Заради кичмата, со дискус хернија сум, па ради безбедност, он оди на сигурно. Јас се плашам од целосна. Ако веруваш дека не спијам. Да, последниот збор го има анестезиологот.
И целосната е екстра безбедна, не дека не е, ама јас би одела со спинална ако се нафаќа анестезиологот, не само за побезбедно туку и бебето да си го слушнеш
Магистерска тема ми беше за лекарска грешка во компаративното право. Не сакаш да знаеш каде најмногу ги има. Будала сум, знам, ама еве оваа недела само на тоа мислам. А бебе ме чека. Се надевам ќе биде возможна спиналната, барем да осетам дел од пораѓајот овој пат.
Zdravoo mamicki, dali nekoja se ima sooceno vo 2 tromesecie so bolki vo grloto? So pievte dali treba da se bara pomos od ginek. Ili opst lekar?
Во трето тромесечие ме болеа крајници. Преглед од општ лекар и понуди антибиотик, а геникологот го одобри.
Утро мајки убави! Не дека некој ме бараше, ама јас да се јавам. Од одмор, претпоследен ден, ама фактички последен е. Среда само си одиме, не седиме. Не знам зошто цел одмор ме пратат некои црни мисли, одиме по пат и ми иде на мисла да не ни се деси нешто, спиеме ноќе и ми е на мисла да не ни провали некој да не ограби, синоќа ми дојде некој мирис ко ба пеглано, ко топло, леле готово се запаливме... и се така, не знам зошто, не е дека нешто се десило... Со синко немав вакви мисли. Грчка иначе е одлична за трудни, блиски плажи, рамно, супер е, е сеа мене што не ми е при срце, што Албанија ми е подрага, тоа е, само маани наоѓам. Битно утре ќе одам кај мајка, и на тоа страшно се радувам, а пред месец дена бев, ама ете, ќеф ми е да одам. Сакам да ве прашам, Памперс Премиум Кер која цена се? Дали се исплати да земам од овде или да не се будалам, овде се на акција 8е. Друго прашање ми е што е прерано уште ама ајде, тоа ќе речеш због заради акцијава ќе замижам. Ако знаете цена пишете ми да имам претстава, дали да мкнам од овде и уште волку рано, или да си земам од Скопје коа ќе треба. Воглавно тоа е тоа, ве исчитав се, многу убави муабети сте свртеле, ама сум пропуштила гоооолем дел, па нема смисла да се убацам ко џокер у покер. Се надевам некоја ќе прочита за памперсот да ми реши дилема.
Гледам кај тебе исто бебето го водат понапред како кај мене, со килажа како е? Мојот уште од почеток на бременост е напред 7-10 дена и еве го сега машала големкичок
Исто и јас така бев викендов, по 2-3 саати ми траеа болките, веројатно лажни контракции, но после се смируваат. Бев јас вчера на цтг и докторката ми кажа дека тоа е нормално, се спрема телото за вистинските. А тие кога ќе дојдат, нема да престанат после 2-3 саати туку ќе продолжат Со лесно, инаку и јас сум 8 дена до термин
Ме интересира дали некој има искуство со метформин таблетите дали се штетни во бременоста.. Јас сум 26та недела и уште ги пијам ендокринологот не ми ги прекина јас ги пиев пола година пред да останам бремена и кога останав не ми ги прекина правев гликоза толеранција во 12 недела беше малку покачен и ми ги продолжи и пред 2 недели правев пак пак беше малку покачен и не ми ги прекина.. Пијам 3×500mg ама овие денови се изначитав коментари демек биле штетни за плодот
Девојчиња, нели во дилема бевме за куси долги ракави... На Гак исклучиво во долги ги облакаат, и го изнесував бебка во долги. Толку се спремав за изнесувањето, мислам кебенце и шпикозни имав исти купени, органски памук, неутрален дезен, за на крај да му се 2 броја скоро поголеми, маж да земе друго кебенце и да дојде без чорапчиња за бебе..... Муабетот ми е, ноќе облакам долги, без долно боди, покривам тенко ноќта. Дење сме веќе по кус ракав боди и пелена. Толку. Се осеќам единствена бре од другава страна хаха.
Издржи уште малце кај и да е вајда ќе ти се придружиме Јас ја спремив со фустан и кратки чорапи. Нема вајда да ми ја задржат во болница ако не е у скафандер
Ајде малце денов со паника да го почнеме Ноќеска многу се вртев во спиење и сабајлево куковиве баш ме болат. Вие што сте при крај чуствувате ли болка во кукови. Маката ми е што вака некако ме болеа пред 2 месеци кога имав ковид и сеа сум цела во филм дека пак имам и ме фаќа нервоза
Срц каков ковид жити се од бебето е тоа. Јас вчера и парацетамол се напив за колковите половината... не знам што се ме болеше веќе