Не се секирај, ако е омикрон многу кратко држи инфекцијата. Јас кога добив позитивен тест, по 3 дена пак се тестирав па веќе бев негативна.
Ајде ваљда добар знак е и тоа што се поосетливи. Па и да е корона без паника, сеуште немаш договорено нели? Полесни симптоми се, за недела дена минува и изолација и се. Иначе јас два пати легав корона, од кои еднаш бремена. Вториот пат само еднаш качив тт до 37.4 и после само течење на нос и затнат нос. Помина со Аква марис спреј.
Jas piev sega eden vittamin C i eden paracetamoll ama ke pojda i ovoj sprejot da go kupam sega valjda ke mi pominit, fala ti
Девојки сабајле приметив модрица на десната нога на долниот мускул. Д димерите во петокот ми беа 800, а времињата во граници. Тромбоцитите благо покачени и докторот ми врати аспирин да пијам, секако се боцкам и со клексан. Дали може нешто да има врска со бременоста и со вредности од крвта, од што може да е, ме вознемири една мала модринка, значи до толку сум за никаде. За два дена 14 недела почнувам.
Se plasam mnoguu da ne mu prajt nesto na bebeto poveke zatoa me fakat panika, cela nok ne sum spiena (
Добро утро. Дали сте имале денови кога сте си го осекале стомакот помал и полесен? И зошто е така? Се уплашив
Нема зошто да паничиш, колку трудници само прележаа и корона и настинки и вируси. Само смирено, не земај парацетамол ако немаш покачена тт и повеќе течности и овошје и се ќе си биде во ред.
Да не ти е од аспиринот модрицата од аспирин се појавуваат модрици јави се на матичниот прашај јас имам читано дека од аспиринот се појавуваат модрици
Јас скоро и да не осеќам никаква промена на градите , малку поизразени вени и тоа , ни колострум , ни зголемени ареоли , ниту да ме болат , само овие два дена ми се лупат , се мислев после да купам да почнам со ланолин да ги мачкам Ти со што ги мачкаш?
Прво перење на шарени шпихозни и тетра пелени на 60? Со претперење и дополнително плакнење? И мене така ми се лупат. Мачкам ова од бејби лов, а земав и ланолин на медела, ама тоа планирам за некоја недела да почнам.
Нека се измори во стомак, после да е мирно и спанко Јас се тешам дека од кога ќе се породам ќе се изнаспијам, бременоста во неспиење ми поминува. Убаво е да си имаме фантазии некогаш
Додека не почне да преспива цели ноќи тешко. Ако е на ад тогаш може маж да му даде во текот на ноќта. Ама ако доиш спреми се да спиеш на рати. Доиш, гледаш дали дише, проверуваш добро ли е наместено, заспиваш и за 5 мин пак одново.
Добро има ли некоја како мене одвратно чешање на нозете и стомакот? Мислам рани ќе си отворам веќе стана неподносливо, ај на стомак од стриите и ништо не ми помага ама нозеве…
Баш некна читав едно истражување дека мајките си го оправаат сонот по 6 години од рагањето. Си мислам со првото пред да се оправи, ајде второ, па и како што сакам трето, ќе се средиме за 20тина години здравје. На 50 ќе спијам како заклана @Lina-Detelina на такви болки не се сеќавам, знам дека и левиот јајник знаеше често многу да ме боли, слична како болката во овулација. Бев исплашена да не е циста, ама чисто беше на ехо. Како и да е мислам дека секакви исдржливи пецкања се нормални, матката се шири, турка други органи, некако логично ми е
Многу звиси од дете до дете. Син ми релативно рано почна да ја преспива цела ноќ. Кога имало скок или заби се случуваше да спие немирно ама кога е се како треба, го нема да претне ноќе. Има деца ке се будат по 3-4 пати.
Имаше направено некои промени во рутина или навики за да почне да преспива цела ноќ или спонтано се случи? Внук од золва сеуште не спие воопшто навечер, 2-3 саата да му се збери вкупно, а големо е веќе 1ипол година. Се мислам дали ние некако ја создаваме таа навика кај децата или сами си одредуваат тие. Се извинувам, одиме ептен офтопик
И кај мене ништо на ехо не забележа, а од лево си ме наболува исто кај јајникот. Само бројам денови и чекам следна контрола.
Мојот од 2 месеци почна цела ноќ да спие. Никогаш се нема ноќе будено, 6 и пол години е. Никаква промена немав направено, зависи од бебето најмногу, штом поминаа грчевите се смири и си спиеше.