sinjoritalombardi само бог ми е сведок кога го прочитав твојот пост колку само се изнаплакав и се соживеав со твојата ситуација што се ти се случувало вчера Господ е голем ке ја казини таа вештерка немој ти да се секираш за тоа само уживај и одмарај сега со лес да си ја поминиш цела бременост вчера не ни знаев што да ти пишам освен дека ми е жал, а мене ме јадеја страшни соништа и мисли во главата мм почна да ме кара оти се соживувам со такви работи и почнувам филмови да си поравам во главата ancetupance понатаму подобро внимавај како скокаш знаеш сега дека си со голем стомак и тој ти тежи, а што се однесува до секс и јас си имам нормално ама изгегнувам колку што можам или гледам да имам двапати или еднаш неделата meu извини за предходното напишано во врска со сексот сакам да те прашам ние што несме од ск каде мозиме да ја најдиме кремата дали ја има по аптеки или во поголемите маркети Сега нешто и за мене т.е немам ништо посебно да кажам се сум во ред гадењето уште си го имам ама се изретчува и не е страшно само што бебушов некако ме притиска од сите страни никако да се наместиме за спиење, а и рано ме станува, санувам за мочање и после неможиме никако да се наместиме да си прилежиме се трудиме оти сега уште не сме многу големи што би правеле понатаму ако се жалиме од сега а и како сум искасана од комарец замислете само на долниот дел кај јајниците. препоните и колковите цела сум ама решето и неколку на грбот друго место никаде и се чудам како можи така ј.б.г ( се извинувам )
Каква коинциденција Ануле88.. Едното цуце во брак 4 месеци и 15 дена, другото 4 месеци и 17 дена..хахаха Јас во средата, на 9 мај ти изгледа во саботата.. Мажулево мое сабајле излезе за на работа во 8 си дојде дури во 11 вечерва и сега нана ко заклано. Јас.. побудалев сама жими се. Сум пуштила машина перам алишта, бришев прашина и тоа се после 12, Нокна птица. Дремка ни за лек. ПОсле цел ден ке спијам. Стомаков ме боли, мислам дека се ме чеша.... Ауууу бреее....
Идни мамички синојка зборувавме со маж ми за име ако е машко бебушот да се вика Кристијан но имаме малку двоумење дали да биде Христијан или Кристијан па ако сакате да ми помогнете оно е исто ама само една буква е во прашање
Значиии бев во право Пола доктори абер немаат Леле вчера бев во гужва не успеав да се приклучам за да пишам некој прикладен збор, ама денес имам само да кажам Јухууууууууууууу Сењорита отпиши ги кавадаречките доктори и болници и ела си во Скопје, вакви шокови не му требаат на никој.Среќа што син ти не бил поспан дента, па со мрдањето ти дал сомнеж дека треба да се провери уште еднаш, инаку не можам да поверувам каква трагедија ќе се случела Јас вчера толку се натажив кога прочитав, што мм ми ре рече дека ќе ми забрани читање на труднички форуми додека не се породам Ајде со лесно нека продолжи до крај бременоста и онака повеќе од пола пат го поминавме, заслужуваме сите здрави и убави бебенца.
Уник од аптека без рецепта одат инекциите??? Колкава им е ефикасноста, кој ти спомна за нив? Да знам дали да зимам. Значи и вие сте спремни мене ме збуни Еленика, викам зарем само јас вака пред да се роди бебушот се спремив Ама па не ми се остава за после. ануле88 кремата ја има само во ДМ маркет, нивно производство е. Ако сакаш да направиме некако да ти ја земам и да ти ја пратам??? Еленика јас би поврќе за Христијан, едно што ми е по православно, а и некако по меко ми звучи.
Senjorita.Lombardi, немаш поим колку ми е мило што се е во ред со тебе и бебето. Вчера кога прочитав, не знаев што да пишам, дури вечерта напишав неколку збора. И како што реков, како Господ никој не е, сте имале среќа. А за таа докторката немам зборови, страшно. Ти може не сакаш да ја тужиш, ама таков стрес да ти направи барем пријави ја, нема потреба да им го загорчи животот на други.
Senjorita Lombardi многу ми е мило за вас што сте супер, пред некој ден која ја напиша лошата вест плачев од тага, а сека кога прочитав за супер вест кожата ми се наежи и пак се расплакав од срека (не верувам дека некој не е пуштил солзи за оваа вест). Верувај во господ, како што е тој никој не е. Голем поздрав и уживај понатаму во бременоста.
Леле Сењорите Ломбарди, не знаеш колку ме израдува, се и раскажав на колешкава и се израдувавме и двете, ептен сум среќна за тебе. Види го ти тоа мало херојче, не се дава, ангелче мило, сакало да каже мамичке тука сум. Леле, како е господ никој не е, дефинитивно. И јас ќе ти кажам да ги тужиш, ама па така ништо посебно нема да постигнеш, можеби да поденесеш пријава во Комора на лекари ќе ти биде поедноставно, нит ќе се мачиш нит ништо, а дека имаш докази имаш, сигурно ти дала упат за во Скопје. Господ да ја казни, идиотка, спакувај си документи од кај неа и ако имаш избор веднаш да се префрлиш, ако не ти советувам да идеш дури и до друг град за прегледи, познавам многу девојки кои дури од Кавадарци идат во Валандово на гинеколог, навистина имаме одличен доктор, секоја чест. Ако ти треба информација слободно пиши ми. Гушки до тебе и една ама вредна за твојот мал херој, пошто сум љубител на женски, ако имам ќерка под дрво и под камен ќе го барам да ја жени ќерка ми
Senjorita.Lombardi мило ми е што испаднало се како што треба вчера прочитав и многу се натажив. Имај си лесна бременост.
