Него прашање во врска со коронава. Глеам зголемени бројки , се препорачуваат маски....нешто планираат со нас трудниве, ке има мерки? Или ке не остаат да гориме до крај
Мразам да зависам од други, до сега научена бев се' сама, обврски, финанансии... но сплет на околности направија да останам дома, а тоа што веќе сум неспособна ме полудува. До пред месец време работев во двор како нормално, сега пет минути и се заморувам, а тоа што е 39+ степени е друг муабет... едвај чекам ден по ден да помине, а тек сум 31+3...
18та сум а ме боли кичма како 9ти месец. Да поседам некоја минута и буквално со мака и болки станувам и првите 5минути се мачам додека се разодам. А розодувањево бетер од пингвин сум. Не знам како ќе терам со вакви болки и грчеви од сега. Капак на се едвај се качувам и симнувам од кола, многу ми е висока. Не знам кога ќе расте уште повеќе мешето како ќе се качувам како ќе возам.
@pineapple93 @Freckles. Немав досега некоја мака ама од вчера вечерта и денес цел ден многу ме боли, тек поручеква малце ми помина. Инаку спијам со перница меѓу нозе и менувам страни во текот на ноќта. Си викам сега вака ако боли, што ли ќе биде понатаму
Нема врска. Може понатаму нема да те боли. Не знам и јас кој месец бев ме болеше кичмата не постојано ама знаеше да ме фати. Сега како да не сум 9ти месец. Освен што ми е тешко некогаш дишењето и бебево што ми смета со неговите движења. Другото сум топ за сега
@Iris-1234 Баш ќе ти го пишев ова што го пиша @Erika.greeneyes Мене мислам повеќе ме болеа колковите и кичмата порано, него сега.
Ме утеши Мене еднаш ме имаше вака фатено пред некое време и сега пак, а ми трае ден два болката. Се надевам дека и сега така ќе биде, само да не се константни болки, инаку вака за ден-два ќе издржам
И сега е активно, многу го осеќам. Само се преместува. Многу сака десно да лежи, кога ќе се намести како цела топка да ми се испакнува на стомакот, дури и непријатно ми е затоа што затегнато го осеќам местото па ми тропкам да се помести
За болка во желудник што смее? Дали од овие за киселини како гастро гард ќе помине? Ми гори желудникот таква болка е јака, ко да ми е притиснат. Не можам да издишам вака навечер особено.
Девојки бремена сум 5та недела, нормални ли се болки во кичмата и стомакот уште сега? Не ме боли постојано ама се како грчеви пред добивање. Се плашам да не е нешто лошо.
Ехеее рано ти е за такви движења чекај. Уште многу мало ти е бебето сега околу 400,500 гр. После големо нема простор буквално ќе те руши.
Здраво заоблени Конечно се вратив во Битола, какво олеснување Малку повеќе ќе одмарам до пород. Малку остана Понеделник на предглед