Еве јас разбрав во 36та недела дека плацентата ми е на преден ѕид, предходно многу го осеќав сега ептен послабо, не знам дали од почеток ми беше така поставена или има шанси да се сменила во последно. Инаку 18та недела и не е нешто многу за да го осетиш, имаш време не грижи се.
Не можеш ништо да направиш. Се шо треба е да мислеш позитивно и да веруваш дека бебчето во тебе е многу храбро да истурка до крај, дека едноставно ти е судено тебе и ништо на овој свет не може да ти го зеде Верувај во вас мајка
Мисли позитивно се ќе биде во ред, мора да биде. Јас додека да се породам секогаш некои мисли ми се вртеа се ли е во ред со бебето, живо и здраво ли ќе се роди.
Мислам дека нема врска прво/второ дете, првото порано го почувствував, околу 17 недела мислам беше, второто околу 20
Јас сакав да купам и почнав да читам и се потресов, добро било лишо било не било ок полошо правел појасот не знам што да правам на 36ти ќр ја прашам Корнелија за мислење
Овие од сликата не можам да ги најдам, ама има други цената ми се движи од 13 до 40€ цената е различна за различни држави, а мислам и моделите. Незнам дали има ефект, сликата ја зачував за да си порачам.
Читам погоре препорака 2l увин чај. Не е дозволен кај трудници во толкава мера .. исто брусница, одлична е за уринарни инфекции но кој си има мака со каменчиња или песок треба да ја избегнува, формира оксалати во бубрезите. Мене интернист ми препиша диурекс сега во бременост, но после читам коњско опавче (од негов екстракт е направен диурекост) може да дејствува невротиксично на плодот,слично како никотинот...
Мене првата бременост ми беше плацентата на преден ѕид,и јас не баш често го чуствував бебето,прв пат некаде накај 22 недела го осетив,7,8 и 9 месец по често пред тоа не,без паника чим се е во ред со бебуш не е ништо страшно,со лесно
А можно е да сменува позиција ? На прв скрининг матичниот ми кажа дека е ми е на заден ѕид. После на приватно во големи месеци на преден и сеа појма немам дали е напред или назад
Епа најверојатно се менува, и мене матичната не ми спомнала дека е на преден ѕид а додуша и супер го осеќав бебето порано, сега кога појдов кај докторот што ќе се пораѓам гледам на извештајот пишале дека плацентата ми е на преден ѕид и си поврзав дека најверојатно не го осеќам бебето од плацентата. Не сум голем паничар па затоа и не сум и спомнала на матичната дека послабо го осеќам бебето а веќе ги завршив прегледите кај неа.
Добро е, Фала што ме помисли не ме боли, значително е намален ама сеуште е тука..ставам само кантарион,не знам колку масти купив, ниту една не ми помогна како кантарионот. Не верувам дека ќе го снема ама бар не ме боли.
Дека имаше пишано дека ќе купиш последно хепатромбин х па реков да видам што направи. Инаку имам јас хемороид таков од првата бременост, ми стои и ден денес
Ај добар ден Мене ми е нервозен ден. Значи ви се случило со некоја личност да не можете да излезете на крај, ништо да и немате направено а за инат да прави се против вас да ве нервира и наштети. Поточно се работи за еден од моите претпоставени. Од старт од кога сум во фирмава нон стоп нешто има против мене небитно да скратам. Сега за боледувањата ги нема однесено во фонд и ме прави мене будала, да не должам многу на долго и широко и да откривам детали од разговорот. Да одев на работа сигурно од нон стоп вакви закачки и нервози, пред време ќе се породев. Среќа, па не одам на работа.
Мојов секогаш ме вози, ама ме чека во кола. На ниту еден преглед не присуствувал, а не ни сакам. Најубаво ми е кога сум сама внатре. Не ми зборувај, пред секој преглед сум под стрес и одам со страв. И мене ми се ближи вториот скрининг и еве почнува да ме фаќа некој страв. А не сум таква личност воопшто, ама ете сега ми се случува.
Ги има такви, особено претпоставени, па и колеги. Секогаш имаат коментар за сè и за сите наместо да си гледаат за себе. Седи си дома, не се нервирај и уживај си