Ги изначитав по српски форуми само таму се познати под името aleract и буквално на секоја трудница со скратен цервикс и се препорачани, тука се сеуште нови и ја прашував не ги знаат а сум на мисла да ги земам
Дали често одење во тоалет ама не за мокрење е знак на почнат процес на породување, лелеле свашта читам по интернет ќе се шекнам дур се породам
Женски, гинекологот го виде резултатот од торч анализата. Ми се јавува сестрата и вели дека за рубеола антителата од вакцината ми се скоро и непостоечки, исчезнале, немам имунитет. Викам дека имам прележано. Вели ако, од вакцина скоро и да немаш, сепак припази од деца, градинки, и така. А рече засега немало нешто ширење многу ама да се пазам секако. Има место за страв, за опсесивно чување, каква е ситуација во градинки?
Последниве 2-3 месеци имам постојана дијареа,прво беше по еднаш-два пати а сега послефниве недела-две буквално на секое одење имам скроз течна столица.Земав упат за копрокултура,матичната ми вика од лекои дека е,или од мг или од тие за железо.Да пијам електролити ми рече ама не рече кои.Сите ли електролити се дозволени во бременост?И пробиотик кој е добар?
Жени како сте денес? Станува неподносливо топло, како ке издржиме цело лето еден господ знае... Сабајлево кога станав после половина саат имав пообилен исцедок, ама осетив онака како ми истече, се направи како круг на гаките.. Не дека немам исцедок или нешто ама онака пообилно го осетив, ставам и утрогестан навечер пред спиење, некогаш насабајле и од него ми истекува ама ова баш го осетив... Бев на ГАК пред 3-4 недели мислев дека е плодова вода, се беше супер. Вие како сте по ова прашање, дали имате зголемен исцедок периодов и дали баш онака имате осетено кога ке ви истече? Да не одам на ГАК пак...
Ако не сум грешка, ти повеќе одмараш и имаш сигурно појачана доза на магнезиум, така? Јас со првото кога лежев последните два месеци пиев магнезиум 3 пати на ден, исто имав цело време течна столица со таа доза мг, и ми кажаа дека е од тоа ... само не ми иде на памет што ми дадоа за да регулирам...
Јас уште од кога дознав дека сум бремена, користам дневни влошки. Цело време сум како помочана. Не ми спомнале до сега ништо. Некои денови имам повеќе, некои помалце. Се помирив.
И јас сум со зголемен исцедок. Баш како што викаш круг на гаќите. Цело време менувам гаќи. Крај на месец сум на контрола. И претходно имав, а последен пат кога бев на контрола рече докторот дека плодова вода има доволно . Така да ,ваљда нормално
И јас постојано носам дневни влошки. Пишав и тука после брисевите имав кафеав исцедок 2 дена по малку покажа, брисеви чисти матичниот ми даде вагинални вагисан сеуште ги користам уште 2 имам и влошката ми е сува овие денови. @macalavica исто течна столица а сеуште сум рана бременост 13+2 мене матичниот ми даде ваја пробиотик пијам 1 на ден а може и 2. Подобрено е да не кажам нормално. Мене ми е од метформинот уште од кога ги примам од 17 год поради хиперинсулинемијата.
Туку имате ли нарачувано од Muppet kids на фејсбук? Многу сум скептична за онлајн купување. Штета немаат продавница. Навистина имаат преслатки облеки и играчки. Особено тие со животни, сакам да испокупувам. Ќе ме мрази бебуш кога ќе порасне и ќе се гледа на слики, ама тоа е
Лично не ама сум читала дека не се многу квалитетни. Ако ти се за слики добро, вака ми делуваат и мене како да не се 100% памук.
Јас порачав шпикозни, комплетче и тренерчиња. Првите две се памук, тенки ко за пролет/есен, пријатен материјал. Тренерките се предебели, не верувам ни во зима да ги ставам на бебе, некој чуден материјал. Веројатно како ќе ти се погодат. Инаку според етикетите од Турција се.