Како и да е, за два дена најкасно иди пак на контрола. Ако е пукнат високо 2 дена не е страшно полека да истекува плодова вода... во тој случај нема чекање докторот Дај боже да не е пукнат водењакот и да си истераш до понеделник. Сега не е време за паника, терминско бебе си е, а кога ќе реши да искача тогаш.
Јас осеќав баш од 8ми, али кога почнав појако да го осеќам си бев на преглед за да се види цервикс и контракции. повеќето ги осеќаме тие болки и се безопасни, али на следна контрола напомени го тоа, па може и цервикс да ти се мери.
Јас, ретко ама чувствувам.. утре ќе и кажам на матичната па ќе пишам што ќе ми каже... А дали некоја има палпитации/прескокнувања на срцето? Денес баш ме испаничија дека траеа малку подолго време, не можеше да ми се смири срцето веднаш туку после 10тина секунди...
Претпоставувам мируваш... И си примаш поголеми дози магнезиум и б6, утрогестан или слично. И јас во тој процес на мирување гимосеќав болките, па трае по неколку часа, плус осеќав и како притисок кај мочен меур...
Јас втор месец имам покачени леукоцити во урината Претходно правев и уринокултура, немам бактерија. Совет?
Мешиња сакам да ве прашам ако некоја има искуство уштњ од почетокот постелката ми е поставена пониско денес бев на конторла докторт рече дека уште ми е ниско поставена вика ама уште е рано може да се крене ми кажа дека не е планцетна превиа инаку сум 23 недела некоја со вакво искуство да ми препорачате што да правам за да се крене постелката
И јас имав еднаш ама уринокултурата беше чиста. И матичниот ми рече чим уринокултурата е чиста не си за терапија, да имаше нешто ќе покажеше. После повторив урина немав ништо.
И мене ми е ниско, немам совет што да се прави во овој случај, јас не правам ништо. Ми рекоа само дека е рано да се даде заклучок, ама дека ако не се крене ќе мора царски
Уринокултурата е поверодостојна анализа за постоење на уринарна инфекција. Прво дали имаш симптоми? Ако немаш... Најверојатно е грешка... Ќе однесеш друг пат урина и уринокултура во друга лабораторија, бидејќи многу зависи од условите во кои се чува примерокот и колку време е потребно да се обработи.
Дали е можно да во рок од час и пол бев да мочам 6 пати? 6 ПАТИ? ке се скренам готово,ке завршам у лудница
Денес бев кај анестезиолог. И инсистира на спинална, само чека да виде резултати од магнет на кичмата. Доколку е возможно, погоре ќе ја ставеле. Гинекологот, пак, си кажа целосна, ама според анестезиологот, спинална, доколку има услови. Па ме праша јас каква сакам. Реков они да одлучат. Јас стварно не знам која е подобра и побезбедна. Јас сум преплашена од анестезијата. Инаку ЦТГ супер, а имав болки пак. Лажни. И вагинално ме прегледаа, се е во ред. Инаку @fana мене матичниот ми објасни дека поради царскиот, имам поголеми болки и дека матката се спрема. Спалната исчистена, прозорци избришав, утре креветчето да го исперам, среда и четврток алиштата. Фалат ситници, како козметика за бебе, ноктарица. Друго, се си имам.
Тие лажни болки колку време траат? Еве три вечери по ред по два саати сум со болки, контракции а и бебето се влече нагоре. Преку ден ништо. Дали е ова нормално или да се јавам на доктор? Имам уште 8 дена до терминот.
@JuLleE според анестезиолозите спиналната е подобра. За првото барав со целосна да сум, се плашев да сум разбудена и да следам се, ама категорично ме одби анестезиологот. И опоравувањето е побрзо со спинална, ама секако ако има услови. Ќе прават магнет па ќе одлучат?
Јуле, а зошто вика гинекологот целосна? Инаку јас мислам за анестезии, анестезиологот има предност, супер ќе ти е со спинална, ќе чекаш да почнат, уствари ќе го слушнеш бебето кај плаче, е толку е брзо
Не, имам стар магнет. Само сакат да видат каде точно, на кои пршлени е хернијата. Ако има услови, спинална ќе е.