Ама на пример ќе одам во веце, и после се бришам убаво и пак имам малку мокро, можеби од тоа пто ја стиска бешиката долу е поставено. Башка си викам ќе видеше на ехо да имаше нешто…
Ти колку што памтам сакаш во Ремедика да се породиш. Изолирај се сега малку при крај, не дај боже корона да фатиш само на клиника ќе те примат. Добро утро. Некогаш со душа чекав викенд, сега ми е претешко кога доаѓа дека нема градинка Малиот од сабајле со специјални барања, мене стомакот ќе ми пукне од гасови од гравчето вчера, се движам како мечка Само го прегледувам списокот со термини кога ќе ми дојде редот ама далеку ми е уф...
Помош помош помош! На торч тест сите се негативни, освен анти цитомегаловирус, вика игг позитивен. Аман шо е ова, опасно е? А пак за рубела игг ми вика еквивокален. Се разбирате во ова?
Не се паничи. Игг е минати инфекции и антитела. Игм е моментална инфекција. Исто и јас се исплашив во првата бременост кога видов позитив за игг
Дали после појак грч во ногата и наредните денови ве боли мускулот назад? Пред некој ден во спиење ми се случи, ама многу беше болно овој пат и еве уште едвај одам со таа нога.
@Ano @Jana06 ја барав минатата анализа од торч, кога правев со малиов трудноќата, и додека барав ми светна дека игм е моментално, знам дека според буквите ги имав запомнато. Фала ви! Паника 200
Масирај го местото и развижи ја, пред два дена ми се случи истото уште осеќам ептен мала болка ама не е страшна скоро и да ми помина.
Обавезно пиј Вит Ц од 1000. Многу е важен за да не ти крварат непца, нос а и потребен е за да се зајакнат ѕидовите на крвните садови.
Истово сабајле ми се деси... станувам глеам на рака крв, па ајде како шлаем да плукнам глеам топка крв, почнувам да секнам нос пак крв. Си викам уф добро е чим и од нос видов за да бидам мирна. @Joraa дистанцирај се од луѓе сега... Се ближи пораѓај мора здрави да сме.
Добро утро мешиња, и јас вчера го однесов син ми кај мама демек да го почува викендов, ми се јави сега цела ноќ имала температура и пролив, многу се насекирав, она лани едвај го преживеа ковидот се надевам дека не е повторно, уште и ние ако префатиме сите ке биде страшно. Нема ден без стрес да ми почне, па ке клоца бебе, што да прави кога јас сум цело време нервозна. И да сакаат да ми помогнт обвезно низ нос ке ми излезе, аман веќе,се пожалив барем