Не знам за вас, ама секој пациент си е приказна за себе. Нормално е во бременоста да сме нападнати од секакви микроорганизми, затоа што ни е намален имунитетот. Нема потреба од паника и да е корона, но не се ни оставајте само на совети пишани од форум. Одете на доктор. Не земајте ни преголеми дози на витамини, ако тоа не ви го кажал доктор. Парацетамол иако е дозволен, не е ни во ред да се зема како бомбони. Не се тестирајте, ваше право, ама одете на доктор и слушајте од таму совети и инструкции.
Исто и јас мислам така, во моментот кога ми де затна носот и ми течеше крв отидов на специјалист а потоа конзумирав лекарства во консултација со матичен гинеколог и специјалист. По пет дена амоксиклав бев како нова, но ми препишаа и специјален оперил со дексаметазон како и лоратидин специјална терапија за отечена слузокожа. Значи многу е важно да се оди на лекар. Не само во бременост туку и општо, не смееме да ги земаме лекарствата на свија рака искрено сите сме различни. Топол совет да посетите лекар ❤️
Не се играјте тестирајте се и, ако сте позитивни одите на лекар и гинеколог тие ке ви кажат што и колку да пиете. Нема зошто да паничите, според ова што го пишувате најверојатно е корона. Не е страшно многу трудници ја прелегал, но не се оставајте така. А можеби и не е. Сепак вирусот е пак раширени, само што луѓето не се тестираат. За да се лечите и пиете нешто треба лекар и гинеколог да ви препишат, на своја рака ни витамини не би зела и не земам. A со нетестирање ништо не правите во ваква состојба мора да ве следат лекари сепак што е сигурно, сигурно е.
Слободно боцни се, и така треба обично во исто време секој ден да се боцкаш. Еден клексан воопшто нема да ти влијае на резултатите. Јас се боцкам 2 пати на ден моментално и кога одам да проверувам не ја испуштам терапијата.
Среќа што чистев боровинки 10кг и си замрзнав инаку залудно потрошено време. За полисите така ме изнервираа што сакав да вклучам микрофон и да го прашам педијатарот кој работи во државна болница, зошто народот спас да бара на приватно, за што плаќаме здравствено… дно дна. Посетив неколку работилници во бременоста, од кои и две од Систина доста темелни, концизни и кратки со одговарање на сите прашања. Ова беше ка та стро фа!
Најдобро така... Какви глупости се пишуваат само повеќе страв и паника предизвикуваат. Тоа е инстинкт, така да ке се снајдеме сите. Плус на интернетов има толку различни искуства, некои не толку добри што не значи дека ке ни се случат и на нас.
Во врска со информирањето околу пораѓајот. И јас читав еве по форумов искуства, прашував познанички се интересирав. Убаво е да знаеш пример како почнуваат болките,како да се стимулира доење и сл. Ама некогаш подобро да не читаш ништо и како на кафе да си одиш на пораѓај. Јас од искуства што слушав лоши таков страв си набив во себе, веќе не ни читам породилни приказни порано ги читав. Сфатив секоја жена како што има индивидуална бременост така и секој пораѓај е различен. Па се надевам мојот да биде полесен.
Ова вчера ми се деси неколку пати, струја под папок доле ниско, во секунда и прекинува ама боли Рано ли е кај мене за ова 31+2 читам по накрај дека се јавувало?
Жени, Вие што сте имале или разбрале за бактерија еширихија коли во мокрача... Пијам антибиотик веке една недела , и од вчера почна пецкање, чешање, и непријатно многу над мочното каналче, на почеток од срамните усни... Незнам што да ставам да прекини пукнав цела нок -
Седам и чекам ред на ЦТГ. Сите се со партнери и една трудница е со мајка или сестра. Некако незгодно ми стана оти сум сама. А маж мислеше ќе оди и он, па зеде слободно, ама го оставив со синко дома. Вие со партнерот одите на ЦТГ? Што ќе прави со мене кога на ЦТГ влегуваш сам?
Doktorkata me tera da pijam 2l uvin chaj , ne od brusnica ... Ke popukam ... samo da zapri cheshanjevo
Добро утро Не знам за ешерихија, во секој случај за било каква инфекција на уринарен тракт секако е добро увин чај, јас пиев до пред некоја недела за друга инфекција на мочните патишта.. не пиев по 2 литри, пиев по 3 големи чаши секој ден и минатата недела уринокултурата ми беше ок. Тоа е мое искуство види сепак со матичната.