пукнел водењак, некој со слично искуство пред пораѓај? Многу боли, таман ќе се опуштам и пак почнува и држи така минута па пушта…
Не сум, може некоја збунка си направила Ќути, каква плашливка сум јас, да соберам сила и храброст ќе ми треба за пораѓај, арно што не сум при крај, имам време да не мислам на пораѓај уште малку. Паничар број 1 сум си јас
Срцки а брисевите во трето тромесечие во која недела ги правевте? Мене матичната ми рече до 32 да сме ги направеле, сега наредната недела ќе ги правам.
Бев на цтг сега, и регуларни убави контракции имам, а не сум отворена ни сантим. Тоа не ми е ни битно дека ќе сум царски... За некој час се враќам пак и ќе ми направат прием, така да вечер или утре сабајле ќе биде и кај нас Докторот не е тука, а денес Бојаџиев е на смена, али многу убави коментари за него имам слушнато. Инаку овие 2 дена осеќам ептен стврднување на стомак и повремено болки во половината. Али мислев рано е уште.
Од 35 та сум 3 цм и после утрогестан три дневна апликација престана процес на отворање, од тогаш не ме гледаат вагинално за да издржам повеќе. На ехо прогнозите се тие, голем плод, спуштен со глава централно чека на излез. На претходните ЦТГ ња имав контракции кои се провлекуваа постојано, сега се во интервал и еве ги имам и во моментов болките
Ова на брзинка прееска е сликано, првто цтг, другото е малце подсмирено, не идат волку високо контракциите
Немам како претходните пати, ама и болката ми е различна и во интервал тоа ме паничи. Еве ми од претходно цтг кога одев со поголеми болки Ооо кај тебе се вистинските, кај мене се лажни тревоги и болки и претходно и сега, боли а бебе не трга Претходно болката ми беше постојана, сега ми е во интервал па тоа ме буни бидејќи не знам дали ова е некој знак или не…
Па за стрептокока тој е во 35 та, барем јас тогаш го направив. Ако памтам претходно имав само на почеток и во 28 ма скриен шеќер што тестирав и толку