Ниту мм не доаѓаше со мене на цтг, ниту пак на ехо. И со првото кога бев бремена не доаѓаше, освен на вториот скрининг во Систина кога бевме. Можеби останатите трудници имаат болки, па дошле со придружба. Ај на ехо можеби го мерак таткото/бабата да го видат бебето, на цтг што би гледале.
Цел викенд навечер имав болки во кичма, лажни контракции како благи менструални болки и тој процес трае околу саат-два, мислев готово се пораѓам, дојде денот амааа ништо ќе си заспијам. Денес бев на цтг, 38+5 сум, абер немало од пораѓање, и вагинално ме проверија, затворено си било.... Не знам, можда има врска, ама накај 34та недела имав мало крварење и тогаш ми кажаа да одмарам, до 36та-37ма. Можда се улежав и сега не му се излага на бебево А од секогаш сум мислела дека второ дете побрзо сака да се роди, ама ете нема врска ...... А имам чувство онака, едвај чекам да се породам и реално да се олеснам
Девојки од кога ќе се земе потврда од матичен за клексани, извештаи од транзфузиолог сметка де носи директно во фонд? Копии дали се правевте нешто да не испуштам дека планирам да одам утре да поднесувам фала
Извештај од специјалист за клексаните Потврда од матичен за примени на истите Копија од транскациска Барање за рефундирање (можеш таму да си пополниш? Фискални со сметко потврда , и копии од истите .
Јас со првото на секој преглед, цтг одев со маж, добро дека во друг град, па тој ме носеше, ама ништо немаше пропуштено. Сега доаѓа само кога има кој да ја чува ќере, ако не долу на паркинг ме чекаат. Мене поубаво ми е кога е тој со мене, што знам, може дека се навикнав Едит Заборавив да ве прашам. Вие што сте породени со прво бебе природно и сте сечени долу, дали сега кога сте бремени со второ ве боли раната кога се движите? Јас сум онаму кај 26ти на преглед па тогаш ќе му речам на докторот да види што е работата долу, зашто ме боли баш кај раната..
Маж ми оваа бременост дојде само на втор скрининг кај Димчев, за се друго палам кола и идам сама. Замисли ја бабата на прв преглед од мерак со вагинално ехо
Мешиња да не бидам оф топик па ако може да ме упати некоја Пред некој ден се збореше за едни појаси за стегање после пораѓај, ги порачувале од али Да не знае некоја во која тема беше муабетот?
Фала ти, а тоа барање да не го има онлине да пополнам пред да идам и дали имаш инфо од колку до колку работата кај црвен крст?
На сите ехо прегледи одеше со мене. И кај матичниот на цтг кога бев седеше со мене за муабет. Во болница не го пуштаа, протокол, немаше корона. Реално за цтг нема потреба да оди со тебе.
Секаде го водев маж ми со мене матичниот секогаш го пушташе и тој доаѓаше, ептен ретко да не е дошол со мене.
Девојки споделете искуство со плацента на преден ѕид на матката. Кога и со каков интензитет ги осетивте мрдањата на вашето бебе? Втора бременост ми е 18 недела сум и сеуште го немам осетено бебето да мрдне а викаат со второ многу порано се осеќа. Ќерка ми многу рано ја осетив некаде 16-17 недела и до пороѓај не застана од мавање. Пред 2 дена бев на гинеколог се си е ок ми рече докторот дека не го осеќам сеуште ради плацентата што е напред и дека вероватно ударите ќе ги осеќам како амортизирани.
Devojki. Mi nablizuva vtoriot skrining I mi e strav da Ne najdat nesto so Ne treba ,dali ke bide se u red...moze li nesto da trgne naopaku ? Iako do sega fala bogus se e dobro
Во животот се може да тргне на лошо. Ама и се може да е добро. Сега си во позиција каде нема што да направиш. Само можеш да мислиш позитивно и да не се оптеретуваш со нешто што не можеш да смениш.
Ќе биде добро, не се грижи. И јас бев денес на втор скрининг и исто со страв отидов, а немаше потреба. Стравот е нормална работа бидејќи сите сакам сè најдобро за најмилото. Ќе биде сè во ред, само имај позитивна мисла
Извештај од транфсузиолог или гинеколог во копија Оригинал и копија од фискална сметка Потврда од матичен гинеколог за примени клексани во оригинал Копија од трансакциска сметка И образец на барање за рефиндација на средства до фонд, го имаш на нивниот сајт или на шалтер има примероци