Да,јас имам бело прање цела бременост,сите испитуванња до сега ми е во ред,а имам правено и плус испитување за бактерии и тоа беше негативно,тка да не ми дадоа никакави апчиња.
Добредојде во клубот со лесно да го износиш. Да бело прање има и тече но се додека е бело и нема мирис нема гајле . Јас сум 14 недела на почетокот до кај 12 недела примав вагинално утрогестан 3 на ден , пијам сеуште Прегназон омега + , фолна и магнезиум . поздрав
Мислам дека прво треба да направиш микробиолошки брисеви и да видиш дали е кандида или некоја др бактерија ,ама за тоа ке треба да чекаш до 12 недела,до тогаш земај витамин Ц пиј повеке јогурт,зеленчук ,избегнувај благо и одмивај се со сода бикарбона ,доколку е зголемен секретот како што ти кажаа обавезно на лекар и ништо на своја рака да неправиш бидејки си сеуште во рана бременост. Поздрав и добро ни дојде.
денеска бевме на ГАК и го правевме Приска тестот. Сите се изненадивме, бебушот мој запнал да расте па наместо од 6 до 8 см нашево летнало накај 13. пу пу да не го подречеме. А патем речено 13 недела ја тераме. што се однесува до белото прање еве го и кај мене. Сите испитувања бомбона , бактериички нема ама ова упорно си се појавува од време на време.
анче така е кај сите јас цела бременост ја поминав со секојдневна улошка ... како што кажаа погоре феминките се додека не смени боја нема потреба за паника
Ајде и јас да ви се приклучам како бремена во 11 недела и да прашам дали кога се прави преглед за Даунов синдром прегледот е со абдоменално ехо и со средно - полна бешика или со празна? Лекарот ништо не ми спомна и до 12 недела ми рече само крвна слика да направам и да пијам фолна киселина, други додатни витамини не ми препорача.
Мене со вагинално ехо ми го правеа, т.е. мереа нухалниот набор на плодот, а после ќе одиш преку крв да испиташ за даун со тоа и крвна слика ќе ти направат.
Со абдоменално е скринингот за нухалната туба. Е сега мене ми кажаа да мми е полна бешиката, за нели подобро да се види и измери. Мене ми беше празна па пак измерија. Ако ти се добри вредностите немаш потреба од дополнителни испитувања.
Да, и во мојот случај за тоа испитување беше абдоменално ехо. И после ми зедоа крв. Па прееска се испофалив ( ко едвај да дочекав ) х ахахах а за бебушката ама не спомнав- ми открија и хематом. Ме прати на транфузиологија на дополнителни испитувања но толку беше докторкава убрзана ајде побрзо леле касниме со термините за преглед што не ми објасни баш со која цел се тие испитувања таму. Ај да си прашам јас некој да не имал ваков случај. ????
хематом во матката како знак дека постоело внатрешно крварење. Со душа да, еднаш прокрварев некаде накај 7 недела но многу малку. цитирам= а да , еве доказ за крварење. Хематомов е многу голем мора да го решиме некако. Оди ваму таму... инекциички прогестерон мислам беа и ајдеееее следната.
Веројатно ти кажаа дека треба да мируваш поради хематомот, не смееш нагли покрети, движење, да пружиш алишта, да креваш потешко, за да не дојде до крварење. Нормално сето ова важи ако е сериозна ситуацијата. Обично сами од себе си се повлекуваат. Јас два пати имав хематом на постелка. Пиј и витамин Ц оној во лентички на Алкалоид што е, по едно две на ден, немаш зијан од него.
Ама од искуство, вит Ц растварај го во малку водичка, поготово овој нашиов на Алкалоид и оној од Плива. Мислам дека на даде и Аспирин и дадоа, ама да не ширам дезинформации, витаминчево е општо познато дека спречува крварења. Мамички денес на ургентно завршив со болки во стомакот и докторот ме прашува: а ти да не си трудна? Ех си мислам, како би ја да родам едно мало бушаво плаво палавко бебувче, ама уште некоја година ќе морам да се осигурам со грдава бактерија, така ме советуваа денес , велат сега бременост и Еширихија коли не се најдобра комбинација, може да биде прилично ризично, има некоја од вас информации за ова чудо?
