Добро е, леле веќе пошто се осеќам како панда и имам чувство дека се ме боли, не знам ни што суштински ми се случува.
Ја гледав пред некој ден Сара Мејс во Скинфинити правеше лимфна дренажа на нозе, дозволено ли е во бременост? Јас се си мислев дека не се дозволени тој тип на масажи
Таа па таа... чучна во авион во 8 ми месец ојде до турција на одмор, влезе во кафез и под вода беше со ајкули околу кафезот сеа лимфна дренажа правела ... Господе
Сега прочитав на странски сајтови наводно дека била дозволена ама со благ притисок и дури се препорачувала ако имаш отоци на нозе. Јас сум слушала дека кај нас не препорачуваат иако не сум зборела со доктор за ова.
Девојки..до сега воопшто не читам никаква литература за породување ниту пак за мајчинството ,ниту пак посетувам било какви часови. И заради ова на моменти се осекам ко да сум "неозбилна" и "помалку вредна". Си викам ту бре за ништо не се интересираш ... Баш се осекам неубаво . Можеби е ова предизвикано и од безброј реклами на инста и блогерки кои се "совршени" па посетуваат секакви часови и читаат Си викам каква мајка ке сум и како ке знам а ништо не читам и не гледам.....
Совршена мајка! И да читаш и да одиш по часови ќе видиш кога ќе се роди дека не е се по книга. Стравот е кај сите како ќе се снајдам, дали ќе се снајдам, дали,ќе можам јас тоа....верувај се си доаѓа од внатре. Не викам дека не е убаво да знаеш нешто од претходно, ама во книгите најчесто е пишано совршеното...филм А сигурна ќе бидеш дека си на прав пат после неколку години кога ќе ти рече ти си најдобрата мајка на целиот свет, неможам да живеам без тебе! Нема да знаеш што да правиш, дали да плачеш или да се смееш
Исто и мене тоа ме мачи … гледам има техники за дишење и сл. за пораѓај јас поима немам како треба да се понашам… ама па некако си викам ако земам нешто да читам на нет повеќе ќе ме збуни и само филмови ќе си правам зашто има свашта… а инста тоа блогерки ништо не верувам се е маркетинг, оставам да ме води инстинкт…
Ич да не се замараш мислам , јас кога дознав дека сум бремена правев планови како ќе вежбам цела бременост , како ќе одам на часови , значи ништо од тоа не направив па ни алиштенцата уште не ми се средени , а за два дена во 36та влагам и искрено не се чуствувам ниту не заинтересирана ,ниту помалку мајка од останатите , така да терај ти како мислиш дека е најдобро
Јас од што присуствував на сите можни он лајн обуки и едукации и мислев дека знам се искочи дека немам поима од ништо Само од себе ќе си дојде,се, убаво е да се едуцирам ама тешко се практикува тоа што ќе го прочиташ со реалноста. Лично за мене сметам дека ми недостасуваше едуцираност околу доење, сеуште се борам да добијам млеко ако би го вратила времето назад еден месец повеќе ќе се интересирав за лактација и доење. Чисто како совет од мене доколку сакаш да доиш да почнеш уште сега да читаш литература или да посетиш некоја работилница.
Jas yaka mislev sum nastinala jako ama ispadna corona , ne se plashi pominuva brzo ... e so corona primaat samo na gak ima oddela za covid trudnici ... Izolacija trae samo 1 nedela taka da ke pomini izdrzi da ne se porodish , pijaj technosti mnogu