Баш прееска ми се појави пост некој на инста за урмите и вика треба последните 4 недели да јадеш 6 урми дневно за да го омекне грлото и да ја олесни/убрза првата фаза од пораѓајот Така да неколку урми да каснеш не значи дека ќе се отвориш одма и трк на пораѓај
Во 35+ недела 25мм ми измери Котларова. Јас одма се испаничив. Дека претходно имав 40мм. Ми рече нормално е да се крати влагаш у 9ти. Ама не ти е скратен уште за раѓање. Се си правам како и претходно.
Како ви мерат, абдоминално или вагинално? Страв ми е да им кажам да мерат вагинално тек 28ма недела сум да не ме буричкаат уште од сега...
Нема потреба ти да им кажеш да ти мерат, пошто они сигурно на секој преглед сами гледаат. Ти Можеш да прашаш колку ти е должината ако те интересира. Матичниот абдоменално мери кога го прашувам ми кажува колку е да има скратување посериозно се приметува и на абдоменално , ама вагинално е поточно и попрецизно. Нема што да те буричка тоа се гледа со вагинална сонда 2 секунди работа. Во Ремедика вагинално ми мерат.
Пробај со FrezyDerm ако немаш и со тоа пробано. Мене ми помогна, мада имав еден само, за 2 дена се среди
3 дена си ја барам кремата за хемороиди. Не очекував дека и при царски ќе искочат. И тоа сосем доле накај вагината. Таман помислив раат сум, куртулив барем од сечење таму. Фана, ќе те цитирав кога гледам арна си. По неспремен чоек од мене нема и нема ни да има. Нит прано, нит торба, нит кречено беше. Па здравје, се среди се.
Јас во 5ти и 6ти имав најмногу апетит и најмногу кг качив. И сега јадам ама тогаш претерано јадев по 5пати можеби. Сега како за 8ми и 9ти едно кг ослабев па пак го вратив, и само 2кг качив овие два месеци а очекував дека највеќе се качува тогаш ама кај секој различно.
Морам да се пожалам ,вечерва имам јака криза. Многу се осекам лоши шо го зборам ова ама стварно ми е смачено. Смачено ми е да пазам што јадам,што пијам, да имам киселини 24 /7,смачено ми е да не пушам, да не пијам апче коа имам потреба, да пазам на секој чекор. Извини бебе ама сакам да се родиш за да можам да откачам малце ,многу е ова пазење. Неам волја за ништо ,неам волја ни да се избањам Дали се осекате вака некогаш?
Ситно да, ама нека почека, сеуште немам идено на цтг и преглед кај докторката што ќе ме пораѓа. Дури за една недела сум за прв пат. Еве два месеца како јадам 5-6 пати дневно ама денеска ми се чини можам цело време нешто да грицкам.