Во 7-8 недела имав еден кафеав исцедок кој го установија дека е хематом, овие хематоми кои и кај МЕу се појавиле наводно биле од тоа што матката се ширела и создавала притисок на крвните садови па и затоа овие хематоми стоеле. Е сега тие можеле да пукнат порано или покасно во текот на бременоста но реално не предизвикувале многу страшни работи освен ако не се попратени со големи болки кои можело да доведат до недај боже спонтан абортус кој во второто и третото тромесечје е реално со многу помали шанси но може ад доведе од појава на повторно крварење. Аспиринот како лек доста доктори го препорачуваат да се пие но реално тој може да предизвика уште поголемо крварање од постоечкото па е преопрачливо да се избегнува што е може повеќе, а витаминот Ц се препорачувал за ојачување на имунитетот кај жената како и останатите витамини кои служат како подршка на самата бременост (мислам на витамините во Прегназонот Мамавит и сл) Во секој случај бременоста захтева поинакво однесување од поранешното а тоа значи посветување повеќе внимание на самите себе си на нашето тело поголем одмор и слушање на стомачето (мешкото) и на нас самите . Мене на пр. Мм ми се љути што сега повеќе седам дома а помалку шетам како порано ама нека се љути неможам јас на него да му шпартам толкава километража како порано(може фино лепо да си земе точак и чао) Значи во овој период сме пред се ние самите битни па нашиот бебуш па цела друга околина ,,, Треба да се слушаме самите себе си... Поздрав мамички и ужавајте во себеси
Точно е тоа, многу да внимаваш. Не зборам од лично искуство, прерано ми е мене за трудничките муабети, ама онака дека имам информација поврзана со темава. Моја блиска роднина ја имаше оваа комбинација од бременост + бактеријава и бременоста заврши најлошо што можеше, немате поим колку се искомплицира ситуацијата во седми месец, и сè отиде во неповрат. Гледај прво да го средиш проблемот со бактеријата, ако може нешто да се опраи работата, па после другото планирајте го.
Добро утро ,се вратив од контрола и пак ништо имаше некои контракции ама јас не ги осетив ,уште еден ден неизвесност,навистина тешко е вака да чекаш ,денови години ми се сторија ,ако не се породам до недела во понеделник со провокации ке биде. Ако има некој искуство со провокации нека пише викаат потешко било така вештачки болки биле,ама кога не сака вака природно нема што да се прави.
леонтина , јас два дена пред да се породам се сеќавам на цтг имаше контракции ама и јас така не ги осеќав. И по 2 дена ми пукна водењакот и се породив Дај Боже да биде така и кај тебе , а за породувањето со провокации еве овде има тема на форумот па можеш да прочиташ и другите што пишувале bremenost/poraganje-so-provokacija-t1156/ Поздрав и што и да биде со или без провокации , да знаеш дека на крај се исплати
Исто и јас како тебе бев , деновите си одеа ми помина и терминот јас ни болки ни ништо . Петокот се спремив се идам во болница ке се порагам , ме вратија дома Ми дадоа коктел еден да пијам за да добијам болки . И пак ништо го испив и коктелот Ама за саботата решив ако одам во болница да останам и не се вракам без бебе Саботата ми ставија провокација , и Така цееееееел ден се шетав натака навака , првите часови убаво поминав , после тешкото ме фатија болки во кичмата нопишливи болки А не се отварав воопшто Не бев спиена ич цела нок , два пати примав нешто за да ги намалат болките ама не помагаше , и дури неделата епидурална Е после се и јас се наспав И така цел ден го поминав на цтг , болките си беа јасни на цтг јас не ги осекав и се отварав полека и се породив кај 20ч неделата .