А зашто и алиштата на бебе не ги ставиш со тебе во торба? Намести ги некако да не се гужваат. Јас така планирам, и за мене од излегување што ќе носам, се ќе ставам во торба, маж ми само транспортер да донесе, зашто цел ќе се збуни, паника ќе го фати којзнае што ќе заборави, плус ќе сакам и ќере да ја земе со него па да му олеснам. Со ќере кога не земаше, заборави обувки да ми донесе.. си дојдов со влечките од болница 7ми месец сум,од 5ти со болки сум во кукови ,препони..кај не боли е прашањето Кога имам ептен болки пијам парацетамол, издржувам гледам да не пијам често.
Таа опција и од болница ми ја кажаа, кога прашав што ми треба за таму. Најпаметно ќе ми е ова, да си ги земам со себе, оти кој знае што ќе донесе
И ние ја зедовме на Maxi Cosi Lila, некако во споредба со другите ми се гледаше најквалитетна, цврста и стабилна… другото се некако лито ми беше, па ќе видиме
Мојава матична само што ме испаничи така јако ,сериозно размислувам да си одам од кај неа. И кажувам дека имам јаки киселини и си пиев до сега сода на Алкалоид....леле коа ми се пушти...па ти не си кажала дека пиеш ,па тоа е штетно и ја и викам добро и сега? Шо може да биде со бебе ..сега ми вика ништо здрави и живи да сме ке чекаме и ке видиме....де луѓе КАКОВ Е ОВОЈ МУАБЕТ ОД ДОКТОР? КАКОВ?
Со нашиве мажи ова е најпаметно. Ич да не му се мислиме да не заборавиле нешто. Ко од Ели мажот,чорапчиња што заборавил
Золвами ја има оваа количка и е презадоволна многу е лесна и за склопување многу убава амортизација има а и многу е практична за секоја сезона.. здравје и јас сакам да си купам иста но во бејбихом ја има само црна а црната не ми се допаѓа инаку ги споредував исти се само што оваа е екокожа
Страшно, абе не се сите за доктори. Бог да чува. Така со првото ме испаничи матичната, место работа е да те смири па макар и да соопштувала навистина лоши вести. А ова е плус плашење без причина. Големо чудо сода ди пиела, да неутрализира киселина во желудник. Е што може да се деси бре? Таа очигледно не ги разбира работиве или од што е напета од работа глеа да се истури негде. По муабетов ми личи ова на една докторка али ај....
Јас се убив во сода пиење, каква што сум стигнала таква сум пиела а познавам и многу трудници што пиеле па ништо не им е на бебињата.
Дали некоја од вас пие капсули Ферона,ја прашав матичната не ги знае,Димчев од Систина исто не ги знае,немаат некое упатство,а и на интернет нема ништо да се прочита за нив,некако ми се сомнителни,јас испив едно кутиче,купив уште едно ама некако ми е страв да ги пијам.Демек позитивно делуваат на цервикс да не се крати,во Ремедика ги препорачувале.
Да, само црна имаат. Но работат со нарчки. Таа што е на сликата што ја прикачив ја немаат ни во понуда, но ми кажаа дека може да ја нарачаат. Се чека до 12 недели за испорака.
Леле фала ви жени ,да не сте вие ке збудалам најозбилно. Еве сега земав од аптека сода без алуминиум , али не ја ни прашав матичната од страв...се мислам воопшто дал да ја пијам или да ја вратам...
54000 ден за количка нели е претерано,кола ке купиш за тие пари,јас не би дала толку пари,можда грешам