Од кога почнав да го осеќам еве сум 37ма недела само на десна страна испрчено е, реброво не го знам за мое левата страна ми е празна буквално. Добар ден девојки, еве и јас денес мислев ќе пукне водењакот, лежерно се спремав за да прошетам да докупам за бебето се што немам и кога два пати водени гаќите. Си поседив така гледам не тече и решив да си прошетам еве гледам не сум згрешила чисто е се.
Битно е која недела си и зашто пиеш аспирин. Ако ти се скратени времиња обично до 30та недела се препорачува да се зема аспирин а после се прекинува. Како и да е, ќе си појачаш само вит. Ц 1000мг и немаш гајле.
Бев излезена, демек да докупам што ми треба уште. Завршив 90% од работите, другото или ќе оди онлајн или ќе трчаат други од мене додека не се породам и опраам толку е. Кало издржувате вие на жешково? Јас мислам дека саат ипол бев надвор и уште неможам да си дојдам на себе и да дишам нормално што од маска, што од топло, што од умор. @Eli23 ти сега ја имаш најслатката работа на свет гледаш дали дише на 15 мин, проверуваш пелена исто, а најврв ми е какви се каките Тебе на ехо те приметија дека ти е пукнат водењакот? Сеа почнав да се филмам јас ма да вчера на ехо ме гледаше рече се е ок, плодова вода ок, вагинално ме провери и тоа ок. ЦТГ си беше добро исто. Вајда ако имаше нешто ќе се видеше
Зголемен исцедок било знак дека се кратело грлото. Јас еднаш кога и реков на докторката да ми мери цервикс ме праша дали имам исцедок или онака ме интересира должината.
На крајот зголемен исцедок е нормален и пожелен, се прочистува каналот за пораѓај и намалува ризик од инфекции.
Можно е, но кас овое неколку дена иам ептен повеќе исцедок а 2 пати преглед вагинален воопшто не сум отворена. Не ми мереа цервикс, само ми Кажаа дека абер немам за отварање.
Јас цела бременост сум со исцедок. Од старт па и сега уште имам. Сите брисеви и уринокултура чисти ми се така да не се замарам со исцедокот веќе. Инаку изгледа имало врска дали бил како желе или водичка знам мене ме прашуваше ама пошто мене не ме интересираше баш не ја прашав.
Јас имам зголемен воденест исцедок а грлото ми го мереа преку 4см е. Ќе да биде исцедокот заштита од инфекции и нормален во овие недели од бременост
И кај мене е зголемен од вчера исцедокот, ваљда ќе да е и до топлото време, гледам повеќето се жалиме на истово деновиве. Добро јас плус и утрогесран ставам сабајле и навечер и тоа е плус кај мене, ама секако е повеќе од предтоа што беше. Него со тахикардии како се справувате, и отежнато дишење имам овие два три дена, се поврзувам со флорестанот ама можда и не е до тоа. Ептен ме замара срцето од време на време а лежам скоро цело време.
И мене ми се поклопи периодот коа примив Флостерон ми се јавија тахикардии и забрзан пулс.. Мислев дека е коинциденција ама изгледа не било..
@Cloverrrr катастрофа сум со срцето. Тахикардија, прескоци, тешко дишење. Сега средував низ дома, ми се снеарни готова за онесвестување. Цел ден сме сами денес со малиот, не знам што ќе се прави веќе. Електролити пијам јас, магнезиум и по 2 бедоксини. Имам и верапамил за тахикардијата од матичен препишани, ама страв ми е некако не знам како ќе реагирам, да не ми се зголемат палпитациите. Овие дена е повисока температурата од претходно, одма осеќам јас ко ќе има промена на времето. Плус горе бебето, плитко ми е дишењето цело време..
Јас не можам да лежам на лева страна само што легнам мислам дека срцето ке ми излезе многу брзо ми чука вие дали практикувате да спиете повеќе на лева страна или нема врска тоа на која страна ке се спие на десна кога лежам добро ми е
И ова истово баш вчера на мм му го кажував, потполно исто и сега му покажувам што си пишала истиот муабет, а нели на лева ради циркулацијата
Незнам јас деновиве се на тоа препишувам а кој знае дали е до тоа, плус е стресот што си го предизвикав сама ради инекциите и се околу тоа, и не спиев и повратив една вечер од притисок што си напраив, и сега се опуштив малку и оп одма се исприштив од стрес Незнам што да кажам ама неможам се поднесам
@Cloverrrr по 2 мислам е дозволено, не дека помага нешто посебно сепак е витамин, ама подобро од апчиња за смирување. Мене и паника ме фаќа, и не знам од што е.
Па да и јас заради тоа заради циркулација ама не бива не можам ни да заспијам додека не се свртам на десна страна