Абе филм, од дома немам мрднато само во саботата бев во 3 продавници да докупам нешто и тоа со маска со се и готово пак сум закачила
Не е корона немаш гајле пусти страв и јас сум цело време со топломерот во рака хахахахаха маж ми ќе ми го фрли , до сега не прележав се надевам нема сега при крај таа беља да ме спопадне , да изгурам уште два дена на работа и полесно ќе се диши
Јас па пред 2 нед у кратки го извадив, никој ништо не ми рече. Имав спремено и долги ама не му ги облеков, а во болница ги облакаа во долги шпикозни.
Немора да значи дека е уринарна инфекција тоа... Тоа си притиска плодот. Има едни добри на Synergy Volurine, коа ќе осетам некоја нелагодност си земам по 1 на 12часа. Тоа е Д-Маноза и е ок во бременост, посебно ако е некоја Ешерихија. Али исто било и кај мене, на урина се појавувале Леукоцити, бактерии а уринокултури чисти. Тоа е она што е побитно.
Коа недела си? Јас во последните 8-9 дена два пати ме фаќа бешиката ли што е незнам ама ептен нелагодно исто без печење а не баш нешто често да идев у вц. И со брусница одма подобро е. Дури првиот пат на цтг ме ставиа незнаев што е точно. 31+3 сум јас
Лелеее што е со долгиве на сред лето, ја овде не можев да се изначудам колку беше пренаоблечено бебе на клиника. Боди, џемперче и плишани шпикозни на прерамки. На се тоа плус умотано во пешкир и покриено со јорганче. Баш тие денови беше многу топло, а клими овде нема. Цркнувачка. Се топевме. Сафра ме фаќаше само што го гледав, а 2 дена не можев од кревет да станам. Јас ќе му тргнев пешкирот и јорганчето, сестра ќе поминеше ќе го натунташе пак. И така се додека не качи тт, па им текна дека е топло и му го извадија бодито. На прво станување си го растеретив во лесно и одма се скроти и нанаше подобро. А цимерката башка за спиење му облакаше плус плетени чорапи и плетено капче. Ајде девојчиња до кај сте? Не ме гледајте мене, ја истерав 2 недели над термин бебе во стомак ми порасна раѓајте пред термин не се издржува иначе.
Јас си спремив боди по кратки и доле долги памучни меки тенки за вадење од болница, и тенка тетра пелена. Не планирам да го пренаоблакам бебето. Ќе си спие по боди по некои тенки шпикозни и толку. Во Чаир знам пред 6 год. ги облкаа во едни подебелки шпикозни у Август, сеа како е, незнам
Јас имав од НББ во првата бременост и вака е удобен ок, ама мене ми беше малтретажа тоа откопчи закапочи, поедноставно ми беше да кренам и да спуштам градник. Така сега си земав еден најобичен памучен градник, без фижбани, корпи и слично и да видам со тој како ќе иде дали да земам уште некој
Абе мајки шо ве гледам чудни .... Да имале во кратки по болниците ќе.им ставеле. Нели сте слушнале за случаи каде пациенти терапијата за инфузија си ја купуваат од аптека овие само им ја ставаат Тие кутрите само по долги имаат па затоа така ги облекуваат бебињата Не е смешно, да
Мене мајка ми ми купи за тој краткиот период додека доев, не знам која цена ама нешто не го користев многу. Попрактично ми беше спортскиот градник да го носам некако
И јас спремив за излегување од болница, по кратки. Како шпикозна/ромпер ама по кратки ракави и со кратки ногавици, чорапчиња тенки и едно како претенко памучно ќебенце, малку подебело од тетра. Во Чаир планирам да се породам, не знам како ги облакаат летниве бебиња. Првото ми беше сред зима, и тогаш сите беа повиени старовремски. Сега за јули/август не знам како им е редот....
Јас мојата од Литература ја земав, но ја имам видено и во Веро Џамбо маркетот, а и Литература имаат сега штанд таму.
Здраво девојки 21+0 сум и се разболев.. Почна грло да ме боли,носот ми се затна бев кај матичната ме прегледа црвено грло и одма даде кс да се направи .. Покачени гранулоцити и црп 24.7 беше,ми кажа да се консултирам со гинекологот според неа кој антибиотик би било најбезбедно да се даде.. Да напоменам и со хроничен синузитис сум... Дали некоја се сретнала со ваков проблем? Фала ви однапред поздрав *Она ми даде пантенол да шмукам и Марисол спреј за понатамошен третман рече ќе се консултираш со гинекологот.
@Eli23 за некој ден ти се придржувам, бројам денови јас, ептен е ситно @V.N. каков ковид, истата сум, вчера имав болки, мислев готово е, сега се будам, вкочанета, не знам што попрво ме боли. Инаку овде почнува топлотен бран, јас се пораѓам за некој ден. Овде во болница е климатизирано и може и ладно да ти стане. Немам ни капа земено, не се дише, какви долги. Ќе сликам до после во што ќе ја вадам, на маж ќе му запишам да не утне оти претходно кога бев во болница, синко во пижами на посета го донесе.
Од стружанка немам. Ама купив еден од сара фешн каков е не знам вака арен ми изгледа. Јас го земав 550ден.
Така де И мојата ќе е во фустан на кратки и чорапчиња земав. Они ги облакаат во тоа што имаат. Сигурно немаат посебни плакари по сезони. Затоа нас фустаните спремни нека ни стојат