Зошто да пазиш што јадеш? Јас пример си јадам се ама во ограничени количини. Ич не се потресувам на ова тема. Е само за благо не можам да ги ограничам количините последните недела две А за другото си во право, смачено ми е и мене, ама само помислам на бебчето кога ќе се роди и заборавам на секоја тешкотија Прибај малку позитива да внесеш, мене ми помага бебе шопинг или само онлине гледање производи за бебе
Дали некоја од вас се има породено природно или царски а бебето да е поставено во задна положба(како подолу на сликата) матичната ми кажа дека најверојатно ќе биде царски бидејќи ќе треба да се мачам спонтано инаку... Да напоменам 33+2 сум и со скратен цервикс 22.5
Како тенка? Што значи тоа? Дури за една недела сум јас, многу се плашам внатрешно што ме немаат видено, а огромен ми е стомакот, цела топка сум.
Истото и кај мене... докторов сакаше уште да терам и покрај контракциите, се додека не ме виде на ехо и кажа дека ептен ми е истенчено местото па договоривме царски за скоро Така да чим и кај тебе е така, рачунај 38ма најкасно ќе ти е царскиот.
Заради киселините маче...ауу страшни киселини имам. Не знаете што би дала сега да можам две цигари едно по друго да испушам... Али јебига
Срц тенка од ширењето на матката значи може да пукне, под и над резот е многу тенко за разлика од несеченото место на матката јас дури ја видов разликата. @The_Doctor така изгледа ќе е.
Јас сум испаничена, бев во Чаир и докторката на дежурство сакаше да ме задржи бидејќи не беше сигурна дали ми бил високо пукнат водењак демек време било да ме пораѓаат со провокација, бебе 3700 … Реков не останувам си чекам доктор од одмор. Рече да сум следела дали ќе се прави пак водест исцедок на веш и да сум одела за два три дена ако има индикација и тоа. Друго што бебево денес помалку го осеќав да не речам ич и стомак како намален, бев нешто повеќе од 3цм отворена со цервикс 1цм и плус вагинален исцедок кој индицирал дека можеби ќе излегува детево… Дали ќе заспијам вечер ќе видиме
А зошто се паничиш? Ако е водењак пукнат и почне пораѓајот, ќе имаш сигурно време да се спремаш и одиш на болница. Не излегуваат бебињата толку брзо за да немаме време за ништо. А ако добро памтам над 38ма недела си, значи во сосема сигурна зона. А зошто не остана по пепорака на докторката? Мислам посигурна ќе се осеќаш ако си таму.
Па она рече добро е да останам да ме породат со провокација, а јас си сакам да ме пораѓа Илиевски па ако не е задолжително не би останала. Се паничам бидејќи не добив конкретен одговор дали е или не е пукнат, ќе чекам овие ден два па ако видам дека има нешто пак ќе појдам. Дај боже да си дочекам понеделник да ми дојде докторот од одмор
Од минатата недела почнав да чувствувам менструални болки. Повремено, барем еднаш-два пати на ден. Ми пишува во извештајот ако ги имам и плус болки во грбот, итно да одам на доктор. Не ми се толку јаки, само непријатни како на почетокот кога ги имав. А многу сум смотана. Изгледа единствена сум што кога оди на преглед ништо не прашува. Докторката си калкулира, си гледа, на крај ќе ми рече добра си терај и ја ќе допрашам само, се е во ред така, и тука завршува муабетот. Ќе си рече оваа незаинтересирана и никаква, а всушност сум полна прашања и кога ќе влезам се губам скроз. Ќе си земам овој пат на лист хартија што сакам да прашам и ќе вежбам. Не за друго, ќе се породам и нема ни да знам
Tука со едни како лентички проверуваа дали влажноста на гаќите е од урина, колку и нас да ни се чини безбојно и неверојатно, или плодова.
36+5 бебе на 38 ма одговара. На 27ми пак преглед. @V.N. лузната на кожата и мене не ми се гледа. Лузната на матката (ова само со ехо се гледа) е тенка многу.