Бев на преглед, бебе на цтг реши да седи мирно,марфи, пред тоа а и сега ме клоца,растура,кога ке клоцне на цтг регистрира како контракција.Ми рекоа се е во ред, не сум отворена,дека е нормално.Стандард муабети без врска,па нели знаеш како треба да мрда бебе,прв пат ли раѓаш,бла бла.На крај ми рече од шеќер сигурно,и реков јас јадам само овошје,благо не јадам,газирано не пијам,ми вика во овошјето исто шеќер многу има,треба само по една овошка на ден да јадеш не повеќе.чисти глупости за жал
Тоа со овошјето е вистина, не се воопшто глупости. Посебно банани, портокали, кајсии, цреши … и да не ти редам и тоа повеќе шеќер имаат од некои јагленихидрати што ги јадеме. Шеќер нема само зеленчук што расте над земја.
Имам. Прво ме извиси една крава нацистичка, ме маткаше со месеци на крај ми откажа. Сега најдов друга, бев и на курс за бремени во некаква комбинација со јога за бремени, покриено од здравна каса.
Абре прееска самите сакаа прием да ми направат, јас реков ќе се вратам подоцна и после ааа не чекар уште некој ден со овие болки
@V.N. не знам за тебе ама јас ги докупив сега основните ситници што ми требаат. Другите што можат да се купат и после пораѓај ги оставив за тогаш. Полека да се спремам веќе, сабајле болките ме испаничија викам кај ќе раѓам ништо не сум спремна. Стравот го чува лозјето велат
А договоривте ли царски? и на колку време бара цтг? Јас пошто не сум негова пациентка некако не цели 5 мин бев во ординација и рече да си чекам појаки болки или мојот доктор кога ќе се врати. Можеби така им е начинот на работа.
Јас правев прв скриниг во Плодност и бидејки правев пранателен тест никој не инсистираше да правам приска. Изборот на пренатален тест беше лично мој избор ниту др. Таше ниту др. Кристинка не ми сугерираа кој да го одберам. Докторот има таков карактер и мене не ми се допаѓа ама дека е стручен во својата работа ќе потпишам со двете раце. Еве јас да ти кажам една случка која што и претходно ја имам пишано во друга тема : Цела бременост ја водев во Ремедика, додека бев на преглед доага доктор да се консултира со мојата докторка за негова пациент која има направено прв скриниг и приска и се било во ред нели ама она самата сакала да направи и пренатален. На пренаталниот тест искача дека плодот го има некој од хромозимите не се сеќавам кој точно и муабетот беше што да направат што да и предложат на пациентката. Јас ја прашувам мојата докторка дали може да се детектира преку ехо тој недостаток или на скриниг нејзиниот одговор беше не. Е сега ако имаш финансии и сакаш да имаш мирна глава до крај јас би те советувала да направиш. И не му замерувај на докторот од 10 пати што сум била кај него само еднаш беше позитивен и весел ама ме направи најсреќна мајка на светот
Не договоривме, вика рано е Следно цтг ми закажа за следниот петок и рече тогаш ќе се договараме, ама секако ќе биде после 1 август
Ќути не збори, немам болки ама некако бев убедена дека денес ќе ме задржат Јас утре здравје планирам уште тоа што ми треба ако најдам да докупам ако не нека се роди па после што како ќе треба ќе трчаат други
Не е страшен овој притисок. Кас баш сабајле мерев 110/70 тој ми е стандард а мислев 200 ми е отиден, некако главата ми беше хаос
@januari19 да веќе закажав за прентален тест се одлучив за нифти. Стручен е докторор и јас се согласувам ама ете мене ми направи многу стрес, ми требаше ден два да се соземам и да заборавам малку. Стручноста му е на високо ниво но карактерот му го руши угледот. Инаку секундарно ми се смени исцедокот денеска ги земав брисевите и по жешкото отрчав кај матичен за исцедокот на ехо се е добро и сигурно е од безпотребниот стрес што ми го направи тој, не е од брисевите. Нема да му го заборавам ова дело и за нареден преглед ќе одам кај Кристинка.