Добар ден женчиња јас конечно се наспав како човек. Како сте вие? Еленика јас мислам дека Христијан е подобро име од Кристијан, Чисто православно име е, и знам братучед ми е роден на велигден и е крстен Христијан, оти нели тогаш се вика Христос се роди. Али сепак ова е само мое мислење, ти си му мајка на бебето и ти треба да се одлучиш како ке се вика AngelOfArh ме изнасмеа, обавезно ке ти го чувам син ми за зет , за тужење не ја тужиме, ама мм ке ја привел за несовесно работење, го зема упатот назат за да му послужи како доказ, јас многу не се оптеретував со тоа ама тој многу се оптерети и не дозволувал некој да си игра со неговите чуства, па му дозволив што мисли дека е правилно нека прави.
Ќе постигне - задоволување на правдата и СПРЕЧУВАЊЕ од вакви идни грешки на докторката. Ако една настрада, нели е фер јавно да се каже, за да се „спасат“ сите идни мајки кои можеби би поминувале низ истава голгота?? Заради ваквите причини лекарите треба да се истакнуваат на Ѕидот на срамот, не затоа што давале екстра боледувања на трудниците! И што фајде ако Господ ја казни, кога таа ќе унакази толку фамилии?
Паметно си постапила Сењорита. Верувај нас мајките ни е важно само тоа што се е како што треба, но мажите иако можеби во афект, понекогаш правилно постапуваат. Ова што се случи не е за да остане неказнето, Бог ве чувал можеше страшно да излезе.
да меу можеше да излезе бог да чува, јас ни во еден момент не мислев докторката како ке помине туку прво мислев зошто мене ми се случи, кога дури пак ке добијам бебе, а толку многу го чекавме и сакавме и на крајот кога се се дозна дека е во ред пак не помислив на докторката што згреши туку си викав фала боже што ми го спаси бебето.Е сега мм не е како мене одма се сети ахх таа докторка ке виде она и ако има време и нерви нека и врати. Мајка ми цела ноќ се молела и после добрата вест вика треба да го крстите Марио, како Богородица оти пред некоа ден сонувала како пред огледало заб саи вадела и дошла Богородица и и рекла остави го забот здрав е зошто го вадиш, провери уште еднаш ке видиш дека во право сум, ако го извадиш ке ти остане голема дупка никогаш нема да ја потполниш. Јас останав без зборови
Хаахаха баш коинциденција замисли и јас перев алишта и спружирав во 12 и моето маже си спиеше гајле си немаше дури и се капев толку касно . А мене ме чеша ама баш од нешто деверицата ми вика некоја болва ме има полазено ама цела сум со црвени мозолчина и чеша ли чеша ( да иначе во саботата на 12 мај ) meu дај ке видам ке побарам тука ако ненајдам нешто соодвето по ќејв ке ти пишам ЛП и ке се договориме
Моира, во судница нашава пријателка само ќе се измалтретира, ќе се навраќа на проблемот одново и одново, а со тоа ќе се потсеќа на немилите мигови. А што ќе направи судот, ќе ја казни, ќе и ја одземат лиценцата? Па тоа може и со Комора, не мора да дава пари за адвокати и тужби, едноставно ќе поднесе документација во Комора и тие самите ќе продолжат понатака. Сењорита како што реков, како е Бог никој не е, Марио е прекрасно именце и е вистински начин да му заблагодарите на Бог за тоа што ти го спаси бебенцето, секако вие ќе го изберете вистинското име, но сонот на мајка ти навистина ме наежи.
Сењорита ме наежи и мене . Но ете и во соновите има голема виситна. А баш поради овие сонови денес сум целата замислена. Сонував како надвор пред врата гори оган, треви некои се запалиле(за да се расчистат), и се појавил поп кој дошол за да ја освети куќата, па кажал , ај ваму има оган, ваму ќе пеам(молитвата). Сеа се мислам што да правиме Деновиве ми се полни со чудни сонови, премногу почнав да сонувам. А ич не сакам ануле88 нема проблем, како ти одговара така.
senjorita.lombardi, миличка, кога ја прочитав лошата вест знаев дека нешто не е ок со таа докторка и имав внатрешно чувство дека не треба да напишам ниту еден збор затоа што бев убедена дека не е вистина тоа што ти го кажале (да ја казни БОГ вештерката што уништува животи) кога го прочитав тоа дека бебушка е жива и здрава излетав од радост и знаев дека внатрешното чувство никогаш не лаже , МНОГУ МНОГУ МНОГУ ми е МИЛО за тебе и твоето бебушче и само напред никогаш не дозволувај инстиктот да не го послушаш. Имај прекрасна бременост до крај и само позитивни мисли, а докторката не само да биде приведена туку јас мислам и јавно обелоденета за да не им направи вакви стресови и на други..... Со лесно мила , и само напред поздравче до сите мамички ....
баш така , може е само обичен сон, коинциденција со настанов, ама ете, на тој што му е пишано да биде ке биде, на тој што не му е што и да се праве не бива, а и се се случува со причина. А ние трудничките ке правиме се за нашите бебиња и сега додека ни се во мешињата и кога ке бидат со нас, тоа е мајчински инстинкт, го имаат и најсуровите животни, не па ли ние луѓето.
ле ле sinjoritalombardi чудо нешто со сонот на твојата мајка и да го крстите навистина Марио и онака е убаво име само нека е здраво и право се наежив цела ццц ај после речи неверувам во такви работи седи бе божја сила си е тоа тука неможиш да знајш ама баш ништо