Девојки, 36+1 сум, но во последниве недела дена се соочувам со значително зголемен вагинален исцедок. Не мириса или нешто, ама ми е страв дали е нормално. Со скратено грло сум од 30 недела 1,9цм, во 36 недела 1 цм, со повеќе лежење и одмор.
И јас овие денови имам повеќе исцедок и све мислам плодова вода е, но не, еве вчера на ехо се беше ок. Како и да е ќе си закажеш сега контрола за секој случај. Али генерално сите се жалиме деновиве на зголемен исцедок.
И јас сум хаос со исцедокот еве сега лежам и тоа читам како да проверам дали се мочам во гаќи или е плодова вода.
На контрола сум во понеделник, а бев и минатиов понеделник, веќе на неделно ниво ми се контролите. Некако не мислам дека ми е плодова вода, со скратеново грло се плашам, иако докторката во понеделникот ми рече дека и да се породам бебе е супер и ќе биде терминско, ама јас не сум спремна психички, сакам бар да блезам во 38 недела.
Добро утро мешиња од синоќа ми се јави болка во кичмата ама баш онака болка да правам ептен мали чекори и на нервоза да ме тера, стомак не ме боли само од време на време долу ниско ќе ме заболи, цела ноќ неспиена со болки мм паничеше вика ајде да идеме во болница му викам нее нормално е така треба да биде а дека и двајцата па немаме врска шо ми е тоа е друго Пред малце станав пак ме боли но со по мал интензитет од вчера, 35+ сум валјда не решила бебка да искача пред време, шо ми е незнам стварно нормално е или да одам на доктор?
Мисли позитивно, не е сè ковид, има и други мал милион вирус. Чувај се малку од стрес и да знаеш сè ќе се среди и ќе помине
Здраво. Совет за болки во препони и карлица Се трудам колку што можам повеќе да пешачам и да се движам ама со болкиве многу тешко оди 33та недела сум И дали и на некоја друга бебето и лежи само на една страна ? Моево никако не сака да се помрдне од десната страна, стомакот пресмешно стои и десните ребра ми се подигнати нагоре од лупање
Јас сум 36+2 Исто и кај мене ко водичка да протекува, ама вчера ме гледаше на ехо и плодова вода си има таман. Инаку мене цервиксот ми е преку 4см така да нема врска со тоа вајда. Изгледа многу работи што ни се случуваат се нормални ама ние само гледаме, читаме, слушаме и паничиме безпотребно. Баш вчера додека ме гледаше на ехо докторот јас ко поголем стручњак од него му викам замотана и е папочната врвца околу врат, он вика не и е. Е како не еве гледам, гледам и дека ми назадува со развој ми се сврте и ми рече многу гледаш се си е супер и супер си се развива не туку брзај со пораѓај остај го детето да си каже кога треба и ме затна
Како сте мешиња? Јас дома со бебуш, стандард, два саат спиј, еден сат дој и три саата чуди се на пелената, мочана ли е, какана ли е. Да ви објаснам за водењакот ми текна. Не течеше постојано, претежно кога станував. Додека отрчам до веце, сопираше. И можев да контролирам ко за мочање. Некогаш беше поголема количина вода, некогаш капки во прашање. Проѕирно беше, чиста вода скроз, нит розе, нит жолто. Жолтото и малце бледо розе имаше откако два пати ме прегледаа вагинално. Значи високо прснат водењак не тече ко кофа, нит цело време. Ниско прснат водењак тече цело време и ко кофа. Да не ве мислам сеа. Ако во е нешто сомнително, мрш на лекар. А, и, стомакот се намалува и се спушта како шо тече. На крајот пред операција бебето беше десно собрано, а левиот дел од стомакот празен буквално залепен. Коа ќе станев се дуваше пак.
Абе мене матичната ме уплаши...као не било нормално така крв да плукам ако имало нешо одма на лекар ...бог да чува
Од нос ни е таа крв, не се секирај. За вакво топло време ширење и прскање на капилари е нормално, посебно во бременост.
За исцедокот во Зегин ми ги препорачаа капсуливе. Е сега заборавив да прашам - се пијат нели? Не се вагиналети? Иначе исцедокот не ми е толку чест, како порано, ама кога ќе потече утоп ме прави.
Не ми текна на сајтот да отворам хаха А секаде на кутичето и упатството погледнав никаде немаше јасни инструкции. фала ти многу.
37 недела ја почнувам. Ќе почнам да одбројувам Во понеделник сум пак на ЦТГ, ама од синоќа пак менструални болки. Не силни, на моменти, ама осеќам. Возбудена, исплашена, нервозна. Од се по нешто. Некако сега ептен позрело ги гледам работите и само анализирам. Претходно дека помлада, некако по лабава бев.